Сликички има сегде по трафики, е сега дали имаат уште албуми не знам. Ако си од Скопје прашај во Свет.
Најдобро издание имаше Јапонија, многу ми се свиѓа како играат јапонците. Холанѓаните демонстрираа сила во нивен стил. Англија исто, мислам дека ќе оди далеку.
Еден истакнат економист, аналитичар до сега ги предвидел трите шампиони наназад низ годините. Сега вели дека Холандија ќе се шампиони. Синоќа Зеленортски ме оставија без спиење, секоја чест и за нив и за Иранците.
Се надевам дека ќе биде така, после толку години чекање лалињата конечно да го кренат светскиот трофеј. Мислам дека ако влезат во финале, тоа би било дефинитивно двобој со Франција, значи сепак европски дуел. Од Латинска Америка немам големи очекувања, ни Бразил не е тоа што беше ниту Аргентина. И дефинитивно имаат најдобри навивачи лалињата, секоја чест за портокаловата армија Холанѓаниве и англичаните ми се најдобри од Европа со Германија, а Шпанија и Португалија разочарување.
Највеќе заради хајпот и затоа што имаат највеќе и најдобри навивачи сакам до 1/4 да стигнат Норвешка, Англија, Холандија, Шкотска и покрај нив Аргентина, Јапонија, Бразил и Португалија. А Франција, Сад, Германија и Шпанија ми се најнеомилени и преценети, се надевам ќе испаднат во 1/8.
Некако многу прерано ја отпишавме Аргентина, немав воопшто големи очекување, ама оваа Аргентина со овој состав и со ваков Меси има потенцијал да тера далеку, па и да ја одбрани титулата
Гледајќи какви аутсајдери играат и ги полнат со голчиња среќа што ние не се пласиравме по некоја случајна грешка како што имавме шанса. Не сме ни блиску до квалитетот на Босна на пример за да не се обрукаме.
Тешко дека ќе ја освојат титулата но еве јас ВЕРУВАМ дека може.. има тука, англија, франција, германија се сериозни кандидати.
Како што рече @Iva:) узбекистан е на ниво на македонија, ако се пласиравме имаше да примаме по 6-7 гола на меч..Нас и Капе Верде ќе ни дај 3-4 гола..
А Алжир светски првак да не беше? Сите се возбудија за хет трикот на Меси. Намали со двојните аршини.
Какви двојни аршини Не сум фан ни на Меси ни на Роналдо, нема шо тука да навивам или поддржувам еден или друг ко вие Ја сум фан на германскиот фудбал и холандската школа зошто е најдобра. Не го хејтам Роналдо Баш го респектирам човекот за успехот шо го има притоа е голем мотиватор коа дава интервјуа како да дојдиш до успех, ама е и многу себичен и арогантен шо го издвојува од се друго и не му личи како за професионалец.
И Меси има лошо однесување и курч ама ајде да збориме како е Крис bad boy. Додека постигнува голови не ме интересира како е, ништо лично против тебе, ноу офенс, ако? Кога даде Меси Хет трик сите у несвест паднаа Роналдо денес изгаси, абе само Узбекистан е Не ги сакам Германија од 2006 или 2010 искрено, ама мислам далеку ќе стигнат.