Честитки до Германија , заслужено беше овојпат. Сепак за мене , АРГЕНТИНА МЕСИ ..ЦАР , НЕЗАМЕНЛИВВ !!!!
Е ај честита титула на Германија, навивав за Аргентина (во финалево) и криво ми е што изгубија ама ферски и спортски е да се честита на победникот -А му ги видовте сопругите/девојките на Германциве која од која поубава. -Туку само за едно не ми е криво дека победија Германија, конечно му го видов трењерот насмеан,пред тоа дури траеше играта баш се мислев дали ако победат ќе го видиме човекот насмеан и задоволен
Честитки и од мене... последна да им е , уште еднаш титула да не земат, ако не засекогаш тогаш 100 години минимум. Цела игра на Аргентина ја уништи Паласио , што го внесе тоа дрво во игра, Игуаин барем беше упорен, уште неколку шанси ќе создадеше, една ќе се посреќеше... Ова болеше бе, сите екипи ми испопаѓаа како крушки... оние, оние што беа на прагот на бламажа со Алжир, на прав терен се сопкаа, дојдоа мои екипи да депласираат и титула од пред нос да им грабнат во 117 минута. И кој што сака нека збори, не се толку јаки, едино дисциплината ги вади. Лигуши... па уште и тие фрајлите грди ко нив си ги носат тука , патетики. И немој после коментаров да се најдат душебрижници, што сакам ќе коментирам, башка гледам последниве 8 страни многу стручни анализи се испишале.
Спојлер Меси ме изнервира малце, знам дека му беше тешко, ама можеше барем да го дигне тоа трофејот,барем публиката да ја испоштува. И мило ми е што и Ројс го испоштуваа со тоа што неговиот дрес го држеа. Ова ми беше значи... се послав. Швајни изгина на терен... Прекрасно е чувството значи, кога репрезентацијата за која си навивал уште од почетоков на Светсково,одсекогаш значи... ќе освои. Заслужена 4та титула. Лакше се дише.. Добра ноќ.
Dog-lover што пишала за Швајни... стварно. Спојлер Мустафис, како и да се вика. Спојлер Иии, уште ова. Спојлер
Може некој да ми даде слика и име од голманот на Холандија?Другарка ми пукна по него,а не му знај име :/
^Силесен ГЕРМАНИЈААААААААААААААААААААААА! Не можам насмевката од фаца да си ја тргнам од толку радост, мислиш од толку ботокс не можам да си го мрдам лицето Браво! Браво! Швабиве, секоја чест. Геце, на 22 год реши финале на светско, ма што повеќе! Честитки!
Ќе биде глупаво на крај да кажам за кого бев, ама цело време бев за Германија, Бразил едвај чекав да излезат, а за Аргентина највеќе ми беше жал за Меси. Ама па и Меси беше како исфрлен во вселената, како да се изгуби или само намќоресто не сакаше да го прифати поразот. Чуден беше, не очекував дека така ќе реагира, одн.воопшто да не реагира. И една забелешка, ете како парите го вртат светот, спонзоруша до спонзоруша. Шилер не дека не е добар фудбалер, ама да бидеме искрени не е ниту убав, ама затоа со девојка му се како-убавицата и ѕверот.
Вчера не пишав од радост, неопислива, се радував како јас да сум победила. Апсолутно заслужено! Шприцерот вчера конечно се насмеа, мислам на Јоаким. Ноер исто заслужено ја доби титулата, а Меси не, златна топка си доби на стара слава, сега не беше толку заслужено бидејќи од него имаше мноогу подобри. Кога го прогласија како изгубен беше и како да не се надеваше дека тој ќе ја земе. Гледам само женските на германците им ги коментирате, ама видете го Ноер- шеќерче кога го покажуваат кадар одма ми изнудува насмевка на лице, исто и Милер и Швајни. Е, и Дрекслер и Ерик Дурм убави се. Знаев дека ќе победат, како и да е! Едит: Баш вака
Јас бев за Германија или Франција, ама Франција кога испадна, ми остана Германија само. Вчера си се израдував на победата, ко ја да сум победила. ГЕРМАНИЈА ! Честитки и до сите што навиваа за Германија, мои човеци.
Значи нема врска, ако направиле тоа не значи дека веќе се такви. Тоа е направено ради забава. На крај краева имаат и девојки. Не ја гледам причината вака да размислуваш освен ако толку не ги сакаш.
Заслужено беше, и Меси заслужено си ја доби златната топка односно признанието за најдобар играч на оваа Светско Јас сепак за германија навивав
Одма ми текна на песната Don't cry for me Argentina од Мадона, знам дека не е за оваа прилика, ама насловот е битен само. Е, така де. После тоа сите Германија ја засакаа, како? Толку среќна бев вчера, ме држи и денеска. Едит: Швајни партал го направија вчера, кутриот. Душичка, ај ќе му помине.
Многу навивачи на Германија на фацебук , како печурки пораснаа .... Како и да е , многу убаво првенство , многу голови и возбудувања а сега две недели пауза па почнуваат Европските лиги
Многу ми е криво што изгуби Аргентина, од никогаш ниту сум ги сакала ниту ќе ги сакам тие грдите германци. Фала богу без црвеното сако ја напавиле
Навивав за Аргентина, но сепак заслужено победи. Ми биле симпатични или не, швабите имаа добра репрезентација. Честитки.