Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Светско првенство во фудбал Бразил 2014

Дискусија во 'Спорт' започната од LilBaby, 6 декември 2013.

  1. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Абе се убаво ама Меси најдобар играч на првенството :^). Ни од Аргентина не беше најдобар, не пак на цело првенство.

    Туку ај да не мрчам, нека им е честито титула на Германија :party: . Апсолутно заслужено, тоа се вика шампионска игра. Нешто што за Шпанија пример, никогаш не би можела да кажам, а освои три трофеи еден по друг.
    Која класа, која дисциплина се германциве, значи секоја чест. Се молам овој Тони Крос да дојде во Реал, иако мислам дека 99 % е готово.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Ајт сега една рекапитулација :D

    Германија, заслужена победа, од сите изиграни утакмици најмногу вложија токму Германците, вежбана и остра екипа, со зацртана цел и тимско делување, се виде дека квалитетот е неизбежен, сериозно си ја сфатија работата и мило ми е што вака квалитетни играчи кои се речиси пред крај си заминаа дома со трофеј. Значи, Подолски, Лам, Клосе, без конкуренција, типично Германски тертип и многу работа. Јас можам да ја сакам или мразам Германија, тука се бараше добра игра и единствено од нив не ми здосади ниту една уткамица. Дури не ми е ни грев за домаќините, зашто се покажа нивната преисфорсираност и чепатење, посебно ми е ќеиф за Нејмар, зашто во него гледам фудбалер исто колку и во Бекам или Кристијано Роналдо(читај ич |( ) и крајно одбивен ми стана со некнежната пресконференција кога кажа дека повредата му била со умисла и као тој да играше немаше така жалосно и срамно да ја изгубат утакмицата со Германија |( Ма дај, маникен :^)
    Аргентина, лично се разочарав, што од нивното неартикулирано играње, што од надменоста на Меси, намќор, отсекогаш имало нешто што ме влечело да навивам за Аргентина уште од времето кога даваа се од себе играчи како Батистута и Занети( :inlove: ), арно ама го немаа тој истиот жар, играа бледо, и повторно исплива сомнежот дека Меси не игра исто за Барса како што игра за репрезентација, и ич не се однесе човечки, сфаќаm пораз, ама ти да глумиш лудило дотолку, неверодостоен ми е :?: А и крај краева, една ластовичка не прави пролет, така и Меси, сам со себе не играше, сакаше малце поддршка и тим околу него. И да, не ја заслужи Златната топка, ова ко демек утешна награда на Аргентина и беше.
    Италија, Шпанија, комплетно ми го турнаа расположението, очекував дека ќе гледам фудбал а не лигавење по терен, Касиљас даде се од себе, жал ми е зашто отсекогаш Шпанците и Италијанците мене ми биле синоним за фудбал, ама тоа, клубските натпревари се сосем друга работа, да браниш знаме сака малце повеќе трепеливост, а не надмудрување. Посебно Италија, делуваа ко да им е небитно, падна се на рацете на Буфон, играа многу малце и не покажаа апсолутно ништо.
    На ова првенство се истакнаа малите држави, алал да им е на играта на Костарика, на Швајцарија, Уругвај, еј Гана, страсно се бореа, според мене нема победници или губитници, некој мора да е прв, ама мислам дека беше интересно и неизвесно до крај, без разлика на тоа што уште на прва фаза спакуваа куфери и Англија, што Холандија навистина мачно ама со страшна игра догура до трето место. Воглавно, месец на укање и урлање, сега се чудам шо ќе гледам на ТВ :rofl:
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MalaMedena

    MalaMedena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    178
    многу ми е мило што победи Германија. :D
    Аргентинците цело време влечат,удараат.. тоа ли е фудбал.Ги гледам германците цели испотепани и викам овие како рагби да играат.
    Меси многу ме нервира.Што велат ‘‘ни на живо се радува,ни на мртво плаче‘‘. Го снимаат/сликаат а тој се уфилмал нешто .. намќор еден :devil: И сите видоа дека не игра како за Барса. Од неговиот тим бар се исплакаа да им олесни :D
    инаку ми е криво што дечко ми не доби на спортска :lol:
     
