Се согласувам потполно Што уште ќе видиме од судиите на ова првенство, поништени чисти голови, сега па уште и гризење неказнето, понеспортски фаул амин, алооо бе со кој памет , важно на Маркизио директно црвен му даде. Шта речи, се испонервирав до даска...
Јас дојдов да се пожалам. Ова е нехумано веќе секој ден фудбал. Само турските серии се полоши... Мала шала, ама стварно требало да ги разредат малце натпревариве, место во кафич не можам да најдам дека сите дошле да гледаат фудбал.
^ Спајди абе немој вака жива в оган да се фрлаш... овде се фудбалоопратачи се, немој да се жалиш на вакво место Инаку, во врска И:У утакмицата, и јас мислам дека судиските грешки беа пресудни. Некако многу се антиевропско настроени.. Црвениот картон моеше комотно да се суди како жолт, а загризот на суарез да го испрати со црвен со соблекувална, да руча човекот на раат.. Според последнава утакмица греота е што ја изгубија ама реално, гледано на назад, не покажаа италијаниве некоја брилијантна игра па да им биде криво.
Овој Суарез, не знам дали ми доаѓа да се чудам или да се смеам А симпатична екипа се Уругвајците... без него Сигурно ќе го суспендираат, нема шанси така да помине ова, туку мене ме чуди како судијата не му додели црвен на лице место, а Маркизио го исклучи за глупост практично. Имаат право Италијанците да се чувствуваат оштетени, не се знае што ќе беше да ја немаше Уругвај предноста на играч плус. Јас не мислам дека се тенденциозни судиските грешки... откако се воведоа новитетите, изгубено делуваат.
Очигледно е дека Италија не беа во нај добро светло на ова светско првенство,ако изгубеа на фер игра ОК никому ништо,но стварно денеска беа осакатени од страна на судиите. Суарез дефинитивно треба да се лечи човекот или во спротивно треба да му се забрани да игра фудбал Веќе не ми се зборува повеќе за ова, се испукав од нервоза.
Суарез, пак ли е гладно детето? Треба убаво да го најадат пред натпревар, хамбургер, ова, она, се има кризи на сред утакмица во спротивно . Не знам дали да се смеам или да се чудам. Како бе гризање, ај разбирам фаул во жарот на играта, ама гризање . За тоа треба намера, а на него трет пат му е ова, па и суспендиран беше еднаш. Толку ли не му собира главата, или е можда некој Едвард Кулен . Настрана тоа крајно неспортско однесување, играчиште е, ама ќе паѓа тоа во сенка поради тие глупости. И демек Италија отпадна поради тоа? Реално, доста им беше. Заедно со Англија, Шпанија, па и Португалија ќе си пакуваат куферите. Не е само името на репрезентацијата битно, кога играта не е добра. И Бразил не ме импресионира, форсирани до немај каде. Ќе одат понатаму, ама се надевам да испаднат. Па уште и шампиони да биле. Германија, Холандија, и повеќе од јужноамеричките држави покажуваат засега предобра игра.
Ох што ми е мерак што изгубија Италијаниве. Мхм, мхм, мхм. Може конечно ќе им дојде памет, па ќе сфатат дека се дојдени на светско првенство во фудбал, а не на модна ревија. Не може со години без никаква игра да добиваат натпревари. Демек тактизираат они, ова, она. Што си надробија, тоа си сркаат сега. Ептен ми е ќеиф
Бразил добија светско првенство, ако док гледате пиво пијете из флаше а не сипате у чаше, јер ако сипате у чаше Бразил нече победит, јер кад сипате у чеше оно све пена..ја увек цуцлам из флашице... Скренуо сам са теме, ова марихуана ме изјебала, Бразил осваја светско првенство http://www.youtube.com/watch?v=aum5Ix8ReCg
Ова ми се чини е едно од најнепредвидливите светски првенства. Излегоа такви фаворизирани репрезентации, останаа едни неатрактивни и непопуларни, ама тоа е. Италија беше таа која играше и во финалиња а сега до кај стигна. Грците ќе играт во осминафинале, и тоа не ми е јасно, од такви екипи баш грците да останат. Чудни чуда, типувам Бразил - Мексико финале.
21 од 40 фатени Коста Рика не изгубија во група со Италија , Уругвај и Англија ....БРАВО. Уругвај требаше да тепа и тепаше , не ни очекував дека повеќе од 1-2 гола ќе паднат со играта на Италија. Грција педеракис Колумбија рутински. За денес Bosnia-Herzegovina ? - ? Iran(Иран да тепа) Nigeria ? - ? Argentina (Аргентина да тепа) Ecuador ? - ? France (Франција да тепа) Honduras ? - ? Switzerland (Швајцарија да тепа) На Иран им треба победа али само ако Нигерија загуби , Франција за прво место битка а Швајцарија мора да тепа со добра разлика ....
