Леле Русија замина понатаму, а Шпанија на кое ниво падна Епа кога се толку скапани, ајде на аеродром. Сега уште Јапонија да победи јако ќе биде Еве и чуваат место во авион на Шпанија И ќе излажам ако речам дека не ми е криво за Роналдо, ама кутриот сам не може да игра. Довоно направи за својата земја и се надевам нема да му биде последен натпревар на светско...Па човекот сам до овде ги донесе. Ајде одморете си се...
Абе ајдее која јана која прекрасна љубојна , ужасни се катастрофа невидена Знае некој друг канал што го пренесува светсково и што не го тупат со катастрофална музика на полувреме ?
За Јана ајде мање више, ама за Љубојна...немаш појма шо збориш.Ко трето немаше турбо-фолк па ке кажам.
Добро, имаше крчмарска музика, не е шија туку врат. Барем од студио нека се вклучуваат на полувремињата штом не ги бива да направат соодветен музички избор.
За мене е сељачка музика од неталентирани "пејачи" ! Не ја сакам таа музика , нема никаков квалитет , и нее таа јана туку онаа пропадната пејачка од Идол со фато душманке И стварно следниот пат ке повратам ако ги слушнам
Рекламата за Златен даб е најиритантното нешто што се има појавено на телевизија во долго време. Ми се ежи цела кожа кога ќе ја слушнам и мислам дека со години ќе имам трауми од неа.
Јапонците покажуваат дека не е само до квалитетот туку големо влијание има и упорноста и менталитетот. Ако се врати во игра Белгија тоа ќе биде чудо.
Ама Бразил не ,,шие,, Кој гласал за него Ако..Чути си и свиркај си Иначе да Ви кажам една занимливост во врска со СП 2018. Сигурно го знаетте цртаниот филм Симпсонови. Пред да победи Трамп и да се случи се што се случи на тие избори била снимена серија каде таткото Симпсон со синот седат и разговараат дека Трамп ќе победи..и така бидна. Во една од наредните епизоди, седат пред ТВ и гледаат СП 2018 и замислете на телевизорот прикажана утакмица-финале, играат Португалија-Мексико. Сета среќа што испаднаа и двете екипи, иначе режисерот на Симсонови ќе го сметав за пророк
Мислев дека некој друг ќе посвети внимание на ова и не го напишав порано. Дека фудбалот не е само игра го покажа Даниел Субашиќ голманот на Хрватска. Успехот на Хрватска го посвети на негов колега од ФК Задар. Ги спои дланките и погледна кон небото. Ова беше победа за Хрватска, но и за него, Хрвоје Чустиќ, рече Даниел Субашиќ по вечерашната тешка, но голема победа на Хрватска. „Тој секогаш ќе биде со мене, не само на маиците туку и во моето срце“, изјави Даниел Субашиќ. Во април 2008 година, на фудбалскиот меч од хрватското првенство, меѓу Задар и Цибалија, трагично згасна животот на фудбалерот Хрвоје Чустиќ. Несреќата се случи, откако по еден дуел, Чустиќ падна и со главата удри во ѕидот кој беше на помалку од два метри од аут линијата. Лекарите веднаш реагираа, играчот беше пренесен во болница, но за жал не можеа да го спасат. Хрвоје имаше само 24 години.
Луѓе ние сме светлосни години наназад...дефинитивно https://www.gol.mk/fudbal/japoncite...chistija-stadionot-fudbalerite-soblekuvalnata