Прееска повеќе жал ме фати за публиката од Сенегал отколку за играчите. Ако не по игра барем по највесели и најкултурни навивачи ќе ги паметат.
Значи вчера колку се стресов за Мексико со две победи ќе испаднеа ако Германија победеше ама ќејфот ми го направија ј.корејците што ги победија Туку сега што ми играат двата мои фаворити, Мексико и Бразил, што правиме, за кого да навивам? Се шалам, ќе навивам за Мексико ама ако Бразил победи нема да се нервирам
Не ми се верува дека Германија испаднаа од групите... Епа ништо уште Хрватска ми остана да навивам дека ќе стигнат барем до полуфинале.... Ај да видам дали ќе успеам нешто да погодам Франција - Аргентина = 2 Уругвај - Португалија = 1 Шпанија - Русија = 1 Хрватска - Данска = 1 Бразил - Мексико = 1 Белгија - Јапан = 1 Шведска - Швајцарија = 1 Колумбија - Англија = 1
Луѓенца...колку мене е батево,ама свака му част: https://www.gol.mk/fudbal/golem-gest-na-mbape-kje-gi-donira-site-pari-od-sp-vo-humanitarni-celi
Еве поради која причина Славољуб Муслин беше отстранет од селекторската позиција на репрезентацијата на Србија пред почетокот на Светското првенство.
Море ова Мбапе животиња од дете, не мора другиве да играат само нека му даваат топки сам ќе претрча пола стадион и гол ќе даде Туку решив да навивам за Аргентина колку да го догледам светсково а и сакав Меси да освои ама и тие ми испаднаа Кој малер сум Кажете кој сакате да изгуби вечер да навивам за нив
Јас мислам дека Дешамп мора да му даде шанса на голманот Ареола кој според мене е во подобра форма од Лорис. Ќе видиме што ќе се случува Франција заслужено оди понатака, а треба да поработат на поставеноста на одбраната оти очигледно малку внимание посветиле на овој сегмент од фудбалската игра.
хахахахахахаха се изнасмеав, од кај му текнува бе Ај и јас да си кажам за кој навивам. Кога веќе ги нема моите Италијани, за Бразил и Франција сум. Вечер за Уругвај
Знаев дека Аргентина ќе испадне, затоа од време си молчам. Уште кога видов дека вкрстуваат со Франција се помирив, не се ни налутив за поразот. Инаку, двојките општо не ми се допаднаа, повторно ги наместија за рано да се отарасат од моите фаворити.