Штета што Белгија не оди понатаму. Аргентинциве многу се лигават, па само се превртуваат се нив некој нешто им направил. Многу ми е криво за Белгија. Вечер мислам ќе биде интересно. Би сакала Холандија да победи иако и Коста Рика не е за потценување, одлично се покажаа на првенствово. Бидејќи првенствово ми мириса дека е местенка и дека Бразил ќе го направат со сила да биде шампион, многу ќе ми биде криво за Германија, а и останатите.
Не ми е јасна играта на Коста Рика, не знам зошто не паркираа автобус пред голот, мислам така е најсигурно дека топка нема да влезе. Сфаќам одбрана и се, ама ова е претерано! Криво ми е за Холандија, само се истрошија со продолжетоци.. Бразил нема теоретски шанси со Германија, посебно сега без Нејмар и Силва И онака Германија ќе победи, рутински, ладнокрво, такчтички точно. Џрманиииии тил д вери енд!
Навивачите од Коста Рика по завршетокот на второто продолжение се радуваа дека ќе има пенали, исто како да победија. А искрено, сакам да оди Коста Рика, ме нервира овој Робен, манекенка што паѓа на писта за да привлече внимание.
Си ги проследив внимателно четвртфиналињата,и сега да искоментирам Германија-Франција беше одличен натпревар,имаше акција,не беше млитаво како и обично,и двете екипи одлично се држеа,но Германиците беа далеку повеќе офанзивни и си заслужија пласман во полуфинале. Исто добар натпревар ми беше Бразил-Колумбија,може се да зборува,ама Бразил се навистина одличен тим и играа одлично,со добра одбрана и уште подобар напад. Но,ќе треба многу да се измачат за да стигнат до финале,без Нејмар и Силва ќе биде најтешката задача досега.Ептен ми е криво за Нејмар,навистина беше силен ударот,го докрајчија... Аргентина-Белгија ми беше досаден натпревар,немаше раздвиженост ниту пак подобро истрениран напад.Навивав за Белгија овој натпревар,Аргентинците се добри,но ужасно лигави фудбалери. Холандија ме изненади против Костарика,навистина слабо се покажаа,а Костарика за малку не стигнаа до полуфиналето.Сакам неизвесност и акција во натпреварите,на пример да беше 1-1 и да завршеа со пенали,а не вака,цел натпревар едно голче не видовме Типував за финале меѓу Холандија и Бразил,но како што е ситуацијата,сметам дека едниот тим во финале можно е да биде Германија,за другиот не се знае. Инаку овие фудбалерите освен тренинзи,сигурно посетувале и училиште за глумење,некои ситуации им се права измама
Молим те , вакви изјави не , какви Коста Рика да идат во полуфинале , Аргентина ќе ги скапа таму , вака одлични дуели се Бразил против Германија , среќата ги сака Германците и мислам дека би требало во финале да идат ,освен ако не се опуштат 3+ сигурно ќе биде утакмицава Аргентина Холандија ќе биде интересна али мислам дека Холандија може да иде понатаму , освен ако Меси на направи тоа што прави најдобро.
Се надевам дека вечерва нема судиите да дозволуваат онакви дивјачки фаули како на Бразил-Колумбија. Колумбијците беа страшни ама ни другиве не беа многу поарни. Да даваше жолти како што треба судијата сега повеќе од пола од бразилците немаше да играат. Ама ај демек домаќини се па ги поштеди
Се изведува корнер (Германија), јас кревам раце и очекувам гол, Милер шут и гооооооол, мислам луѓено од соседната населба ме слушнаа. Инаку како се напнаа бразилциве, изгледа на им е јасно дека со Германија играат. Бразил вака ќе издржат едно полувреме, ама германците мислам 140 мин. да играат па ќе играат како сега да почнале да играат. И судија мексиканец? Се шегуваш? Ајде Германија!!
Леелеле, луѓе не ми се верува. Ги обожавам, браво, браво, браво.. Најдобри се. Германија!! Едит: 5:0 тоа е тоааа. Ова ко ракомет да се игра, којзнае до кај ќе тераат. Ова е таа дисциплина!!
Па дали е ова возможно Дури и како верен навивач на Бразил знаев дека ќе биде многу тешко да сe победи на оваа утакмица, но никогаш не би претпоставила дека може толку лошо да играат и да има толку катастрофален резултат уште во првото полувреме.
Е ова е Германија! Нека се знае!!!! Што ми е мило, ем драго. Бразил и онака ќе изгубеа, и со и без Нејмар. Ми ја направија вечерта Вака се немам радувано од кој знае кога.
Мене ова ми е смешно Навивам за Германија, ама 5 голови за 30 минути.... па дајте малку поинтересна и понеизвесна игра. Јас фудбал гледам на BBC и едниов коментатор за Германците вика: They are ruthless, no sympathy at all!!
Немам коментар значи. Спичлес, една минута молк,молам, шта речи а не заплакати е работава. Резил, па и на домашен терен башка. Revenge is sweet, ова одмазда за 2002.
Свако муто носи жуто. А прееска слушнавте: Златко: Немаме зборови кои можат да ја опишат оваа ситуација... Дарко: Па еве, гледаш дека ќутам. Едит: Лееее еј! Ја вака... не знам. Идам дома и плачам. Партали ги направија.