Не сум запознаена со фудбалот не ми е интересен спорт.Ама светското во Бразил ме натера да го мислам спротивното.Инаку навивам за Хрватска
Балканска работа, пораз да не може да се прифати. Сами си ја брукаат државата! Срамота! Факт е дека пеналот не беше фер од страна на судијата, ама сакале, нејќеле Бразил пак ќе победеа и ќе беше 2-1. Хрватска многу добро играше, ама да не беа бразилциве, ќе го немаа ни тој еден гол, шански немаа за гол да дадат. Уште еднаш ќе кажам, с-р-а-м-о-т-а! Не знаат да ценат. Почит малку треба да се има. Најскапо светско е ова до сега, они сега најпаметни се нашле соблекувални да кршат! Многу ме разочараа... Едит: Утакмицата Италија-Англија е во 00:00. Сега оваа што е, Колумбија против Грција, сум за Колумбија, и ако им е на грциве, нека губат. 1-0 е.
^ Исто и мене. Се чека вечер. Јака утакмица ќе биде, ќе има навивање. Се надевам ќе победат Италијанциве. http://www.kurir.mk/sport/brazil2014/16 ... at-na-niva
Јас фудбал не следам, не ги знам тимовите, не гледам Лига на шампиони и такви работи. Немам поим кој фудбалер во кој тим игра. Минатото лето откако се вратив од Минхен, скоро сите ме прашаа дали сум посетила некаков стадион каде што игра Баерн Минхен, а мене тоа последно ми дојде на памет. Ама првенства следам, особено светско. Си имам неколку фаворити, топ 5. Не ги гледам сите натпревари, гледам во распоредот кои би биле поинтересни. И како што гледам, секој ден има по една утакмица меѓу два добри тимови. Утакмицата Шпанија - Холандија беше многу интересна, каква игра, какви голови беа дадени, да му е мерак да човек да гледа Вечерва ќе ја гледам Англија - Италија, навивам за Италијанциве
Прашање? Гледам некои од фудбалериве носат копачки на двете нозе во различна боја? Што е работава,нова мода или има некакво значење? Пред малце на ABC имаше кратко документарче/интервју со Балотели, малце беше емотивно солзи ми потекоа. И одкако го догледав станав уште по нетрпелива,кој ќе истрпи уште 2 и пол часа до натпреварот Италија-Англија. Моментално гледам Уругвај-Коста Рика, аха еве пенал и гол за Уругвај. Дома ни е доста еуфорично јас навивам за Уругвај а ММ за Коста Рика Мило ми е за Грците што изгубија
Доволно е само да го исцитирам коментарот на Michael Ballack пред почетокот на натпреварот и се е кажано "Never underestimate the Italians"
Woah Јапонија , Англија и Уругвај водеа со 1-0 и изгубија со 2-1,3-1 , не ми се верува .... али барем Колумбија не ме разочара и тепаа ... 1 од 4 или 3 од 8 вкупно до сеа за денес Switzerland ? - ? Ecuador (Швајцарија ќе тепа) France ? - ? Honduras (Франција ќе тепа) Argentina ? - ? Bosnia-Herzegovina (Аргентина ќе тепа)
Одличен прв натпревар на Италијанската Репрезентација.Горе-доле треба нешто да променат но и да не променат ова супер функционира.Англија излезе на крај како лесен противник иако сите пред тоа коментираа дека е јака.Колку ме нервираше коментаторот наш дек Руни не дал ни еден гол на Светско првенство.Само си викав во себе, добро нека не даде со Италија па после може да дава на секој нареден натпревар Морам да го пофалам Matteo DARMIAN, 24 годишен со 2 настапи за Италијанската Репрезентација а играше како најголем професионалец, секоја топка му беше прецизна а имаше и една шанса за гол За Буфон слушнав дека е повреден, но не слушнав за Касано, има некој инфо бидејќи не играше. И за крај признајте дека недостасуваа Панчев и и Каленски? Дури им направиле и група на фб-Поезијата на Златко Калински https://www.facebook.com/poezijatanazla ... ki?fref=ts
Јас на МТВ не гледам, си пуштам BBC HD снимка на интернет. Синоќа викаат британскиве коментатори: Expectations are low, no need to be nervous Колку оптимистички уште на старт Инаку, не знам дали ја имате табелата во excel што ја имаше на off.net.mk, многу е практична. Ги има прво утакмиците по групи, си ги ставате резултатите, а во следната колона веќе ви се пресметуваат автоматски поените. И после според резултатите што ќе ги ставате, сами си се редат државите за во осмина, четвртина, полуфинале и на крај за во финале. Ги пишува и точните датуми кога играат и во колку саат.