Малер луѓе,прав малер сме! Од 3 шута сите да ги погодиш во статива,штета,навистина штета.. А и словенскиот голман растури,колку капијата беше,еден куп топки одбрани,за разлика од Ангелов што е бетер и од Ристовски. Одлични бевме,мислам дека имавме шанса да стигнеме во четврт финалето ама ете,заради мали детали не бидна...
И дека не им беше интересно, а и дека ние кога играевме пред тоа против нив, кога изгубивме, тие така ни направија. Памти, па врати. Како и да е, ќе се сетиме на песната од Тоше.. и во радост и во солзи, ние ќе те подриме!
Арно си кажа Манасков: "Среќата треба да се заслужи!" А,не да се тешиме со тоа дека немавме среќа.Одбраната 0! Многу промашувања ,баш кога беше најпотребен гол.Некои од играчите кои порано играа одлично,сега катастрофа-Мојсовски,Миркуловски(по 1 гол) а се играше за чекор понатаму....Браво за Гоце! Многу од играчите си ги зедоа за друштво,да си направат шопинг....Како и да е,како што рече Кире-"Да живее Македонија!"
Е што не е фер онаа стативата ќе ја искршам! Барем да беше 30:30 и после како се игра 2 по 10,така? Ух баш ја сакав оваа победа.
За жал толку. Жал ми е што не играа како што треба, ама никој (освен Гоце) не играа онака како што знаат. Прибак- Толку промашувања верувам дека немал никогаш во кариерата во ниту една утакмица Миркуловски- за жал многу порано заврши со натпреварот Гоце Георгиевски-Секоја чест, можеби да не беше тој, многу поголем пораз ке доживеевме. Мојсовски, Лазаров, Стоилов,Манасков не играа ни приближно како што можат и знаат. Толку промашени прнали, зицери, сите шанси ги прокоцкаа, а можеа да победат. Искрено Филип Л изгледа се шлепа само покрај Кире, игра 0. Зошто Обрван го смени Кире да не ги шутира сите пенали, немораше да значи дека ако еден промашил, ке ги промашеше и останатите. Голманите,дали беа ненаспиени или пијани не знам, ама толку примени голови, по 3-4 одбрани, епа срамота е. Сепак, не сакам да плукам и да фрлам камења по нашата репрезентација.Поразот е заеднички,можеби и немаа среќа, како и да е никој неможе секогаш да биде совршен во играта. Ако потфрлиле еднаш не значи дека не ги бива. На утакмицата со Австрија, Петар Ангелов беше феноменален, Ристовски добро се покажа останатите натпревари.Исто така и сите играчи во претходните натпревари беа одлични, па така само ке кажам одличен успех е и ова, им благодарам за добрите натпревари. Овој натпревар го изгубија, ама и ова што го постигнаа е успех.
Толку од нашите за годинава, јас сепак се гордеам со нив, Словенија била Великан во ракометот исто важи и за Хрватска. Дадоа се од себе Лазаров, Стојанче, Миркуловски и Манасков и Жути(особено) се за повалба, легенди се и ептен се фрлаа(бореа) за Мaкедонија! Сепак ќе ми останат во срце <3 4 победи од 6 меча па богами не е малку, тие созададоа според мене инспирација за младите да се заинтересираат во ракомет и дека може многу да се постигне но и среќата треба да не служи, овој пат не не сакаше к'сметот ама и ова е доста добро јас сум и многу задоволна а како што гледам и повеќето од навивачите иако тешко ми падна не сум разочарана од нашиве <3 Легенди се <3 P.S А нешто кажа коментаторот ова е толку за таа генерација, за кои репрезантивци се мисли ако може поубаво да ми кажете?
Мене ми е криво затоа што не беше Словенија ништо посебно, штом на толку промашени пенали, стативи, подпросечни голмани(кои 2 пати имале добра партија до сега со слаби екипи) само со 2 разлика не тепаа. И нивниот голман не беше ништо посебно 11 одбрани наспроти наши 7, ама беа во клучни моменти и доволни за да се разниша самодовербата на играчите и да почнат во него или стативи да гаѓаат. Денес едноставно ништо не одеше како што треба, беа безпотребно нервозни мислам, и среќа па и немавме Туку друго, време е да се подмлади екипата оти многумина се ем над 32, ем не се за во репрезентација реално. Со време тоа треба за да не исчезнеме некое време. Макар што незнам дали ќе се повтори ваква генерација. Ја би ги оставила Стоилов, Кире, Манасков, Ѓорѓиевски, Миркуловски, Никола Марковски, Недановски, Прибак.. Другите бај, бај веќе. Е голман кај ќе најдеме тоа не знам Слабо голманите во Мк
Не ја гледав целата утакмица, ама од тоа што го видов, сВе беше статива. СТАТИВИ, СТАТИВИ EVERYWHERE. Денес интересна беше утакмицата, а? Не се читаа весници. Добро е и што до овде стасаа.
Тоа е....играта ни беше мн слаба. Да игравме како што знаеме имавме голема шанса за победа ама тоа. И 9то емсто е подобро од претходното светско каде бевме 11ти. Нема да плукам бидејќи тие момци ги славевме, сега кога изгубија пак ќе сум за нив. Кире апсолутно цело првенство беше OUT а не пак топките што ги фрлаше.
Мене не ми е јасно како наеднаш катарците излегоа веле сила во ракомет, а бе ај.... Сакам Шпанија да победи.
Утре е полуфиналето Катар и Полска, Франција и Шпанија? Така се? Леле значи колку ми е само жал за Данска, многу неубо ми падна. Многу се бореа и тежок натпревар беше. Се надевам дека ќе го фатам полуфиналето. Се знаат термини?