1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Светско првенство 2010

Дискусија во 'Спорт' започната од viki44e, 21 мај 2010.

?

Кој е вашиот фаворит за освојување на Светското првенство во фудбал?

  1. Шпанија

    43 глас(а)
    29,3%
  2. Бразил

    16 глас(а)
    10,9%
  3. Аргентина

    13 глас(а)
    8,8%
  4. Англија

    7 глас(а)
    4,8%
  5. Холандија

    14 глас(а)
    9,5%
  6. Германија

    25 глас(а)
    17,0%
  7. Италија

    20 глас(а)
    13,6%
  8. Франција

    3 глас(а)
    2,0%
  9. Португалија

    4 глас(а)
    2,7%
  10. Друга земја

    2 глас(а)
    1,4%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LaRuz

    LaRuz Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    хахах добро бе светско грешка ама пак германија е јака :D
     
  2. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    морам само едно да кажам незнам дали судиите се под некој притисок, или затоа што кој пилот, кој адвокат и тн. одамна немаат судено. уствари незнам што е али што и да е не смее али едно големо не смее на едно првенство како светсково да се прават такви грешки значи многу утакмици уништија судиите :fubar:
     
  3. Schmetterling

    Schmetterling Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    14
    судиите на ова светско се стварно катастрофа,ама ја пак си се радувам дека Германија си победи,сепак подобро се покажаа...а ако играат со Аргентина ја мислам дека можат да ја победат,зошто да не па на минатото светско ја победија :)
     
  4. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Јас не за џабе постирав извадок за тоа дека Германија досега секогаш има играно во четврт финале! :clap: На ова светско имаат многу повредени играчи и немаат ѕвезди како што има во другите репрезентации, ама пак покажаа дека се едни од најдобрите во светот. Прекрасна игра покажаа на овој натпревар. Ај да завршеше 2-2 па да се буните дека заради непризнаениот гол изгубиле англичаните, ама резултатот 4-1 сам кажува колку се јаки германците. Ако го признаеја голот ќе завршеше 4-2 за германците и пак они ќе победеа. Голема е разликата од 3 гола, а англичаните покажаа очајна игра, додека во текот на целиот натпревар Германците напаѓаа и создаваа шанси за удар.

    I <3 Germany!!! :inlove:
     
  5. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    Е баш сакам со Аргентина да играат, па малку да ги протресат,многу ќе ми биде мерак.
    И пак ќе кажам, англичаните останаа многу оштетени, не викам дека ќе победеа,можеби и немаше, но не им дадоа шанса да играат рамноправно. Стресот,нервозата која ја предизвика одлуката на судијата е многу одлучувачки психолошки фактор.
    Истото се случи на Светското првенство во ракомет,кога играа Македонија -Германија, каде водевме ние се до пред крајот,кога судиската одлука -црвен картон за К.Лазаров беше толку разорна за нашиот состав,што на крај изгубија тотална концентрација,беа нервозни и дезориентирани.И победи Германија.Кој гледал знае за што зборувам.
    Сакам да кажам дека фер судењето во спортот е од круцијално значење врз психичката стабилност и мотивираноста кај играчите.
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    А бе срцка Германија има неколку титули во светски и европски првенства..не знам точно колку златни, сребрени итн..Ама се меѓу првите три репрезентации..Неоспорно е тоа..Не знам ова девојкиве што ги оспоруваат ко репрезенатција?! :envy:Знаеле тие се |( ..Психички паѓале?? Никогаш! :!: ..Се начитав искрено глупости сега овде во некои постови.А Англија од пред две првенства се покажа дека е слаба веќе во натпревари кога се репрезентации во прашање..Очигледно е тоа.Многу ги дигаа ама што дека..Германците се упорни..борбени,дисциплинирани и си гледаат своја работа и знаат и во последнитe минути да закачат голови..А бе впрочем и такви се по менталитет..Криво им е што некои репрезенатции не заслужија да одат понатаму. ]:) :)
     
  7. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Еве какви резултати има постигнато Германија на светските првенства. Секогаш е меѓу првите три. :*

    - Италија 1934 3. место
    - Швајцарија 1954 ШАМПИОН
    - Шведска 1958 4. место
    - Чиле 1962 четвртфинале
    - Англија 1966 2. место
    - Мексико 1970 3. место
    - Германија 1974 ШАМПИОН
    - Аргентина 1978 2. рунда
    - Шпанија 1982 2. место
    - Мексико 1986 2. место
    - Италија 1990 ШАМПИОН
    - САД 1994 четврт-финале
    - Франција 1998 четврт-финале
    - Јапонија/Кореа 2002 2. место
    - Германија 2006 3. место
     
  8. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Колку се воодушевувам сега кога го гледам Марадона како се радува од срце и како ги гушка фудбалерите. Стварно е легенда човекот. :clap:
     
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Исто и јас. :) И ми мириса дека така и ќе биде... 80та минута 3 - 1 за Аргентина. :)
    Така да Аргентина - Германија,3ти Јули 16:00h.Шансите да победат се мали,прееемногу мали. ;)
     
  10. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Не знам дали знаеш ама на претходното светско Аргентина изгуби од Германија. Германија беше единствена што ја победи Аргентина.
    Знам дека ќе им биде тешко на Германците затоа што сега се со послаб состав за разлика од тогаш, ама битно дека натпреварот ќе биде многу интересен и квалитетен затоа што и двете репрезентации се многу јаки.
     