Hе дека Уругвајците се покажаа нешто појаки во групата. Италија баш оваа година можеше да понуди повеќе отколку на некои претходни првенства кога проаѓаше не толку заслужено, ама тоа е тоа, не требаше да се решат на тактизирање, не за џабе Прандели се повлече, си ги увиде грешките... Сега, сплет на околности, среќа можеби, можеби тоа што поединци во уругвајската репрезентација добро го познаваат италијанскиот фудбал... и бидна... Јас бев неопределена за овој натпревар, жал ќе ми беше и Уругвај да испаднеше, жал ми беше и вака, ама тоа е. Нешто за збогување со оваа група Сега дај барем нека му простат на оној гладниот и нека нема суспензија, сакам да ја победат Колумбија (иако тешко ми се чини таа работа), колку подалеку оди Уругвај, толку поинтересно ќе биде првенството, ако се зема предвид традицијата со Бразил и Аргентина... И што тоа се случи ноќеска жити... Грција стана осмина финалист ајде ако не и Иран нека оди понатаму, ќе се изнагледаме фудбалски мајстори во завршни фази.
Одамна ме немало на темава Последниве денови само фудбал гледам,една утакмица не пропуштив. Помеѓу Хрватска и Мексико,за Хрватска навивав.Во групата,Хрватска ми беа доста подобри,но на натпреварот Мексиканците си играа на ниво и после првиот гол,овие хрватите го изгубија духот и што се вика се предадоа на чисто. Италија беа прилично солидни ова првенство,без разлика што влегуваа на претходните незаслужено,овој пат си играа како што треба.Знаев дека Уругвај ќе тепа,ама такви сељаци ми се,посебно Суарез и која глума ја удираа,како да гледаш театарска претстава,а не фудбал. Холандија со Чиле се очекуваше дека ќе тепа,јас сум прилично сигурна дека Холандија ќе однесе победа оваа година. Грција и Слоновите беше ептен досаден натпревар,се гледа дека појма немаат од фудбал,онака трчкаа низ теренот и им се посреќи,а се знаеше дека Грците ќе победат. За Хондурас и Швајцарија,типувам дека Швајцарија ќе тепа. Еквадор -Франција,дефинитивно Франција (исто солидни ова првенство) Нигерија-Аргентина,Аргентина ќе тепа Босна-Иран (овде сум неодлучна,слаби тимови,Иран може да тепа)
Bosna i Hercegovina 3 - 1 Iran Nigerija 2 - 3 Argentina Сега за сега овие две добро поминаа за тој што навивав победи,ајде после Франција и Швајцарија да победат
Утакмицава Франција-Еквадор ми е некако досадна,монотона. Дајте акција малку,да се види што е вистински фудбал!
Искочи цртанот со Суарез https://www.youtube.com/watch?v=Y2pUU2valTE Браво Босна , Аргентина Рутински како и Швајцарија додека Франција неам коментар 23 од 44 Бидејќи сега ќе идам на пат и ќе ме нема до недела ќе ги пишам тука сите од денес до недела утакмици. USA ? - ? Germany (Германија да тепа) Portugal ? - ? Ghana (Нерешено) Algeria ? - ? Russia (Алжир да тепа) South Korea ? - ? Belgium (Белгија да тепа) Сабота. Brazil vs Chile (Бразил да тепа) Colombia vs Uruguay (Уругвај да тепа) Netherlands vs Mexico (Холандија да тепа) Costa Rica vs Greece (Коста Рика да тепа)
Суарез е суспендиран 4 месеци од фудбалот, а наредните 9 натпревари не смее да заигра за Уругвај... Сега цел товар во репрезентацијата ќе легне врз Кавани и... и ништо, се стори со Уругвајците на ова светско Инаку вчера со исклучок на ремито Франција-Еквадор (исклучително досаден меч ), доста предвидливи натпреварите, знаев дека Швајцарија ќе помине, колку и да не сакав... Аргентина очекувана победа со Нигерија, бтв Нигерија покажа дека си го заслужи пласманот, добар натпревар беше тоа, а и Аргентина живна малку од бледилото... Муса беше на пат да го засени Меси ако постигнеше уште некој погодок Босна-Иран исто очекувано, само не очекував дека и бункер екипата ќе постигне некој гол на првенствово :up: Ако, нека си одат и тие со нешто... Денес би требало да биде поинтересен фудбалски ден... Само Белгија е сигурна од осум екипи.
^^^ Суарез Плус треба да плати и парична казна од $111 000,и додека е суспендиран забранет му е влез и во стадиони. Ами ваљда ќе се свести сега човекот,пошто ако му се случи уште еднаш сигурно ќе треба да се збогува со фудбалот за секогаш. Што си бараше си доби