Се надевам дека е доволно Алжирците не се за потценување. Ова светско некако песимиста сум цело време што се однесува на Германија
Браво!Браво!Браво Франција! Посебна пофалба заслужува играта на Griezmann,многу пријатно сум изненадена. Одиме на победа и во четврт финале !!
Јоаким Лев требаше уште одамна да го сменат, посебно на ова првенство човекот или се дрогира или климата ептен го погаѓа Шкодран бе Ќути се повреди, имало Господ, инаку.... Гоце, и тој не го бива а упорно се запнал со него, наместо Шурле од старт да го игра или Подолски И мислам дека е време Лам да го врати на старата позиција. Ноер единствено ЦАР Ако излезе токмакон со истата постава како во првото полувреме, четвртфиналето ќе биде смеа.
Дали само јас се разочарав малку од играта на германците на почетокот? Неуспешни додавања, како збунети беа, ама мислев малку оптимистички, сепак ова е Германија и не се дава лесно, кај нив се игра до последна секунда! Едноставно најдобри се! Инаку и Алжир не се за потценување покажаа добра игра. Франција-Нигерија, бев за Франција. Ми се допадна што се брзи и енергични.
Ви реков Ноер е доволен за Германија , сакаш голман игра , сакаш одбрана игра , сакаш средина игра , може и напад ама ај срамота ќе е,додуше срамота е он да искача на сред терен и да исфрла топки наместо одбраната али ае... . Добро е како се држеа Алжирцине се загрижив да не падне некој гол и испаднат Германија ама на крај збогум Алжир. Што е крив Јоаким Лев ,супер си е човекот , Алжир натпреваров беа баш јаки и добро се држеа против Германија , си знае човекот кој да стави и што да прави , не за џабе од 8-10 год е веќе селектор на Германија , колку руда од тоа носот има ископано и преработено ехее.... Германија тепаше али во дополнително и така само Франција ја тепав 27 од 54 За денес Argentina ? - ? Switzerland (Аргентина да тепа) Belgium ? - ? USA (Белгија да тепа)
Manuel Neuer! Goalkeeper and defender in one night: 59 touches of the ball - 21 of them outside the area! Абе не е нормален... Едит: топ 4.. Иначе прочитав дека Алжирците не јаделе ништо дента, и затоа биле исцрпени во продолжетците.
Леле таа утакмицата со Бразил на пеналите...ми се чинеше ќе почнам да го касапам телевизорот...Фала Богу победија тогаш,ќе требаше нов телевизор да се купува А и еден човек шо бил таму на стадионот,кај трибините,додека ги гледал пеналите го фатило срцеклоцање и умре Не се пеналите за човек со слабо срце.. Сега го сфаќам јас зошто Ферги,бившиот тренер на Јунајтед зошто само ја превртува тоа муцката со мастиката
Бразилциве со сила ќе ги направат шампиони, а не се најдобри. Од нив многу подобри се Белгија, Германија, Франција, Холандија итн. Не се толку добри како што ги „дуваат“, не ме воодушевуваат нешто. Од се, тоа најмногу ме нервира.
Сите ги погодив ама не на ливче , на ливче све нерешено испаднаа .... не ми е јасно , овие бош екипи што се , идат да се бранат , знаејќи дека во продолжение 2x15 минути немаат сила да играат против јакиве екипи кој тогаш ги толчат буквално .... која е таа тактика , брани се и на контри само а после идеме на пенали .... Бразил - Колумбија , ова би било тешка утакмица , мислам дека може Колумбија да изненади освен ако не падне некој пенал или црвен . Холандија - Коста Рика , рутински би требало Холандија али Коста Рика се во морална форма сега. Германија - Франција , 4-0 за Германија. Белгија - Аргентина , Требало би Меси да ги спаси Аргентинците во 90+2 минута
Франција - Германија, Германија би требало да тепа, кога сум веќе овде, Хумелс и Подолски ќе играат? Бразил - Колумбија, сакам Колумбија да тепа, далеку подобри се од овие исфорсираните. Аргентина - Белгија, сакам Белгија да изненади со победа, иако мислам дека Меси ќе ја спаси Аргентина. Холандија - Коста Рика, Холандија да тепа и ќе тепа, иако и Коста Рика се солидни. Можам да се кладам дека ќе има Холандија - Германија финале
Јас ги повлекувам сите негативни критики за Бразил што ги напишав поназад, не затоа што не беа издржани, туку затоа што до четврт финале стигнаа двојно поголеми разочарувања од се што се зборува и пишува за Бразил. Аргентина е очај, за нив бев против Швајцарија, ама овие не заслужуваат пласман понатаму (а се си мислам дека и овој пат ќе се провлечат некако), значи толку ме изнервира тој натпревар што ме заболе главата.... Патем, убаво за Меси што не го плаќаат според истрчана километража ... Германија - чекај, она наспроти Алжир беше таа доминантна и неприкосновена екипа што требаше да згази демек се пред себе? Франција никогаш не ми била омилена фудбалски, ама признавам дека за ова првенство добро се подготвиле... иако сепак по мое не е доволно за посериозен пласман. На натпреварот со Германија нема да навивам, а би сакала Германија во полуфинале да се сретне со Бразил, баш да се покаже еднаш во директен дуел на кого каде му е местото. Костарика е најпозитивниот момент на ова првенство, ама мислам дека веќе се истрошија и имајќи предвид со каков противник си имаат работа следно до тука беше... (камо да грешам) За Холандија не сакам ни да коментирам, најодбивна екипа тие преку чиста и тактичка игра не можат ни до топка да се докопаат, камоли гол да постигнат... Мексико Единствено Белгија засега солидно се покажа, ама против противник кој не е стандареден аутсајдер не ја видовме се уште. И дефинитивно навивам за Бразил до крај, ако сега ја помине Колумбија мислам дека ќе му биде отворен патот до титулата...
Браво, браво, браво за Германија. Иако не дадоа многу голови, пак сум задоволна. Радости.. Ноер, нема што да се коментира за него, едноставно е предобар, најдобар! Франција, ме разочараа очекував малку повеќе според другите натпревари, иако не можам да ги споредам со Германија.