1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Светско првенство 2010

Дискусија во 'Спорт' започната од viki44e, 21 мај 2010.

?

Кој е вашиот фаворит за освојување на Светското првенство во фудбал?

  1. Шпанија

    43 глас(а)
    29,3%
  2. Бразил

    16 глас(а)
    10,9%
  3. Аргентина

    13 глас(а)
    8,8%
  4. Англија

    7 глас(а)
    4,8%
  5. Холандија

    14 глас(а)
    9,5%
  6. Германија

    25 глас(а)
    17,0%
  7. Италија

    20 глас(а)
    13,6%
  8. Франција

    3 глас(а)
    2,0%
  9. Португалија

    4 глас(а)
    2,7%
  10. Друга земја

    2 глас(а)
    1,4%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Топче си направи... :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    хахахахахахахахахаха ме изнасмеа. За полесно да го голтне, или да го излижи незнам што се случува во неговата уста. И се надевам нема ни да дознаам. :rofl:
     
  3. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Вери, јас си бев фан на Италија, исто како и ти рацете ми се тресеа кога мојот омилен тим,Италја отпадна, бев толку возбудена. Но не значи дека ако мојот фаворит испаднал од игра, јас не можам да навивам за некој од останатите, иако сум лојален фан на тимот од Италија..
    Честитки и за тебе, морам да признаам дека германциите добро изиграа иако не навивав за нив на оваа ‘‘утакмица‘‘.

    Честитки и до навивачките на Шпанија, по втор пат, и соочувство на тие на Германија.

    А за видеото постирано од Трендафилка, грозно, бљак :puke: :D :D
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.470
    Допаѓања:
    201.255
    Пол:
    Женски

    Јас не се разбирам од фудбал?! Ама ајде... не ми тропај таму глупости, не ме познаваш, и врска немаш колку јас знам од фудбалот. Јас не сум за било која екипа што игра против Германија, јас само кажувам дека никој не вреди да се велича толку. Ако веќе Германија беше толку силна, кај беше синоќа? Г од Германија не видов на теренот. Настрана тоа што само 5-6 вистински Германци играат за Германија, се се некои деца на доселеници родени таму. А онаа Германија што освои три титули светски првак беше вистинска Германија, и овие сега можат вода да и носат. АШпанија синоќа приреди вистинск фудбалско шоу - таков треба да биде фудбалот - испаднаа подобри мајстори во дриблање дури и од Бразилците, за кои што знаеме дека на тоа поле се неприкосновени.
    Јас навивам за Италија, и како што реков, поарно што не поминаа ни прва група, затоа што ќе ми беше мака, како што сега ти е криво тебе, некој да ги запреше во полуфинале. А тоа верувај, е многу полошо. Како што кажав, од 1990 година наваму Германија го има истиот проблем - кога треба да биде најсилна, попушта. А тоа не ја прави силна било која репрезентација. И кога веќе се работи за Светско Првенство, нема силни и слаби репрезентации - сите се силни, кога веќе стигнале до Светско - и тогаш се одлучува кој е најдобар меѓу најдобрите. И ако некоја репрезентација одвај победува, со 1-0, тоа не значи дека е слаба. И Холандија и Шпанија лека полека си го изодеа патот до финалето, запнаа кај што треба и го издржаа притисокот, што не може да се каже за Германија. И било која репрезентација да беше на нејзино место, истото ќе го зборев. Нека издржат еднаш, машки како што треба до крај, нека го подигнат пехарот - па тогаш ќе им оддадам признание дека се најдобри. Како што би направила за било која репрезентација. И најважен е пехарот за прво место, колку сакаш ти залажувај се дека вредат останатите два. Тие се трошки во споредба со титулата. Да, најважно е да се учествува, ама кога веќе учествуваш, зошто да не победиш? Затоа и не ми е криво што Италија испадна во првиот круг, заслужено беше. И не навивам за никого конкретно. Само сакам добар фудбал. И она што ми пречи е кога некој се обидува да ме разубеди во мислење што го имам изградено со години следење фудбал. Е така да си знаеш.
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.470
    Допаѓања:
    201.255
    Пол:
    Женски

    Само ти теши се... се виде кој навистина доминираше со топката... Германците не можеа да им ја земат на Шпанците од нозе. Се виде дека Милер им фалеше... ама сам си е крив. И почист, пофер фудбал од синоќа немам гледано. Секоја чест за двете репрезентации!
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Ова што го пиша Шметерлинг не е тешење!реалната слика на светското е таа.Се виде кој покажа добра игра и кој имаше повеќе среќа.Ако, Шпанија нека се порадува на едно финале барем. ;) ]:)
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Вери срце не се труди да им објаснуваш..Кога некој е против некого тогаш подсвесно значи или е завдилив или се диви или се плаши од истиот.Така да за добрим коњем прашина се диже! 8) :)
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Ај бе ТрендафилКО ]:) :D ..Ова не ти требаше! :devil: :)
     
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Аннатх..аман девојко не мора ти се на долга и на широка да ја правиш секогаш.
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    ^^ Шала, малку да се ублажи оваа вжештена атмосфера. :)
    Не сум јас против никој, ниту посебно за некој, неутрална сум, ко Швицарска ;)
     
  11. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl: :rofl:

    Јас бев за Германија, ама мора да признаам дека Шпанија заслужено си победи.
     
