братче извини вака ама наместо ти да си џентлмен во олку жени ти ни правиш муабет како да сме најнискоинтелегентни суштества .. со жени не се постапува така и дефинитивно добиваш црвен картон.. и извини ама по муабетиве штО ги тепаш не си ни за фудбал ни за жени .. Пс.. фаворит ми е и од секогаш ми била Германија , најдобра игра имаа од сите досега
И ако Костарика утре (денес фактички) изгуби од Италија. Не може еден натпревар да биде КРАЈНО досаден како што ти „типуваше“ нели, колку да излезеш поразличен, во услови кога ситуацијата во групата е неизвесна, а две звучни имиња даваат сè од себе. Холандија далеку од тоа дека е јака, спремна и доминантна како што ја доживувате повеќето, само знаат да ги искористат шансите, не гледам што ве изненади натпреварот со Австралија.
Колку предрасудно мислење. Јас како женско кога сум разговарала со повеќе машки за фудбал, излегле тапа. Врска си немаат, колку да се најдат во муабет, тресат зелени. Иначе имам другари кои се разбираат во фудбал и се поврзано околу него, па заедно си разговараме на еднакво ниво, и многу работи ги знам. Дури и кога прават ливчиња, знаат да ми се јават за консултација.
Среќа не ставам ливче оти ништо нема да фатам .... срање тешко , Колумбија добро е , барем јужноамериканските земји не ме изневериле до сега. Англија мислиш ќе ја фатиш и Џерард вика чек да асистирам на другарчето од Ливерпул , заборавил изгледа дека не се од ист тим.... Јапонија со играч повеќе неможат ни да шутнат , страшно тимовиве мислам се дојдени бразилките да ги гледаат а не фудбал да играат 11 од 23 фатени , ми расипаа просек , сега треба пак да поправам.... Italy ? - ? Costa Rica (Италија да тепа) Switzerland ? - ? France (Франција да тепа) Honduras ? - ? Ecuador (Еквадор да тепа)
Уште два и пол саати до почетокот од мечот Италија - Коста Рика, пред секој натпревар на Италија нервозна сум до безкрај
Siete pronti? Ова е составот за овој натпревар против Коста Рика.Добро е Буфон се враќа а како што приметив има и мали измени, Тиаго Мота е ставен во прв состав а со Англија влезе во 58 минута и денеска ќе игра уште од старт Абате. Forza Squadra Azzurra!
Ојј Кариме бее... Него што прочитав нешто неможам да се соземам од смеење. Моменталнo во Зајас и Тетовско и околијата по постигнувањето на головите на Xhaka и Blerim.
Од третото коло натпреварите ќе треба да се играат во ист термин, така? Инаку Група А, сакам Бразил и Мексико да одат понатаму криво ми е што не се случи чудо Хрватска да кикснеше со Камерун, сега ќе треба да се мислам да не му направи некоја белја на Мексико Група Б, навивав за Чиле и Шпанија да пројдат ама за вторава јбг... не беше слаба Шпанија, уште не можам да се соземам што се деси... Ц, Колумбија и Брегот се патници, не ни се потребни изненадувања, најмалку па на буква Г Д, Мене ми беше желба Италија и Уругвај да ги видам во втора фаза, сега криво ми е што ќе одлучува меѓусебна пресметка, ама тоа е, Костарика си заслужи ... Италија е појака реално, ама Уругвај не ми се остава некако... Е, Сакав Еквадор и Хондурас, не дека ги бива, ама, жалнички ми беа Сега и да е појака, нека испадне Швајцарија Ф, Искрено, само Аргентина ја фаворизирам, другите не ми се важни Г, Некако не сакам Германија да оди, затоа почетно се надевав на Португалија и Гана, ама ај... на САД им тргна ко за почеток, тренер Германец чуда прави Х, Шо знам како ќе излезе, не е некоја група... Русија нека оди понатаму... Белгија „фаворитот“ да испадне
Jaoo majko mila sta sam doziveo da mi Italy gubi od Costa rike majku im staru...... Франција и Еквадор , GOOD JOB. 13 од 26 еее 50-50 , така иде тоа еден ден 2 од 3 другиот ден 1 од 3 .... Денеска Argentina ? - ? Iran (Аргентина да тепа) Germany ? - ? Ghana (Германија да тепа) Nigeria ? - ? Bosnia-Herzegovina (Нигерија да тепа)
Ајдееее Deutschland !! Спојлер Neuer - Boateng, Hummels, Mertesacker, Höwedes - Lahm, Khedira - Özil, Kroos, Götze - Müller.
All seven of Germany’s goals against Ghana have been scored from the 60th minute onwards. :geek: Ај рано е уште.
Мариоо.. Таман го искритикував ,тој гол даде. Нос ќе пyкнеше кутриот.. едит: таман се израдував, тоа гол примија...
Светско првенство во фудбал??? Кај мене дома е супер, од тројца возрасни мажи никој не гледа фудбал и јас сум релаксирана и ослободена од тортурата наречена фудбал!!! Супер ми е!!! Многу си ги сакам маживе по дома
Леле токмаци германциве вечерва Гоце ни самиот незнае како стави гол Ништо чудно и од Америка да изгубат