Истото го мислам, Хрватска има далеку подобра репрезентација од Русија. Мислам дека нив и ова им е максимумот иако ништо повеќе нема да ме изненади. За Англија-Шведска типувам на Англичаните, не можеш да се браниш 90 минути. Мислам дека Англичаните ќе напаѓаат, Шведска ќе чека на евентуална контра.
Русија ќе даде гол зашто е дома и зашто публиката е голем стимул.Не е исто да играш дома и да имаш флуид од публикум и да си на гости кај домаќин. Затоа и ГГ ја играм. Логика некоја моја...
Форсберг ќе биде најопасен денес за Англичаните ако успеат него да го спречат да се разигра лесно ќе одат понатака. Очекувам Хари Кејн да пружи добра партија. И запомнете Пикфорд ќе биде на висина на задачата денес. Очекувајте голем број на одбрани од него.
Има логика и се е можно иако против Шпанците покажаа само како се бранат. Јас пак мислам дека многу ќе тактизираат и индивидуален потег/шут ќе го реши овој натпревар. Ама лош прогнозер сум кажав веќе Инаку, Франција вчера воопшто не ме воодушеви со играта како пример со Аргентина, јас им давам шанса на Белгија со нив за финале.
Леле бе Мамли,жива далаверо..еве однапред ти кажувам како ќе завршат.. Вчера и лифчето овде го постирав. Јас сум коцкарот
Браво за Англија, одамна не стигнале до тука. Јас не би била толку сигурна дека Франција ќе игра финале, ама ќе видиме. Можеби најдоброто за крај го оставија. За вечер не знам што да типувам, ама верувам (некој спомна претходно) дека голманите може да бидат клучни во натпреварот.
Дали некој ме послуша за Хрватска? Се шалам. Ја гледам Колинда.Многу убава жена.За неа веќе биле херои фудбалериве, ќе ги посетела после во соблекувална Дефинитивно финале Франција-Хрватска. И за тоа не ме послушавте