Не гледам подобна репрезентација која би можела да и конкурира на ваква Франција, барем на игра каква што имаа во второто полувреме, првото го одиграа нешто полошо
Добри се ама вистинската слика ќе ја видиме против Шпанија. Вака до сега играа против слаби репрезентации и немаа вистински тест па не би ги прогласила за страшни и пресилни.
Па и не е баш дека играа против слаби репрезентации. Играа со Норвешка, Сенегал, вчера Мароко. До сега дефинитивно најјака игра имаат французите, како роботи се во пасовите, компјутери. А и Шпанија имаат добра игра, иако Португалија на среќа ја добија. Имаат супер репрезентација и тие, ама може да ги кошта што се све млади деца и немаат доволно искуство, Јамал, Педри, Баена, Кубарси. Како и да е и Шпанија не е за потценување
Сакам финале Шпанија-Англија, шампион Англија. Ако е финале пак Франција-Аргентина пак нека победи Аргентина.
Vive la France Се надевам овој пат ќе земат титула. Сакам финалето да биде Англија - Франција. Мака ми е што Норвешка отпадна, ама па играа со Англија, а они ми се едни од фаворитите Аргентина и Шпанија ич не ги сакам
Англија незаслужено помина вчера. Реално никаков фудбал не покажаа. Се прпелкаа од шупло во празно на чело со очајниот селектор и капитен. Очекувам финале Аргентина-Франција. Аргентина победник.
Во срце ме погоди загубава на Норвешка и тоа на каков нерегуларен начин изгубија. Сорлот себично створење го мразам! Халанд е ради него највеќе сакав Норвешка да освои, имаа реални шанси, штета.
Штета навистина, натпреварот го изгубија во 45 минута кога во контрата тој себичниот не сакаше да го проигра Халанд и ја упропасти сто постотната шанса за 2:0, Англија израмни 1 минута после тоа.