Очекувам дека Шпанија и Германија ќе потфрлат. До сам крај типувам на Франција, Аргентина и Бразил. Очекувам убав фудбал од Мексико. Мислам дека некој играч од сенка ќе се истакне. Само да има убав фудбал, Светско во зима
Никогаш немало помалку еуфорија за Светско првенство. Утре почнува, а мене никогаш не ми било по сеедно. Ќе го пратам, ама не е тоа, тоа...
Мој фаворит за кого ќе навивам е Австралија зашто тука живеам иако знам нема никакви шанси покрај такви фудбалски нации и докажани светски прваци. Но еве од пореалните нека победи Аргентина( сакам Меси да освои светско уште тоа му фали мислам во неговата кариера друго се има освоено).
Колку сакам пак да е 2014 Светско(само финалето да беше поразлично), сите собрани, чекаме да почне секоја утакмица, пиво, грицки и музика...целиот натпревар го поминавме во еуфорија, цел свет знаеше дека се оддржува, а сега...ни С од Светско, некако мртво. Многу значајни играчи се повредија, се' се врти околу пари. Светско во Ноември, страшно. Ќе следам од почит кон најголемите бидејќи им е последен натпревар.
Ужасна грешка шо ФИФА одлучи во Катар да биде првенството, арно ама второ име на ФИФА е мито и корупција така да…
Ја слушнавте ли химната колку е бедна? Цела недела си ја пуштам од Рики Мартин la copa de la vida со спот од утакмици изваден и оваа во споредба со неа ми е балада Навивам за Бразил и Франција, сакам високо да котира и Мексико Организацијава е као ние имаме пари ама неаме идеја што и како да биде Да се редактирам, светско ми е асоцијација на пиво и тв во двор, а ова ќе биде со црвено вино и костени Мала шала, не пијам црвено, а Бога ми ни навивачите што се во Катар нема да пијат пиво
ќе навивам за комшиите и Аргентина ,нека замине со ритула во пензија ама неверувам дека тоа ќе се случи. Сакам да освои некој што ќе биде изненадување на турнирот. Инаку се сложувам со сите никогаш помалку еуфорија немало..
Па дали е ова могуче? Уште на старт контроверзни одлуки за Хабиби. Ајдеее, верувам дека можат да дојдат до победа моите латиноси, Еквадор.