Ова уште посмешно би било со VAR. Можам да замислам како го повикуваат судијата да провери ситуација, за овој на мониторот да види од сите агли и slow motion како Суарез си има гозба
Колку препотентно суштество е овој Неимар. Од друга страна пак не ми се јасни Србиве со помпата што ја создадоа демек ќе го победиле Бразил, а тие сиротите гол неможат да им дадат. Згора на се буквално ништо не покажаа.. Ми фали Душко во составот на Србија.
Србија нее за потценување, имаат квалитет, но не и на ниво да се носат со репрезентација како Бразил.. Класичен балканизам, цврстина до првото полувреме, после тоа се чуствува умор, паѓа концентрација, демотивирање, нервоза а тоа придонесува и до големи грешки. 3-4 пати Бразил шутира од далеку слободно, како да нема одбрана Србија.. Среќа не завршија со гол. И наредниве две утакмици истото ќе биде, единствено со Швајцарија да направат нешто, иако Камерун изгуби денеска ама потежок противник е, порастрчани а србите тоа темпо не можат да го пратат.
Boohamed Се заплеткува групата Б и се комплицира патот на УСА понатаму доколку изгубат денес од Англија. Тогаш, ќе мора да одат по 3 бода против Иран кој моментално е на втората позиција. Колку се мразат Америте и Иранците, тоа ќе биде интересна утакмица за гледање. Од другите вести, Катар конечно дадоа гол.