Светското првенство 2026 се ближи и ова ќе биде најголемото мундијалско издание досега кое ќе брои 48 репрезентации и 3 земји ќе бидат домаќини. Ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико. Кои репрезентации ви се фаворити и кој може да биде најголемо изненадување ова СП и дали мислите дека новиот формат е поинтересен или сепак не? Финалето е закажано за 19 јули во 21.00 часот на стадинот МетЛајф во Њу Џерси, Америка.
Навивам за Португалија, Роналдо заслужува да ја заокружи карирата со ваков триумф, а со ладна глава мислам дека освојува Франција, супериорни се по мене, посебно во напад, Мбапе, Екитике, Дембеле, Дуе. Најголеми киксери мислам дека ќе се Германија и Бразил, а изненадување штознам Холандија, иако и не е баш за изненадување со оглед на минатото светско каде беа оштетени и со тоа и елиминирани.
Франција и Шпанија фаворити, зад нив Англија, Аргентина,Бразил и Германија ќе се борат да влезат во топ 4 и за изненадување да бидат шампиони, мада од 4ката Англија има најголеми шанси за изненадување.