Ме сака Горниот Фала ти Господе што го дочекав ова. Не мора ни у живо да го гледам, радо би умрела сега Е сеа доживотно на фановите на Роналдо има да им го зборам ова Потајно, највеќе ради тоа сакав да тепа, пошо сеа ќе има предност шо Роналдо никад нема да ја има. Најдобриот од најдобрите Франција… досеа супер играа ама утакмицава беа хаос. Првите 80 мин еднаш дали шутнаа накај гол, не можеа топката да им ја земат. Па си наместија пенал, вториот гол по мене офсајд беше.. ВАР спиеше На пенали се виде кој е најдобар. Значи толку ми се смири душата, се изнаплакав и за ланскиот снег шо се вика… Ахх.. ве сакам луѓе А ви реков дека ќе земе Аргентина
Каква драма на крај донесе финалево,неверојатно. Честитки за Аргентина,мило ми е и за Меси што успеа да освои злато со Аргентина,со оглед на тоа дека му е последно светско првенство.Несомнено за мене е и најдобар играч. Франција буквално изгубено делуваше скоро цела утакмица,Браво и за Мбапе,какво играчиште е,секоја чест,иднина на фудбалот е,играч кој допрва ќе доаѓа до светската слава.
Одлично финале, можеби најдобро у последни 30 години. Аргентинциве дадоа 120% за да му обезбедат на Лео титула, се виде дека беа помотивирани. Франција 80 минути играше ко Турново, среќа нивна што имаат страшни поединци (читај Мбапе) што можат да решат утакмица со еден потег. Колку и да ми е антипатичен Меси некако длабоко у мене ми е мило што титулава ќе му биде ко јаготка на торта што се тиче неговата кариера. И секако едно огромно жалење што Ел Пибе не доживеа да си ги види своите на кровот на светот. Све на све добро првенство кога ќе се земе у обзир колку скептицизам имаше пред почетокот. Кој ќе чека 4 години за да стануе у глуво доба од ноќта за наредното светско по Америкине
немора да замислуваш играа во финалето минатото СП. И нормално е да бидат тажни, бидејќи финалињата се играат за вечноста,историјата, се паметат победниците, а не финалистите. Ја не сум видела во ниту еден спорт после изгубено финале некој да се радува,едноставно не е тоа во сржта на спортистот..
Спојлер Ја малку доцна,ама ајт Честитки за Аргентина!!! Баш ми е мило што победи. Меси е душата мојааа 3 ноќи се смеев за ова иначе.
Мартинез сељачиште тешко, не знам зашто го исмејува Мбапе, ок си победил слави си нз зашто потреба да понижуваш некој. А колку не сум расист кажува фактот што уопште не приметив дека 90% од репрезентацијата на Франција се црнци, дури од кога почнаа слики по интернет.
Ова финале ми остави најголем впечаток од сите до сега. Драма, емоции, борба, гол за гол... Иако доживеав безброј стресови вредеше се'. Финалево би го гледала повторно и повторно. И на почетокот реков дека Аргентина ми е фаворит и еве конечно. Да си се цитирам
https://kanal5.com.mk/ronaldo-si-po...2fOYBG95YGP0PmhA9Q_aem_kxZqc9oNSZfc4d24ixHBaQ Роналдо најверојатно ќе го игра првенството во Северна Америка