Генерално фудбалот е најдосадниот и најнединачимен спорт. Пролив и очобол за гледање, но добар е за мезење и дружење.
Никој не рече дека се лоши само играта им е премногу бавна и летаргична. Го изоставија Гачиновиќ еден од побрзите играчи и сега нормално е да се се соочуваат со ваков проблем. Па ние нема да учествуваме се додека некој плаќа за да игра во репрезентација.
Бавни се мн Србите , со ваква игра тешко би победиле некој што е фаворит , јас очекував повеке од костарика , бидејки на предходното светско првенство беа 4 и мн беа борбени . Фудбалот во нашево гревно државиче одавна е пцојсано и не очекувај дека некогаш ке учествуваме во Светско првенство ... Германија 26' и сеуште без постигнат гол ..
Се гледа дека кај Германија недостасува играч од типот на Лирој Сане. Зошто го изоставил Јоаким Лев од списокот само тој си знае.
И мене ми е чудно .. Според игрите на Германците секогаш коа играле со послаб противник до сега требаше 3:0 да води , а не мексико да води ..
Мексико се солидна репрезентација, а Германија ќе мора да се консолидира бидејќи ако продолжат со ваква игра нема ниту група да поминат. Инаку уште после пријателската помеѓу Германија и Саудиска Арабија видов дека нешто не штима кај Германија и дека ќе имаат големи проблеми на Светското првенство.
О, Германија одамна не е како што ја знаеме. Ама ако, јас сум за Мексико. Бев и за Костарика прееска, али тоа е.
Јас Исланд ги чекам пак да ги гледам. Прави воини се и играчите и публиката. Со 300.000 жители се избориле за на Светско и се во добра кондиција, а ние демек 2 милиони сме па не можеме ни да замислиме да се појавиме некогаш на стадион. Респект имаат од мене. п.с. И секако Роналдо го чекам. Нека викаат дека бил педер, лигуш, плачко битно тој со цело срце игра за земјата и не му е срам да си ги покаже емоциите ако изгубат. И него си го почитувам.
Ти секогаш за послабиот навиваш @JollyGirl Исланганите дефинитивно се најшарматните и најубавите фудбалери во светсково првенство
Да едни од поубавите се и башка ми се свиѓа посебната врска што ја имаат со нивната публика и поддршка Баш ми се освежување и интересни за гледање.
Оваа година за жал Италија не игра,па така да немам некој фаворит. Во моментов ме радува водството на Мексико,другиве реорезентации не ми се интересни.
Навивам за репрезентациите од Латинска Америка, пред се за Аргентина. Од европскиот континент ги поддржувам единствено Шпанија, Португалија и Хрватска. И Русите, чисто затоа што се добри домаќини.
Од Германија не бидува првак. Килава работа.И уште еден гол ќе им дадеа. Уште стојам на тврдењето дека Франција ќе изненади годинава.
Рефке нема што да изненади Франција,и така со Бразил се најголеми фаворити според кладилници. Ама осеќам ќе има некое јако изненадување..
Сите ќе кажат дека играат со срце за земјата, ама повеќето играат за пари, слава и можност да се истакнат. Роналдо има и пари, и моќ, и слава, а и на последниот натпревар се виде кога даде 3 гола дека навистина срцето го остава на терен. Плукајте колку сакате по него, ама талентот, брзината, способноста и љубовта за фудбалот не можат да му се одземат. Јас не гледам што е лошо или страшно ако маж јавно ги искаже емоциите. Со тоа што плаче докажува дека е емотивен човек. Сепак сите сме од крв и месо, нема потреба да изигруваме лудило. Останатите машки го мразат зашто му љубоморат Згоден е, привлечен, најбогат, талентиран, има жена модел, куќи и коли какви што можеме да сониме, па верувам и јас да бев машко ќе го мразев и ќе го плукав по него.