Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Светско првенство 2010

Дискусија во 'Спорт' започната од viki44e, 21 мај 2010.

?

Кој е вашиот фаворит за освојување на Светското првенство во фудбал?

  1. Шпанија

    43 глас(а)
    29,3%
  2. Бразил

    16 глас(а)
    10,9%
  3. Аргентина

    13 глас(а)
    8,8%
  4. Англија

    7 глас(а)
    4,8%
  5. Холандија

    14 глас(а)
    9,5%
  6. Германија

    25 глас(а)
    17,0%
  7. Италија

    20 глас(а)
    13,6%
  8. Франција

    3 глас(а)
    2,0%
  9. Португалија

    4 глас(а)
    2,7%
  10. Друга земја

    2 глас(а)
    1,4%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ^^ Фала срце, јас изгледав само неколку утакмици, не сум у тек со октоподот :lol: , не ми беше јасно , мислев има човек што предвидува и се нарекува октопод :rofl: Ахахахахахахахаха, како и да е... и јас сум за Германија! ;) Поздравче :*
     
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    А според оваа статистика, Германија треба да биде шампион оваа година :l:

    [​IMG]
     
  3. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Фала душич за тоа што навиваш за моите Германчиња :) Luv ya :*
     
  4. Schmetterling

    Schmetterling Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    17
    а ја читав на една страна коментари од некој од америка и типов кажува дека со другар му гледале на некој сајт предвидувања за светсково,и сите биле точни дури и резултатите биле предвидени,баш за германија и аргентина предвиделе 4:0 и овие се смееле као нема шанса:)) и кажуваше дека предвиделе дека германија и холандија ќе бидат во финале и ќе било 1:0 за германија :))) еве се исполни дека холандија ќе игра во финале,а за германија баш ќе видиме :)
     
  5. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
  6. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    ( prezemeno od Idividi )

    Која селекција е во предност? Тешко да се каже во ваквите дуели, но според формата што ја прикажа, особено во нокуат мечевите, Германија и тоа како може да се надева на победа и пласман во финалето. Германската "фурија" ги "прегази" и Англија и Аргентина, и со голем стил стигна меѓу најдобрите четири светски селекции. Сега на ред е Шпанија, а кај "панцирите" е присутна и желбата за одмазда поради поразот во финалето од ЕП 2008 година со 1:0, со што им ја скрати можноста на Германците да се закитат со трофејот. Вистинска фудбалска еуфорија владее во Германија. Сите со нетрпение го очекуваат овој меч кој е финале пред финалето, и искрено се надеваат дека нивната омилена селекција ќе има можност в недела да се бори за големиот трофеј на Мундијалот.

    Селекторот Јоаким Лев ја смета селекцијата на Шпанија за фаворит на овој дуел, но и дека Германија има шанси за триумф.
    "Не сакаме одмазда од финалето од 2008 година, туку ќе играме за победа. Во 2008 година немаше сомневање дека Шпанија беше најдобрата селекцијата на Европското првенство. Но сега ситуацијата е сосема поинаква. Имаме добра екипа и со причина веруваме дека можеме да успееме. Шпанија и натаму е фаворит. Тие немаат само еден Меси, туку имаат повеќе 'Месија'. Поседуваат одлични фудбалери кои во секој момент може да постигнат гол. Не треба да им го дозволиме тоа", изјави Лев.

    Шпанија е селекцијата која лошо тргна на Мундијалот, потоа играше добро за во нокаут фазата "едвај" и со многу среќа да се "протнуваат" во полуфиналето. Прво ја совладаа Португалија со 1:0 со гол од офсајд, а потоа и Парагвај со идентичен резултат, во драматичен натпревар во кој Парагвајците имаа и џекпот - пенал, но не го искористија. Па така најдобриот стрелец на првенството, Виља, во 83. минута им ја донесе победата, која ги "вкрсти" со Германија, а заслужен за тој голем триумф е Касиљас, кој освен одбранетиот пенал, фати "зицер" во последните секунди од мечот.

    "Сите зборуваат дека бевме одлични на ЕП 2008 и дека мораме да го освоиме Светското првенство. Луѓето го сакаат трофејот светски шампион. Знаеме дека натпреварот со Германија е најважниот во историјата на Шпанија, поважен од она финале пред две години. Не дојдовме тука да бидеме трети или четврти, туку први. Затоа денеска одиме на победа", рече голманот Касиљас.

    За разлика од Дел Боске, кој само го "мачи" повредата на Фабрегас, Лев се соочува со дилеми. Нема да може да смета на Томас Милер поради суспензија, па така селекторот на Германија се уште размислува дали во игра да го стави Какау, Троховски или, пак, Крос.

