Ме радува тоа што и кога не сме баш добри победуваме, тоа е одлика на јака и искусна екипа. Ја мислам сега немора со Хрватска да се форсираме затоа што тешко дека ќе ја победиме. Поарно да се одморат и да се чуваат за Австрија, наместо да се преморат па и со Австрија да изгубат.
Ги гледав и трите натпревари, супер сме сега за сега, и онака подобро не може. Направивме се’ што е во наша моќ. Е сега Хрватска што го растури Иран тоа друга приказна. Добра ни е играта, просечна, не ни беа и толку многу тешки противниците. Ама со Хрватска слабо некако. Не ми се верува да победиме, ептен добро играат. Инаку со Босна натпреварот на крајот и на пеналите со мандарини на очите гледав. Е сега, да стискаме палци за во среда, ќе го најдам и знаменцето дури.
Започна натпреварот Македонија - Хрватска!!! Македонци цела позитивна енергија да ја насочиме кон Катар - НАПРЕД НАШИ !!! Само храбро!!! И појакиот противник нека не Ви биде пречка !!! Вие сте генерација која заслужува да се закити со медал од Светско првенство !!! Јас почнав да навивам МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА ...
Јак тим се Хрватите,ама нашите одлично се покажаа.Кои стратегии ги вртат Лазаров,Манасков и Миркуловски,епа стварно алал да им е. Поседуваме навистина одлични ракометари,единствено Ристовски ме нервира.Се перчи ненормално,а брани просечно.Овој хрватскиот голман парче го напраи,колку нас не зафркна Ристовски,толку тој ги спаси Хрватите. Сега со Австрија се надевам ќе победиме.
Епа Обрван требаше да го стави Ангелов малку, можеби ќе фатеше нешто. Секако овој во второво ништо не фати, мечка да му фрлеа и неа немаше да ја фати А и Кире не е баш во форма последниве утакмици.
Aбе Кире и вон форма е шеснаЈсе класи погоре од брата му кој од нејасни причини денес беше уфрлен во игра во клучни моменти.
Тоа и очекував. Ајде ништо. За џабе толку се нервирав, а и перницата парче ја направив. Више срече други пут... Спојлер: Кхм СУДИИ ПЕ*ДЕРИ! ГЛУПИ ЕДНИ, ПЕТ СААТА ГО ТРААТ НАПАДОТ НА ХРВАТИВЕ, А НАШИВЕ МАААЛКУ ЌЕ СЕ БУТНАТ ОДМА ОДЗЕМЕНА ТОПКА. КУКАВИЦИ НИЕДНИ!
Искрено,мразам кога форсираат некои играчи,ете како Лазаров.Мојсевски и Манасков ми имаат далеку подобар шут и во принцип,подобра игра. Така и за кошарката го форсираа Перо Антич,а мене ко труп ми беше
Абе, ако има првенство на кое не можеме класично да се пожалиме од судиите, тоа е ова... Супер си ја вршат работата, пропусти секогаш ќе има и тие се дел од играта... Ако така гледаме, против Иран судиите се отепаа од судење во наша полза, дури и смешно беше. xD
Абе што беше оваа со судијата? Што пцуење му тупив. Иначе нема врска тоа што не победија Хрватите. Сепак, тие се помеѓу најдобрите во ракомет. Ако не победеме кога ќе играеме пак, пак ќе бидеме во првите 3 од групата.
Жал ми е што негледав денес, бев на школо. Притоа иако имавме последен празен(таман за 2 полувреме) , мораве да седиме уште еден час. Жал ми е и што изгиубија. 5ти и 6ти час беше. На оние од последна клупа. ЕЕј,еје еј до кај се бе брат? Кој губи? Колку е ? Дури и по пат беше тоа. Се надевам следен натпревар нема да пропуштам.
Словенија - Бразил не знаете дали ќе ја пуштаат снимка на МТВ? Можат утакмици да репризираат наместо серии по сто пати. Нема изгледа, м? Глупа телевизија.
Мислам оти треба да има пренос од сите утакмици, така ќе можеме подобро да ги запознаеме репрезентациите и да видиме кој колку е спремен. Инаку вчерашниот дуел со Хрватска ми беше повозбудлив од сите три предходни натпревари. Иако не ни зависеше ништо од натпреварот нај многу ја посакував оваа победа, не за друго туку оти хрватите ептен се уфилмани дека се светски шампиони. Ај ќе ги видиме со Русија и Германија, а ние идемо даље за исте паре. Како и да е добо играат нашите овој пат, Браво!!!