    На WaffleGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Ако се појаки што не дадоа они гол? :D
    Колку пати напаѓаа германците,заслужија,и ги удриа,ги влечеа,а ниту еднаш не ги избркаа.
    И заслужија и другите утакмици топ играа!
    Ако е еден барем е вреден,Аргентинците никаков не дадоа,и да не мешаме истории,фашисти биле за време на Втората Светска Војна |(
     
  5. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Значи какви глупости се изначитав на темава :tmi: ама тоа е, на некои толку им е дадено од Господ, не сакаат и тие |( Туку, небитно тоа.
    На почетокот бев скептична, Лев изведуваше нешто со формацијата ама му дојде паметот навреме.
    Мило ми е најмногу за оние играчишта што најверојатно ова им е последно светско (Лам, Швајни, Подолски, Мертесакер) заслужија ваков трофеј. Искрено се надевам дека и европското ќе го освојат.
    Супер финале, супер игра и од двете страни и нормално кога играат две јаки екипи нијанси одлучуваат, незнам што очекуваат некои, голеада? Аргентинците значи безобразни до бескрај и Рицоли можеше да го расипе финалето штедејќи ги а реално требаше тројца да добијат 2.жолт. Ама за среќа.... :)
    Меси што знам, можеби и не заслужи ама па и немаше на светсково некој играч посебно да се истакна :?: Некој мораше да земе, како било.
    И ќе заборавев, Гоце какво голчиште, се извади на крај за лошат игра на почеток :)
    И Германија била и секогаш ќе биде во врвот , а другите што зборуваат од инат само а појма немаат од фудбал.... поарно да не довршувам ;)
    Радости до бескрај сум :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На Bescheiden, Dog-lover и Moonstone.17 им се допаѓа ова.
  6. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    Заслужена победа на Германија :inlove:
    Се плашев дека утакмицата ќе отиде на пенали но кога Готзе даде гол летнав од радост и германија единствената репрезентација за која навивав а не ме разочара :)
     
  7. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Факт е дека во финале се наоѓаат двете најдобри и најспремни репрезентации оваа година така да џабе се расправате кога и двете репрезентации беа добри што укажува и резулатот од натпреварот :!: Аргентина да беше толку неспремна ќе примеше најверојатно повеќе голови но не за џабе беа во финале.Интересна беше утакмицата и неизвесноста траеше до крај, тоа најмногу ми се допадна :D На крајот испадна така како што е можеби заради факторот среќа,така требало да биде.Јас за Германија навивав зошто верував во нивната способност да одат до крај и да не се откажуваат,нивната дисциплина и така и се случи.Едноставно погинаа на теренот, и двете репрезентации дадоа се од себе што мислам дека треба да се почитува а не да се расправаме.
    БТВ: Колку тажна фаца само имаше Меси кога му го врачеа пехарот., што и да беше :(
     
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    25.542
    Пол:
    Женски
    Меси најдобар играч на првенствово? :shake:
     
  9. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Значи какви слики и гифови сум видела на тумблр :worried:ilent: Да се разнежни човек,дефинитно. ^_^
    :rofl: :rofl:
    - Schweinski?
    - Schweinski. :lol:

    Прееееееесреќна бев што освоија ^_^ ама во исто време по малце и тажна. :| Бидејќи,толку. Готово, се заврши... :(
    Кај ми е е тапа летово, барем со фудбалов си се развеселував :lol: ;(
     

    Прикачени фајлови:

    На Moonstone.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Јас си фатив 70 евра за финалево. И утре одма на одмор. :lol:
     
    На Golden, Moonstone.17 и Dog-lover им се допаѓа ова.
  11. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Да,овај бил.Фала ;)
     
  12. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Како последно ;( Може само на Клосе му е последно. Швајни до наредно ќе има 33, Подолски исто, Лам 34... мислам дека наредното ќе им биде последно.
     