  12. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Германија вчера не беше силна затоа што се измори од претходните натпревари, додека Шпанија немаше никакви тешки натпревари пред овој. Шпанија играше со слаби противници, додека Германија беше таа што ги испрати главните фаворити дома. Тоа е среќа. На некој ќе му се падне лесна група и лесно без поголеми потешкотии ќе стигне до крајот. А Германија се измачи јако за да стигне до тука. Јас сфаќам дека ти не ги сакаш Германците и едвај чекаш да згрешат нешто, ама криво ми е тоа што не сакаш да признаеш дека имаат најдобар учинок на првенството. Никој не приреди подобра игра од почеток до крај. Секој познавач на фудбалот, колку и да ги мрази Германците ќе признае дека беа многу јаки годинава. А ако стварно се разбираш во фудбал, и ти би требало да го сториш истото.

    Ова што го кажа, нема баш никаква врска. Сега па тоа ли ти смета? Кој бил од германски родители, а кој бил доселеник? |( Сите што имаат полски презимиња, нивните родители се доселени таму а они се родени во Германија и имаат германско државјанство. А самите играчи можат да изберат дали ќе играат за Германија или за земјата од каде што потекнуваат, ама самото тоа што ја избрале Германија говори за фактот дека секој играч би посакал да игра во таква светска сила.

    Шоу?? Победи со 1-0 и тоа ли е за тебе шоу? Епа ако победа од 1-0 е шоу за тебе, тогаш зошто ти е тешко да признаеш дека победата на Германија со Англија од 4-1, над Аргентина од 4-0, над Австралија од 4-0, беше вистинско шоу.

    И Холандија и Шпанија има лесни противници, што не може да се каже за Германија. Холандија единствено го имаше Бразил како голем противник и таму требаше да се потруди повеќе, додека Шпанија не играше со ниедно големо име од светскиот фудбал. Не знам за кај збориш дека запнале и го издржале притисокот, затоа што дури вчера Шпанија за прв пат на првенството имаше тежок противник. До сега со леснотија стигнаа до тука и на среќа. А за разлика од нив, Германија уште одамна почна да игра со вистински противници.
    Без разлика колку ги мразите Германците, сите добри познавачи на фудбалот и сите светски познати имања од светот на фудбалот, изјавија дека Германија беше вистинската сензација на првенството. Да не беше Германија, немаше да има интересен фудбал на ова светско. Не ги измислувам овие изјави, туку гледам емисии на CNN i Eurosport каде што секој ден има програма со најпознатите стручњаци, тренери и бивши големи фудбалери и сите со воодушевени изјави зборуваат за играта на Германија. Без разлика што испадна во полуфинале, Германија има најмногу погодоци на ова светско првенство, а на Мирослав Клосе ( Германија ) му фалеше само уште еден гол за да го собори рекордот за најмногу постигнати голови на светско, кој за сега го држи еден од најдобрите фудбалери на светот Роналдо од Бразил.
     
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Вери а од кај па ти толку компетентна да судиш дали ја се разбирам од фудбал или не? А? Значи според тебе ако изгубила екипата која што навиивам не треба да продолжам да гледам фудал, нели? И дај молим те, престанете со тоа да се фалите демек Германија имала најмногу голови, дрн, дрн, фудбал е тоа алоооо, и игра и прашање на среќа. Јас убаво си кажав дека од мала со татко ми одкако гледам фудбал германија секогаш ми играла Хитлеровска игра, демек ние сме германци, ако сакаме сите можеме да ги победиме :tmi: . И да, сакав да победи Италија, ама по поразот и сиктер одењето дома признав дека играа ко мали деца, немаа ни ф од фудбал, се влечеа по терен. Дури и се срамев што отсекогаш навивам за нив. За Аргенитна исто, на натпреварот со германија Меси се изгуби потполно, што беше финтата абер немам. Ама не вреѓав ниту еден од вас, честитав!!!
    И за крај да ви кажам, батали државата, тоа се сепак поединци според мене, клубските натпревари ми се подобри, баш поради ова, некој знае да игра вака, некој така, не се сите исти. Ти дека навиваш за ГЕРМАНСКИТЕ ИГРАЧИ гледам, изгледа навиваш за сите клубови каде што тие играат? Или не?
    Фудбалот е игра, и секој има право како сака да го тумачи. АНатх ви дава добри факти, ама вие се запнавте ко Грк за маслинка, најмногу голови та најмногу голови. Е добро, имаа најмногу голови ама друг ќе се радува на трофејот!!!
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.470
    Допаѓања:
    201.255
    Пол:
    Женски
    Вери, ако си ти вистински познавач на фудбалот, ќе знаеш дека нема лесни и тешки противници, лесни и тешки групи, особено кога се работи за Светско Првенство, тука сите се на исто. Секој противник треба да се гледа како рамен на себе, не смее да се потценува. И секој со среќата. Мене не ми се криви ниту противниците, ниту судиите, ниту топката (како што некои велеа на ова првенство, дека не чинела) - кога мојот тим ќе изгуби, изгубил затоа што не го бивало, а некогаш ќе речам дека стварно немале среќа. Не играше само Германија тешки натпревари, сите играа. Да не одмараа Шпанците случајно? Или Холанѓаните или не знам кои? Па ако се измориле, тоа не е оправдување. Сите беа уморни, не само тие. Ама добро, ај еве ќе признаам добри беа, ќе ти го направам ќефот. Нека биде како што велиш, па се надевам дека ќе ти помогне да се чувствуваш подобро.

