Светското првенство 2026 се ближи и ова ќе биде најголемото мундијалско издание досега кое ќе брои 48 репрезентации и 3 земји ќе бидат домаќини. Ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико. Кои репрезентации ви се фаворити и кој може да биде најголемо изненадување ова СП и дали мислите дека новиот формат е поинтересен или сепак не? Финалето е закажано за 19 јули во 21.00 часот на стадинот МетЛајф во Њу Џерси, Америка.
Навивам за Португалија, Роналдо заслужува да ја заокружи карирата со ваков триумф, а со ладна глава мислам дека освојува Франција, супериорни се по мене, посебно во напад, Мбапе, Екитике, Дембеле, Дуе. Најголеми киксери мислам дека ќе се Германија и Бразил, а изненадување штознам Холандија, иако и не е баш за изненадување со оглед на минатото светско каде беа оштетени и со тоа и елиминирани.
Франција и Шпанија фаворити, зад нив Англија, Аргентина,Бразил и Германија ќе се борат да влезат во топ 4 и за изненадување да бидат шампиони, мада од 4ката Англија има најголеми шанси за изненадување.
Португалија Роналдо, Бруно Фернандеш, Рубен Невеш.. моја број 1 репрезентација кога гледам првенства од ваков вид. Навивав и за Англија, со оглед на тоа каков кикс направи Томас Тухел со изборот, навивам и групи да не поминат.
Ќе навивам за Германија, Јапонија и Хрватска. Минатото светско германците потфрлија многу, јапонците беа големо изненадување и реално пружат многу добар фудбал. Холандија и Англија ми се онака од втора рака фаворити заедно со Шпанија. Шпанците не се знае до кај ќе туркаат. Сепак финалето мислам ќе биде меѓу една европска земја и една од Јужна Америка земја. Интересно е шо Карло Анчелоти е тренер на Бразил
Баш за тоа идев да видам дали има тема, фала Богу имало да не морам јас да отварам Веќе ја имам таа еуфорија, почнав да збирам албумот, секој ден после работа си земам по две три пакетчиња, ама сум далеку од целосно собран албум На првенствово се разбира ќе навивам за Португалија, нека го земе брат Кики па нека си оди на раат в пензија. Други тимови кои ќе поддржажувам традиционално Германија, Хрватска, па би им дал шанса и на Бразил и кукарачите од Мексико кои ми беа фаворити на Копа Америка 2024, и се разбира Босна. Уште кога беше баражот викав ако не успеат двете, барем една од нас да влезе, ете влезе Босна Едвај чекам да почне, сега со времето е малце терсене ама ќе се снаоѓаме, кога успевам од 30-тина утакмици на Копа Америка да изгледам 2/3, тука со 3 пати повеќе утакмици би требало барем до 10 да фатам Едит: Заборавив да напоменам дека иако не навивам за нив, најреално мислам е дека ќе победи Шпанија или евентуално Франција која има peak генерација
На светско сум секогаш за екипи од Латинска Америка и за латински екипи од Европа + Хрватска. Ги гледам првите натпревари и така одбирам еден фаворит меѓу нив. Обично светско или европско освојува некој што сакам да освои.
Откако Аргентина го освои минатото светско, некако рамно ми е се, не знам дали да паузирам од навивање или сепак не. А не знам ни дали да гледам редовно како и секогаш, очекувам Трамп да се дичи таму. САД биле домаќини на Светското во 1994, сега пак.