  13. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
  14. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Бразил-Холандија
    Се покајав што на некои утакмици навивав за Холандија! Колку ги мрзам не можам да ви опишам! На пример Германија 100 пати повеќе од нив ги сакам. Многу не фер утакмица беше, и се гледа дека судиите сакаат да ги спасат европските репрезентации. Пеналот (првиот гол) воопшто не беше во ред! Овој Робен не можам да го смислам. Само намерно се џитка во воздух за пенали! Кретен, го мрзам. Во Холивуд треба да го пратат, не на светско. Вториот гол беше офсајд! И те како! Е сега за третиот не можам ништо да кажам, бидејќи си беше во ред и заслужија. Јас важно во Торос си се изнаплакав, зошто ми е мака од Робен и неговото глумење, а холанѓаните ми се испонасмеаа. :doh: ;(
    А за тоа дека Холандија се слаби, факт е! Само со глумење и пенали стигнаа до трето место. Чим со Коста Рика играа на пенали, значи слаби се.
    Единствен играч што го почитувам е Ван Перси. Секоја чест! :clap:
    За Бразил не знам што да кажам. Дефинитивно не го заслужија ова. Сакав да ги видам како играат во финалето, на Маракана. На Маракана, не во Бразилија. Исус да го обоија во боите на Бразил. Да го подигнеа пехарот и да се сликаа со таблата каде што пишува "Champions-2014". Ама ете, судбина. Исто и за Нејмар жал ме фати, кога го дадоа како плаче на крај, срцево ми се скрши.

    Германија-Аргентина
    Аргентина покажаа многу јака игра, исто како што и се очекуваше.
    Во врска со Меси:
    1.Иако ми е најомилен играч, не можам да кажам дека ја заслужи наградата. Имаше други играчи кој покажаа подобра игра, и ја заслужија наградата.
    2.Не можам да сфатам, зошто сите мрчат дека бил намуртен.
    2.1.На Меси уште од полувреме му било лошо, и повратил на теренот. Ова повеќе пати му се случило оваа сезона, да повраќа на теренот. Линк од статијата и линк од видеото. :worried:
    2.2.Ова му беше животен сон на Меси и беше на еден чекор од победата, и фала богу дека ќе се мурти и ќе биде тажен. Тој не е платен да се смешка. Мене ми се допаѓа што е искрен и си ги покажува емоциите.
    За Германија:
    1.Ноер дефинитивно си ја залужи наградата. Најдобар голман е!
    2.Супер играа и нека им е честито победата. ^_^

    За целово светско:
    Според мене најубаво и најинтересно светско до сега! Секоја чест на Бразил за сево ова. :inlove: Супер утакмици, супер голови, супер моменти, супер играчи, тимови, стадиони, химни, отварање и затварање, лого, награди, спонзори, навивачи, судии, дресови, копачки, топки, огномети, награди, ... Буквално се беше ПРЕКРАСНО, барем за мене. Во споредба со тоа во Јужна Африка, ова 100 пати повеќе ми се допаѓаше!
    Многу сум тажна што заврши, бидејќи со душа ги чекам првенствава, ама тоа е.