  11. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Знам,меѓутоа предходното светско беше пред 4 години.Составот сега е променет,а дали е кон подобро или полошо ќе видиме на 3ти. ;)
     
  12. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    :lol: :lol:
     

    Прикачени фајлови:

  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    :whew: :D Аргентина е најзакон. И има да вриштам до крајот на првенството :lol:
    Инаку, жално е за Англија, и покрај тоа што, во ред, признавам Германците ќутат, ама кога ќе ѕвекнат, ќе се вртат другите со саати во круг, сепак судиите се НЕ слаби, туку целосно абер немаат од фудбал. Не е фер, не е добро за репутацијата на еден ваков настан од светско ниво, срамота. По којзнае кој пат, КАТАСТРОФАЛЕН ТЕК на утакмиците.
    И плус, да беше само таа грешката, ако е воопшто грешка, целосно предавство беше, на Англија, ајде некако, ама и во вечерашнава утакмица имаше слична ваква, и уште многу други пропусти.
    Уништено светско. Срамота.
     
  14. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Многу лошо се вкрстија натпреварите за во осмина финале. Европските држави испадна да играат меѓусебно Германија - Англија, Холандија - Словачка и Шпанија - Португалија, така да само 3 европски можат да продолжат во четвртфинале.
    Штета. Инаку Аргентина и Холандија имаат досега 100% учинок на ова светско што значи сега за сега најдобри се. Инаку типувам дека полуфинале ќе играат Уругвај - Холандија и Германија - Португалија. За натаму незнам. Инаку и Аргентина е страшна, закон игра, посебно ми е мило за Марадона и Тевез, ама мислам дека ќе испаднат од Германците во четвртфинале. Поздрав до сите љубителки на фудбалот и навивајте денес за Холандија :*
     
  15. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Еј ми текна нешто, ајде да типуваме сите за тоа кој ќе победи во четврт финале, па во полуфинале и каков ќе биде крајниот исход од ова светско од 1 до 4 то место. На крајот ќе видиме кој бил најдобар прогнозер. Значи веќе ги знаеме првите четвртфиналисти 1.Уругвај - Гана и 2.Германија - Аргентина. Денес и утре ќе го добиеме останатите, по мое мислење 3 се сигурни 3.Холандија - Бразил и 4.Парагвај со Шпанија или Португалија. Понатаму вкрстувањата одат вака победникот од 1 игра со победникот од 3 и победникот од 2 игра со победникот од 4.
    Па да ве видам девојки колку ве бидува за типување. Според мене кажав веќе полуфинале Уругвај - Холандија, Германија - Португалија. И ФИНАЛЕ Холандија - Потругалија.
    Конечен исход
    1. Холандија
    2. Португалија
    3. Уругвај
    4. Германија
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Зашто Вери се послаб состав??Може да се каже се подмладен изменет состав ама како што германците никогаш во ништо не се подценуваат себе и не се сметаат за слаби така и ние не треба така да мислиме за нив напротив.. :) А како што кажа Кате21 во својот пост дека германците така си ќутат а после за секунд знаат да звекнат..Е богами такви се и по менталитет(од искуство)..знаат да ти приредат такво изненадување да не знаеш за себе ни како се викаш.. :tmi: Ама тоа е..Никогаш не ги подценувајте..Во фудбалот они секогаш ќе бидат присутни и една од најдобрите светски репрезенатции..Додека За Англија и Франција можеби и Италија тешко да се каже.Се расприкажав :lol:
     
  17. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Ќе видеме Бразилците вечер како ќе се покажат..Баш би сакала да ги гледам во финале.... :*
     
  18. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    хехехех јас уште од почеток типувам за бразил а се разбира и за холандија. баш ми е мило што отидоа понатаму холанѓаните и ајде со среќа бразил вечер :rock: :dance: :y:
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.285
    Пол:
    Женски
    Сепак, и покрај сите аргументи сметам дека Германците не се силна репрезентација. Беа, кога Западна Германија ги освојуваше титулите, а после тоа се задоволуваат со тоа да бидат трети, четврти, петти... велите дека удираат тогаш кога не очекуваш - а зошто не удрат тогаш кога најмногу треба? Се задоволуваат со трошките. Треба да одат на се или ништо, ама едноставно во најважниот момент психички попуштаат, веројатно поради преголемиот притисок да се освои титула. Вчера мечот против Англија можеше да има поинаков епилог, ако регуларниот гол беше признат. Не дека Англија е силна, ама можеа на среќа, на пенали да се извадат. Тешко дека Германците ќе дадеа уште два гола така лесно, ако Англичаните играа како што треба. Ајде, ќе видиме како ќе се покажат против Аргентина. Ако ја победија на минатото Светско, не значи дека и сега ќе ја победат. Аргентина ќе сака реванш. А играат сосема различен фудбал. Не ми се допаѓа тоа што Германците играат многу грубо, исто и Англичаните. Да, фудбалот не е балет, ама тоа не е причина да повредуваш луѓе. Ако некој се најде навреден од мојот пост, не ми е гајле. Исто како што ме навредува мене кога ја плукате Италија.
     
  20. Schmetterling

    Schmetterling Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    14
    баш вчера покажаа англичаните и германците дека не играат груб фудбал,само 2 жолти имаше и многу малку фаули,додека на утакмицата бразил и португалија 50 имаше
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.