Штотуку заврши ждрепката, и групите изгледаат вака: ГРУПА А Бразил Хрватска Мексико Камерун ГРУПА Б Шпанија Холандија Чиле Австралија ГРУПА Ц Колумбија Грција Брегот на Слоновата коска Јапонија ГРУПА Д Уругвај Костарика Англија Италија ГРУПА Е Швајцарија Еквадор Франција Хондурас ГРУПА Ф Аргентина Босна и Херцеговина Иран Нигерија ГРУПА Г Германија Португалија Гана УСА ГРУПА Х Белгија Алжир Русија Кореја Ваши фаворити, претпоставки за победник. Се надевам дека и анкета ќе се направи до следната година. Најинтересни натпревари според мене: Германија - Португалија, Бразил - Хрватска натпревар со кој се ќе се отвори светското, Аргентина - БиХ. Каква група им се падна на поранешните југословенски републики. На јужниве полесна група - здравје, до толку ли во гз се направени, невидена работа!
Група Д е спред мене најпримамлива, Уругвај не знам во каква кондиција се, но нема да им бидат лесни противници на Италија и Англија во секој случај. Според мене Бразил-Хрватска нема да биде некој страшна уткмица, ако игра Нејмар, мислам дека немаат многу шанси Хрватите но ќе видиме, не знам ич што мустри играат кај Хрвативе, може да ме изненадат. Како и секогаш навивам за Италија, па за Бразил, тој дандем го типувам откако знам за себе, иаку ни едните ни дурите не се во своите најдобри години репрезентативно. Тешко дека ќе имам време да ги гледам летово, но ќе ѕиркам резултати редовно. Се се, само циганине да не освојат титула, тоа ми е желба, доста им беше веќе. Дефинитивно најголемо изненадување ми се БиХ, нека им е среќно. Ете и Босанците ќе вкусат светско, веќе ни термиот босански дрворед не важи, македонски е поточен. Како беше првите две од група идеа понатака така?
Заборавив да пишам погоре, мои фаворите се Шпанија, Бразил и Италија. И кога точно почнува првенствово? Во кој град ќе биде отварањето, во Рио?
Јас за Бразил сум стандард а овие сличињата за албумот,секогаш си ги берам..кога излегува албумот за светското во Бразил 2014?
Јас сум за Бразил и Германија. Повеќе за Бразил. Иначе има некој сликички да се мењаме? Или тема дали има тука таква?
Песничево топ, само онаа Џенка Лопез ме нервира многу со гласчено http://www.youtube.com/watch?v=TGtWWb9emYI
Германија Лесна група имаат и би требало барем до полуфинале да стигнат , само од Шпанија и Бразил се плашам да не испаднат рано во елиминациите
Јас немам фаворит моментално, кога гледам Светско не гледам затоа што имам некоја земја фаворит и сакам да победи, туку гледам затоа што ми е интересно,атмосверата, возбудата, затоа што сакам фудбал,дружењето...целото искуство. Претежно сум за оној што се смета the underdog па ќе видиме
Не е лоша песнава,прв пат денеска ја слушнав,но мислам многу далеку е од мојата АLL time FAVORITE Copa De La Vida Да си кажам за фаворити,верен обожавател сум на ИТАЛИЈА,после Италија навивам и за Аргентина и се разбира крв Балканска вода не станува Хрватска и БиХ
Не дека премногу си разбирам,ама секогаш си следам и ниедна утакмица не пропуштам. Како и секогаш,БРАЗИЛ ми е фаворит,тоа не се менува
Американци за светското Батињата со дресовите од Реал топ хахахахахах и тој црнецот https://www.youtube.com/watch?v=NsNlOFXE_xE
Не е Vida од Ricky Martin официјалната химна? Сто пати е поубава од оваа на Џеј-Ло и Питбул! https://www.youtube.com/watch?v=a3I7wBck0e4 Инаку луѓе, уште само седум денови! Ненормално се радувам, последниот ден и count down ќе си правам! Шпанија и Бразил во срце! Малку информации за првиот меч на 12. јуни: -утакмицата ќе почне во 17:00 според локално време -играат Бразил против Хрватска -отварањето е во Сао Паоло и еве слика од стадионот (има капацитет од 68.000 гледачи):
Супер, ко да не се еден куп повредени и надвор од форма, требаше уште и Ројс да се повреди Таман во групната фаза уште 2-3 да се повредат и нека си играат во инвалидски колички Не го гледам светсково!
Премногу амбициозно настапи Бразилскот тим ,но ете сега ке можат да се вадат на повредените играчи за нивниот неуспех . Шпанија и Италија