    Се гледаме во 2018 и се надевам, а и верувам дека конечно некоја од моите две омилени држави ќе го победи светското, Бразил или Шпанија! :l:
    И за последен пат да си ја слушнеме највеселата и најубава химна, Ole-Ola! [​IMG] [​IMG]
    Поздрав, и ми беше драго да се дружам со сите вас во темава, а поготово со тие што навиваат, исто како мене за моите омилени држави! :angel:
    https://www.youtube.com/watch?v=TGtWWb9emYI [​IMG]
    [​IMG]
    Топкиве посебно ми беа убави и весели!
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  15. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Абе и јас се надевам дека ќе бидат во добра форма и за следното светско ама здравје :?:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TrueReligion

    TrueReligion Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    175
    Заслужена титулата на Германците ! Тоа е тоа, таква борбеност и моќ се очекуваше од нив.Сепак, се работи за Германци.Овој тим игра заедно со години, се знаат напамет кој што прави и како функционира.Швајнштајгер најдобар во финалето. Го раскинаа човекот, му се нафрлија како кучиња. Крос требаше да биде прогласен за MVP (и тоа не го велам само јас туку го вели и статистиката).Инаку, не мора да значи дека е последно светско првенството за Лам, Подолски или Швајни кој е сеуште во страшно добра форма.Ако Клосе може да игра со 36 години, може и Швајни со 34.

    Инаку, да се надоврзам, едитирам, било како. Не мешајте политика луѓе, не знаете колкав труд и колкава школа е вложено во оваа златна генерација на Германија. Јоаким Лев е приземен тренер, свесен и за недостатоците и за силните страни на репрезентацијава.Борбеноста и искуството на Швајни,Клосе,Подолски, прецизните додавања на Крос, точноста на Нојер не се само талент.Овие играчи се постојано заедно.Аргентина има добра одбрана, ретко кој и даде гол, затоа и беше тешко за Германците, ама ретко и колку гола даде самата Аргентина на првенството.Згора на се, му се нафрлија на Бастијан, скроз се обидоа да го затворат.Нема тука политика.И двете репрезентации промашуваа, офсајдот си беше офсајд, и случката со Ноер и Игуаин не беше никако за црвен картон.Јас задоволна, сакав или Холанѓаните или Германиците да го подигнат пехарот. Со таков менталитет како нивниот се оди на вакво првенство.
     
    На Dog-lover и Bescheiden им се допаѓа ова.
  17. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Лам се пензионира од репрезентација, не игра на европското
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    ^ Еве нешто што прочитав еден коментар за него, и можам да кажам дека се согласувам. :)
    Pametan potez. Osvojio je najveći trofej i ostvario snove. Prepušta mesto mlađima i olakšava selektoru, jer nijedan selektor nema hrabrosti da ostavi na klupi ili van 23 igrače za koje postane jasno da su umorni/prezasićeni, što bi on za 2 ili 4 godine sigurno bio. Tako je i sada bilo sa Španijom, da su se 2-3 igrača sama povukla na vreme bila bi drugačija priča. Svaka mu čast, velikan fudbala.
    Се извинувам што е на српски. :)

    Иначе Ноер е избран за најдобар германски играч на светсково. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Штета не бев активна на форумов дур траеше, иначе Германија ми беше фаворит уште од самиот почеток, на финалето го погодив и точниот резултат у кафич и си добив фудбалска топка :D Deutschland über alles :D

    [​IMG]

    А сметам дека 2 место требаше да биде Холандија и искрено Аргентина не заслужи толку висок пласман, исто и Бразил. Не покажаа ни малку од очекуваното, а сепак потпомогнати и привилегирани си излегоа со фини незаслужени места.
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    462
    А никој никогаш не спомнува колкава судиска помош добива Холандија.
    Не е само на ова првенство, во 2010 истата песна, ненормално агресивни беа на финалето со Шпанија... убаво се сеќавам како тогаш уште од почетокот на нокаут фазата затераа со ќотек и така стигнаа до финале, судиите на три и пол кога се тие во прашање, стандардно.

    Многу ми е мака што Аргентина го изгуби финалево откако најголем дел од натпреварот го помина во доминација, наместо тие да ја освојат третата титула, на глуп начин дозволија швабите да земат четврта... голема штета навистина. А на сите првенства од 2002 досега секогаш екипа кон која имам симпатии освојуваше... ништо, овој пат се згреши работата. Како капак на се уште и тие Холанѓаните морав речиси до крај да ги гледам.
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.