Шо реков јас? Гаучосите воскреснаа. Марадона остајте го хахахахах Тој ако знаеше дека е на фудбалски натпревар хахахах Којзнае со кој светци збораше. Јак кокаино јак...ме потсети на фараон со рацене
Србите се како Македонците во спортот , премногу емоции , неиздржливи до крај , недисциолинирани до крај , можат да водат 10:0 и да си земаат таква слобода и на крај да изгубат 10:11 . Јас вечерва ке навивам за Србија но мислам дека Бразил ке тепа
Србите ја утнаа работата со тоа што го сменија селекторот. Славољуб Муслин беше добар селектор немаше потреба да го менуваат. Крстајиќ нема искуство во водење на екипи на големи натпреварувања. Матните игри на ФСС (Фудбалскиот сојуз на Србија) го тргнаа Муслин од селекторската функција бидејќи не се сложуваше со нивната визија. Муслин има предводено 20 екипи и има поголемо искуство, од друга страна таман создадоа атмосфера во репрезентацијата со негово заминување се наруши и тој сегмент. Инаку србите беа оптимисти и против Швајцарија па им тргна колата низ брдо. Да напоменам Србија го победи Бразил на првенството во Нов Зеланд за играчи до 20 години. Ќе видиме каков состав ќе игра за Србија вечер ама бавната игра од претходните натпревари против Бразил може да им донесе само дебакл. Плус играчите од одбраната не знам како ќе се справат со брзите играчи на Бразил. Се освен дебакл за Србија вечер е еднакво на успех.
Реално со прикажаната игра Германија и не заслужи да се пласира. Не ми е жал што испаднаа ама ниту малку.
Браво за Корејците. Со ова се виде дека во мечот со Шведска на Германците намерно им дадоа повеќе минутажа после регуларните 90 минути за да постигнат каков таков гол и да имаат шанси за понатамошно натпреварување. Ама денес...поштено се виде кои се и што се.
Ако уплатил некој за Кореја со здравје парите да си ги троши Ништо не им решаваше ама ете поштено си се израдуваа. Инаку сега читам Карлеуша пишала дека гола ќе трча ако победи Србија И во вакви моменти користи прилика да биде во центар на внимание. Одма ги превртив очите ама додуша нема да ме изненади навистина да излезе гола.
статус на фејс: Вардете со на Барса играчите. Допри го, се витка небаре слепото црево пред пукање е. П.С. Паулињо гол да ти дај, треба да се обесиш.