Дечки, дајте линк каде можам да гледам live stream од фудбалскиве натпревари... ми рикна телевизорот. Мака ми е што вчера не ги гледав Хрватите. Сакам добар линк, каде што нема да мора да инсталирам глупости, се на некои такви наидував синоќа.
Значи да ви кажам, од старт си ја мислам Франција за шампион ова светско. И денес ќе си и ставам едно стотче, онака за да не ми е мака зашто ја мислам цело време Памтете ми го муабетов
Не сум на Телеком, на ВИП сум - главните виновници што немам тв. Може сепак да се регистрирам, или мора да сум нивни корисник?
Мислам дека мораш да имаш барем телефонче кај нив,ама не знам пробај може ќе ти се посреќи А друга варијанта ти е ова,без регистрација ама сликата не е толку кристална и во ХД https://webtv.vip.mk/
Како ми се сокрила темава? Јас од мои 14 години го следам секое светско првенство, фаворит бр.1 од секогаш ми е Бразил, ама си имам и резерва фаворити, оваа година тоа ми се Мексико, алал нека им е на фудбалерите растрчани до крај и навивам тие да го освојат трофејот, покрај нив и Шпанија ми е добра Германците... малку се зборови да опишам колку технички фудбал играат, без душа и без емоции, а и реално уште не можам да ги преболам оние 7 гола од минатото светско првенство, ако треба Сенегал нека победат ама Германија никако
Taka треба да се понижи секоја репрезентација која дозволува еден човек кој не е доволно човек да пружи рака на противникот, да е поголем од сите заедно. GG EZ
И како секогаш Аргентина ќе игра миниум полуфинале, а Хрватска ќе испадне во четвртфинале. Нигерија одработи за Аргентина, а сега кога ќе се разиграат далеку ќе стигнат. Исланд катастрофа и аматерски денес.
Аргентина сега ќе влезе во ритам и ништо не ги сопира. Хрватска ќе испадне во осмина или четврфинале. Тоа е таа среќа што секогаш големите репрезентации ги прати во моменти на криза.
Еве по резултатов се гледа колку издржаа Шакири претера со орлите, ко е толку горд шо не си игра за Косово
Го пратам српскиот фудбал знам колку им е капацитетот на србите. А Шаќири, Гранит Џака , Валон Бехрами и Блерим Џемаили ако се толкави албанци или косовари требало за една од тие две репрезентации да играат. Ама на нив парите им се поважни од тоа.
Србија одлично почна и ова и беше шанса да се покаже ама траеше само прво полувреме. Тошиќ многу слабо изигра, имаше една добра шанса ама ја пропушти. А со Бразил и немаат некакви шанси. Толку ќе им е.