Типување за денеска Германија-Португалија - 1&ГГ Иран-Нигерија- 2 нека даде Португалија гол, барем еден, лифчето да си го фанам
Deutschland ist das beste!! Ги обожавам, нема потреба да го коментирам натпреварот, се` е кажано. Очекувам и да бидат прваци. Ајде почна второ полувреме..
Нојер треба оскар да добие, дефинитивно! Kолку шанси имаа Португалија, сите им ги фати. Баш ми е жал за Роналдо и целиот тим, а за Пепе, ич не ми е, ама ич.
Само за играчите на Реал да се зборело . Сигурно и дома на пикадо си ги имаш закачено, нели :geek: Инаку Германија најсозреан фудбал игра, треба конечно да освојат нешто со ваква одлична постава и предобра игра. Навивам конечно да стигнат до финале и победат. Португалците ептен, ептен слабо. Шпанците конечно паднаа, не иде и не иде веќе тој фудбал што го форсират . Жал ми е за Касиљас што се отиде на негова глава.
Жал ми е за Португалците(иако антипатични почнувајќи од Пепе до Роналдо), Роналдо толкави амбиции имаше... а некако сам беше во целата игра. Германија, најзаслужено!!! Се гледа онаа германска дисциплина, и се надевам годинава ќе бидат прваци
ахх значи америка живеам и многу сакам да изгуби америка сега значи многу овде на телевизија од NBC не даваа фудбал цело светско и еве сега USA играт и оп сите телевизии фудбал даваат .. како бе така пак овде се собрале во градов со знамиња на плоштад гледаат фудбал се праат дека навиваат и после интервју со еден чоек имаше и тој вика : епа ние не гледаме светско првенство ич и не пратиме ништо , само гледаме кога ќе игра USA да ја поддржиме.. сигурно чоеков нема врска што е фудбал или како што го викаат овде soccer.. цело време NBC телевизијава ништо не дава од фудбал и почна да игра USA и одма сите се креенаа да навиваат за неа а никој нема појма што се случува со фудбалот тие само ова го гледаат http://www.youtube.com/watch?v=jua8jCjo-cc значи ваквии се исти
И на NBC имаше пренос??? Ама тие ќе пренесуваат само ко ќе игра USA, вчера и завчера и на ABC имаше пренос, сега не ми текнува точно кои натпревари ги пренесуваа,јас гледам на ESPN,баш ти ко праша поназад на кои од американскиве канали ќе се пренесува од светсково и јас ти пишав,ако си заинтересирана можиш на ESPN да гледаш секој ден сите натпревари ги пренесуваат,сигурно и ABC најмалце по еден натпревар пренесува. Јас сум изненадена од резултатот Америка-Гана, цврсто бев убедена дека Гана ќе тепа, не навивав за никого не ми беше гајле кој ќе победи, хмм.. Или потсвесно можи бев малце за Америка Туку утре јако ќе биди Бразил-Мексико,и овде незнам за кого навивам,досега имам навивано за Мексико но никогаш за Бразил,кој знај утре можеби прв пат да навивам за Бразил (атер за Нејмар,му го фрлив окото минатиот пат на отварањето)
Страшно , Германија само фатена , Нигерија спие а Гана изгубени во вселената. 7 од 14 , или 50-50 што би се кажало. Добро идеме понатаму. Belgium ? - ? Algeria ( Белгија ќе тепа) Brazil ? - ? Mexico (Уфф многу јака утакмица , кој тепа ќе иде понатаму 100% , мислам дека би идел Бразил да тепа , сепак домашна публика си е домашна публика. Russia ? - ? South Korea (Русија би требало рутински , освен ако Кореа не направат некое големо изненадување.)