Сите сме запознаени со светското првенство,кое ќе се одржува во Катар.Започнува на 15ти јан. Ние сме во Б-групата заедно со Хрватска,БиХ,Тунис,Австрија и Иран.Почнуваме со Тунис на 16ти. Девојки,момци дали ќе го гледате првенствово? За кого ќе навивате,кој е вашиот фаворит? Јас секако ќе навивам за МКД. Со тато пуканки ќе правиме тој пивце, јас сокче и така. Едвај чекам. Притоа во темава ќе коментираме и за други натпревари, во кои не игра МКД, секако.
Еве ја официјалната химна. Убава замисла, по еден пеач од секоја земја која учествува пее. Кајмакот од кај нас
1. коло, двојки: Група А 15.01.2015 Катар-Иран (18:30 ч.) 16.01.2015 Шпанија-Белорусија (15:00 ч.) 16.01.2015 Словенија-Чиле (15:00 ч.) Група Б 16.01.2015 Босна и Херцеговина-Иран (13:00 ч.) 16.01.2015 Македонија-Тунис (15:00 ч.) 16.01.2015 Хрватска-Австрија (17:00 ч.) Група Ц 16.01.2015 Алжир-Египет (17:00 ч.) 16.01.2015 Франција-Чешка (19:00 ч.) 16.01.2015 Шведска-Исланд (19:00 ч.) Група Д 16.01.2015 Русија-Саудиска Арабија (13:00 ч.) 16.01.2015 Полска-Германија (17:00 ч.) 16.01.2015 Данска-Аргентина (19:00 ч.)
Добро е, кризава беше кратка. Супер е што ќе го почнеме второто со 4 гола предност. Време е да им се одмаздиме за поразот на минатото светско
Bravo, me iznenadija, ocekuvav tesno da e. Im vrativme i toa so kamata Utre so Iran se nadevam isto kje bide
33:25 за МКД јајаја ќефлија си сум. Браво! Манасков 6/6, секоја чест играч на натпераварот. Утре со Иран, така ? Во колку саат?
Искрено очекував многу подобра игра од Тунис, но секоја чест за нашите одамна немаат изиграно толку добар натпревар и победата повеќе од заслужена им е денеска. За Манасков само пофалби и заслужено. Брво Очекувам да го видам Вугринец на терен утре
Ej женски дали го гледавте Босна-Иран натпреварот? Како ви се чинеше играта на Иран, добри беа? Рекоа дека не се давале толку лесно. А бога ми ни австриците. Мора да ги тепаме Австрија и Иран, па и БиХ. Ама Хрватска малку потешко ќе биде, не велам дека нема да ја победиме, но ќе биде тежок натпреварот. Се надеваме дека ќе влезиме во првите 12миина.