Бразилциве играат како изгубени германци. Статус од вчера. Се изнасмеав. Денеска ќе биде интересно. Сакам Холандија да тепа, бидејќи и Аргентина се нешто слично ко Бразил, премногу фаворизирани, а не покажуваат некоја посебна игра.
Јас сум за Бразил и Германија. Вчеа бев неутрален. Али сакав Германија да победи зошто имам уплатено на нив да победат на првенствово. Бразил уште пред да почне првенството се знаеше дека се слаби. Екипава е за никаде. Роналдињо, Кака, Робињо, Лукас Моура, Лусио и многу други квалитетни играчи не се викнати. Игра со деца.
Како вечен навивач за Бразил,синоќа бев комплетно разочарана од нив. Знаев дека тешко би влегле во финале,поради отсуството на Нејмар и Силва,но како да не беа истиот Бразил што стигна до полуфиналето. Точно е дека се послаби годинава во споредба со претходните првенства,ама сепак се држеа,имаа одличен напад и солидна одбрана. Синоќа додека гледав седев со подотворена уста,едноставно шокирана бев,како Германија сами да беа на теренот,Бразил беа скоро невидливи. Овој меч ќе биде памтен години нанапред,ќе се спомнува на секое првенство како натпревар каде Бразилците беа тотално понижени,примија 7 гола Испаѓа дека целиот тим го држеле Нејмар и Силва,синоќа останатите беа како безориентирани,целосно збунети. Германија се доста јаки,се покажаа,Ноер е цар,но сепак сметам дека слабата одбрана на Бразил им придонесе во најголем дел на победата. Вечерва типувам Холандија да тепа,навивам за нив и ќе гледаме Европско финале.
И ова го видов на млади години Не, мене не ми е до смеење, како во бунило бев за време на натпреварот... срамна фудбалска историја се испиша вчера, ова ќе остави трага и ќе се спомнува, вакво нешто Бразил ниту заслужи, ниту би му поскала, многу ми е мака искрено... И не го разбирам ова возвеличување на Германија, ги пречека среќен сплет на околности, сигурна сум дека немаше да го победат Бразил да беше во полн состав и покрај сите негови слабости. Ама ги снајдоа малери уште во петокот против Колумбија... И вина е и на Сколари кој покажа дека со исклучок на двајца играчи вчера отсутни, повикал телетабиси за репрезентација. Сите голови на приближно ист начин ги примија, Давид Луиз без Силва во одбраната е изгубен, Алвеш со сите свои мани still much better од тромавиот Мајкон (кои киксови ги направи овој па, не се простува ) Марсело уште од автоголот, првиот гол со Хрватска на отворањето, ми изгледа како на распуст да дошол дома и така ја сфатил целата работа. Наместо на листата репрезентативци да вклучи еден Роналдињо чие име само по себе психолошки ќе влијаеше врз противниците... Не може бе така само врз двајца играчи, еден во напад, другиот во одбрана да се гради целата игра, а овие другите дај шта даш, битно ги ископал од некаде и сега ги немаш тие двајца еден натпревар и потоп... Тоа и Роналдо на 40 години и 20 кила плус подобро може да изигра од смотаници како Хулк, Фред, Данте, Жо и не знам ти кое дрво таму... Цезар уште во Интер месечареше, а сношти го видовме во старото добро познато светло. Сколари не се потрудил, премногу самоуверено се потпираше на името и традицијата на Бразил како гаранција за финале и за титула, уште од почеток гледавме како цел товар врз Нејмар легнуваше и тоа пукна таму во четврт финале... Не знам што да кажам повеќе, ме изеде туѓ срам. А жално е.
Јас сум уште во шок... Оваа не е можно, Бразил не би дозволиле вакво нешто, ова е лага! Вчера гледав во телевизор едно пет минути со отворена уста, после од кога се освестив дека е вистина, кога почнав да плачам, како да умрел некој. Не можев да се соземам еден добар саат. И уште ми се плаче. Не можам да верувам дека ова се случи, не можам!! Ај тоа, туку уште од почетокот на утакмицата си пуштив една солза, кога ја пееја бразилската химна, и кога Давид Луиз, и не знам кој беше другиот, го извадија дресот на Нејмар! Како се наежив, и си пуштив една солза за него. Сонот му се сруши, не можам да замислам како му е... И така, важно јас си се изнаплакав за Бразил, ама ќе ми помине тагата и ќе се помирам со вистината. Вечер сум за Холадија и мислам дека и они ќе победат. Со среќа нека им е.
Изглеа Германија вчера сите голови ги потроши и овие сеа немаат што да дадат. Ај бе стварно, клајте голои таму.
гледам појќево за аргентина сте јас за холандија . европа де.. нашиов континент да го поддржиме ако не друго или дека меси ? :geek: ич не ми со допадна денешниов натпревар на крајот почнаа да трчаат ко будали и пак 0-0 ќе дојде топката до гол и ќе им ја вратат назад.. два јаки тимови кога ќе има така е и после пенали , good job to romero
Хах, сакале европско финале да гледаат, па чекајте си ЕП тогаш. Конечно изгубија овие, не можев да ги гледам повеќе со тој нивен фудбал на контри, фаули и глума, и до тука што стигнаа им беше многу, едвај чекам во сабота Бразил да си го белее образот со нив и да ги искористи како утешна награда, ич не ги сакам. Јас како мало дете се израдував пак после подолго време на првенствово ии уште на паузата погодив дека првиот пенал ќе биде плен на голманот Ромеро Знаев за вечерва, а имав уште одамна некакво чувство дека Аргентина ќе направи многу и покрај некои бледи изданија, како скоро и незабележано се провлекоа до тука... Ама добри се сега, добри, заслужија и регуларниот дел со 2-0 да го добијат, вака до титулата , сакам да се продолжи традицијата трофејот од латиноамериканско тло да не патува во Европа.
Јас од ко знам за фудбал секогаш навивам прво за Италија а втора ми е Аргентина, и моето навивање за Аргентина нема никаква врска со Меси ( да се разбериме ) многу ми е жал што во недела нема да можам да го гледам финалето нормално навивам за Аргентина, но и ако не победи нема да ми е криво,доволно е што дојдоа до финале
Многу сакав да бидат Хонландија во финале, но што е тука е. Им посакувам среќна на Аргетинците и стискам плаци Холандија да бидат 3 место.
Мене ова многу досадна утакмица ми беше. Ми се приспа. Или после утакмицана Германија-Бразил, сите ќе ми бидат досадни ? Сакав Холандија да тепа, па да гледаме европско финале, ама слабо. Е, така!! Да се потсетиме малку од 2010 год. :geek: http://www.youtube.com/watch?v=YOEaXgCQ61A#t=681 Верувам дека ќе победат.