Брат јас те разбирам се ама ми нема логика таа замена Платенхард кога излезе а влезе Гомез. Да го извадеше Боатенг или Хумелс и да пробаше со 3-5-2 ќе му беа покриени и бековските позиции и немаше да бидат хаотични и во последните 30 минути. Ајде нека биде оправдување дека било рано за измени на полувреме, ама дури и да примеа уште еден гол после прераните измените поради отвореноста на играта немаше да им значи ништо бидејќи како и да е губеа 1-0 ама можеа да добијат многу доколку се одлучеше да ризикува порано. Може барем ќе изедначеа.
Мислам дека е до атмосферата во репрезентацијата, тепачката помеѓу Ридигер и Кимих многу кажува за тоа колкаво нетрпение има меѓу нив во репрезентацијата. Според мене требаше да ги изостави од списокот па нека се тепаат пред телевизор кога ќе гледаат Светско првенство.
Атмосферата може повеќе да е расипана поради Озил и Гундоган и нивната средба со Ердоган. Многу беа критикувани поради тоа во германската јавност, плус Гундоган беше исвиркан од германските навивачи мислам на последната пријателска. Тепачката не верувам да е проблем. Што знам
Паметам на минатото светско германците имаа стварно тимска игра, немаше живничење, немаше истакнување на само еден играч, затоа стигнаа до финале Годинава пола од играчите што беа тогаш ги нема
Abe ne se sekirajte lele, se se toa kalkulacii. Moze i da e los den na ekipa. Ama sega se testiraat silite ako vie ocekuvate bombardiranje od strana na favoritite uste od start ,, ocekuvajte los kraj A i kalkuliranjeto koj so kogo da se padne ponatamu isto taka igra uloga.
Абе не зафркавај, тестирале сили, калкулирале сега уште во прва утакмица Да калкулираат на последната утакмица, може, ама вака е преголем ризик. Поготово германциве и калкулации, тешко. Си има Лев очигледно проблеми со првиот состав, смена на генерации е, изгледа не се снаоѓа баш засега. Нормално дека пораз или нерешено во прва утакмица не значи дека е готово, ама се гледа дека имаат проблеми.
Помина прво коло, изненадена од сите ама негативно. Очекував многу повеќе фудбал. очекував убави акции не на индивидуални шутеви. Мој најдобар впечаток во првиот круг ми остави само Белгија, се надевам вториот веќе и останатите ќе го покажат тоа што го чекаме.
Јас не сум разочаран очекував Светското првенство да биде летаргично. Не очекував дека само за одредени ситуации ќе се користи VAR технологијата. Според мене треба да му се дозволи на судијата сам да побара преглед на снимката за ситуации каде што не е сигурен дали ќе донесе правилна одлука. Очекувам фаворитите во 2 коло да се освестат и да прикажат подобра игра.
Не може некој да се вади на тоа дека се ѕвезди и земаат милиони евра плата. Полјаците мислеа дека лесно ќе ја победат Сенегал која е просечна екипа, но Полска изигра уште попросечно од нив. Се надевам дека гомцата ќе ги чини испаѓање во првата рунда, па дома полските навивачи да ги рендаат уште повеќе.
Не знам од каде дојде до заклучок дека Сенегал се просечна екипа. Според мене напротив имаат квалитетна репрезентација, на првенството ќе има големо значење и тоа дали некоја репрезентација има добар ден или не. Полска можеби денес лошо изигра , но се надевам дека со Колумбија и Јапонија ќе бидат подобри.
Затоа што се просечни. Ги гледам нивните пасови, додавања, проигругавања, акции. Не одиграа ништо паметно, врзано, интелегентно. Двата гола ги постигнаа на чиста среќа. Да играа со разиграната Белгија ко вчера ќе видеше како ќе поминеа со 3-4 комада позади мрежа. Полска денес изигра тотално аматерски натпревар.
Па не секоја репрезентација негува игра со посед на топка и со поголем број на прецизни додавања. Можеби не играат атрактивен фудбал ама во секој случај си ја остваруваат зацртаната цел.