    Германија веќе има искуство во овие полуфинални дуели, и е подобра од Шпанија во дуелите на Светските првенства. Колку тоа ќе биде клучно за овој меч, останува да се види. Едно е јасно, љубителите на фудбалот во Светот ќе имаат можност да уживаат во уште еден супер натпревар на овогодишниов Мундијал.
     
  7. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    ПОСЛЕДНИ ТРИ НАТПРЕВАРИ НА ГЕРМАНИЈА

    -03.07.2010 Аргентина - Германија 0:4

    -27.06.2010 Германија - Англија 4:1

    -23.06.2010 Гана - Германија 0:1

    ПОСЛЕДНИ ТРИ НАТПРЕВАРИ НА ШПАНИЈА

    -25.06.2010 Чиле - Шпанија 1:2

    -29.06.2010 Шпанија - Португалија 1:0

    -03.07.2010 Парагвај - Шпанија 0:1
     
  8. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    ИНТЕРЕСНО...

    *Германија нема пораз од Шпанија на светските првенства победувајќи двапати, и еднаш играјќи нерешено.

    *Германците постигнаа најмногу голови од сите селекции на првенството во Јужна Африка, дури 13.

    *Томас Милер ( Германија ) има 100% ефект на овој Мундијал. Од 4 удари кон противничкиот гол, има исто толку погодоци. Тој нема да игра на оваа средба поради два жолти картони.

    *Ниту едно од досегашните полуфиналиња на Светските првенства не завршило со почетниот резултат 0:0.

    *Чави е фудбалерот со најмногу прецизни додавања во досегашниот тек на Мундијалот (404).

    *Шпанија за првпат во својата историја игра во полуфинале на Светско првенство. Досега нивно најголемо достигнување беше четвртфинале.
     
  9. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    ( izvadok od sp2010.mk )

    Селекторот на Шпанија, Винсенте дел Боске покаже респект кон вечерашниот противник Германија на синоќешната пресконференција.

    Од мал знам дека германците секогаш се во финале“, изјави селекторот на црвените на официјалниот брифинг пред натпреварот.

    „Предстои да видам дали ваквите тврдења повторно ќе бидат докажани или не“, призна стратегот. „Нема големи разлики со тимот од 2008 година. После европската титула ни дојде самодовербата. Сепак точно е и дека не сме постојани во игрите“, не скри Дел Боске.

    „Дуелот со Германија ќе биде многу изедначен, ќе има долго периоди на владеење на топката. Тие играат многу добро во контра напади, имаат добра одбрана и добри индивидуалци. Ние сме две силни селекции и меѓу нас ќе определиме која е посилна“, заврши тој.
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    А тој пусти октопод да не е шпанец?! :^) :D Да не е од водите на Шпанија изваден па нормално субјективен е и ќе се лигави и лепи на знамето. ;) :D До ВЕРИ- Немој да се нервираш за глупости..не се потресувај бе срцка..што ќе биде ќе биде..ние треба да веруваме во Германците.До сега покажаа најдобра игра.
     
  11. Schmetterling

    Schmetterling Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    17
    леле ја не го гледам натпреварот,страв ми е :rofl: ќе се нервирам многу ако губи Германија :( а ако победи ќе ја гледам снимката,ако не ич не гледам :rofl:
     
  12. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    93
    ГЕРМАНИЈА !!!!
     
  13. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Ајде девојки денес е ваш ден: Џули, Вери, Лижалка, Шметерлинг... Се надевам денот весело ќе ви заврши. Јас сум непристрасна денес, сакам само да погледнам добар фудбал и што е можно повеќе голови :)
     
  14. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Џули, Лижалка, Шметерлинг и сите други што сте за Германија, многу ве сакам и со среќа нека ни е вечер :*

    [​IMG]
     
  15. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Карак гризни си јазик какво губење!Ако изгубат ќе те тепам :punch: хахахах ајде стискаме палци! :x :*
     
  16. Schmetterling

    Schmetterling Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    17
    и ние те сакамеее :* одимеееее Германијааааааааааааа!!!!! :rofl:
     
  17. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    :D Ме изнасмеа коментаров :y:
    нема да губи,гледај ;)
     
  18. Schmetterling

    Schmetterling Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    17
    :rofl: стварно ќе плачам ако изгубат,и тоа многуууу :)
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.091
    Пол:
    Женски
    Има ли некој за Шпанија? Или се германки се тука? :^)
     
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Ајде вечерва по еден дијазепам ;) :lol: и пред ТВ!Да навиваме за Германија!Поздрав до Вери,Шметерлинг,Лижалка,Рената 77 и други кои се со нас :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.