    Ама шоу не е само давањето голови. Гол може да се даде од било која ситуација, со било каква игра, важно е дали натпреварот бил возбудлив или не, дали имало шанси, дриблинзи, игра - а не досаден фудбал. Како и да е, немам намера веќе да се препукувам тука. Јас само си го кажав мислењето, а твој проблем е ако не се сложуваш со мене.
     
  15. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Така е. Ако беше многу јака, ќе победеше со голема разлика, а не еден гол од среќа. Никој не може да приреди таква феноменална игра како Германците што победуваа со 4-0 :clap:

    Баш така. Цело светско Германија убедливо победуваше, а не како некој што победува со одвај еден гол постигнат.

    Deutschland 4ever!!! :l: :l: :l:
     
  16. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Значи стварно сте провидни и досадни со тоа бројот на головите бре :o
    Сфатете дека еден гол на „тешка утамкица“ значи многу повеќе од десет други голови. Ако има многу голови значи дек играта била лесна, издржлива и немало некој посебна борба измеѓу тимовите. Еве пак ќе ве прашам, зошто и Германија не даде барем еден гол? Или зо што Аргенитна не даде барем еден почесен гол, да не оди дома толку разочарана. АМАН!

    Трофејот ќе оди кај некој, кој не е битно, тие ќе си слават!!! ВЕри, плус те прашав нешто не одговори :^) :?: :wasntme:
     
  17. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    Јас си навивам за Шпанија, и за Италија, ама они се друга прича у муабетов.
    Прво, Шпанија вчера ги растури Германците на секаков план, ја немаше онаа нивна препознатливост,борбеност, според мене најголем удар за германците бесе отсуството на Милер, и тоа како се осети, беа како исечени нозе без него, он имаше извонредни асистенции и голови.
    Второ беше тактиката, цела утакмица чекаа Шпанија да нападне за да идат на контра , што се покажа како лош потег, ама таму се најсилни па идеа на најдоброто оружје. Тоа дека Германија имала потешки утакмици се глупости, пошто сите играа исти утакмици, Шпанија од дното се вивна во финале и ја покажа својата вистинска слика, каква што ја знаеме од 2008. Германија си беше константна,беше сензација на светското тоа никој не може да го оспори, беа исклучително добри, ама вчера се покажа дека од нив имало и подобар ,и во 2008 исто се покажа. Исто изгубија и од Србија, можеби ги потценија, можеби поради црвениот картон, ама во секој случај не беа unstoppable.
    Убаво си кажа коментаторов на МТВ, можеш да ги мразиш,да ги презираш,но не можеш да не ги почитуваш.Е таква е ситуацијава кај мене. Не можам да ги сакам,ама ги респектирам зашто се навистина добри. Ја сум објективна и тоа е мое мислење.
     
  18. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Не викам да се потценува противникот, ама има многу голема разлика да играш со Аргентина и да играш со Парагвај на пример. Самиот натпревар со појака репрезентација, си носи своја тежина, бара поголема анализа и подготовка и мора да се направи поголем напор за да се стигне до победа. А лесни и тешки групи има и тоа е многу битен фактор во каква група ќе се паднеш. Има групи кога ќе ги погледнеш, одма знаеш кој ќе избие прв во групата, затоа што има еден фаворит, а другите се послаби екипи. Додека од друга страна, има групи каде што повеќето репрезентации се на исто ниво и е тешко да се каже кој ќе биде прв. И Брегот на слоновата коска е подобра репрезентација од некои други што ја поминаа првата група, ама за нивна несреќа се најде во тешка група и не успеа да помине понатаму. А да и се паднеа полесни противници ќе имаше можност со својата игра да си обезбеди пласман за понатаму. Е тоа ти е, тешки и лесни групи. Постојат посилни и послаби репрезентации. И не може да бидат сите исти. Не може една Аргентина да се споредува со Кореја ( пример ) само затоа што и двете се пласирале на Светско. Има послаби и појаки групи, и тоа како влијае на понатамошниот тек на натпреварите на секоја репрезентација. Некој на среќа може да стигне до полуфинале, а некој може да се претепа од работа и труд за да стигне до истото место. Така да , големо влијание има распоредот на групите.[/quote]
     
  19. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Не забележав точно што ме праша во претходниот пост. На ова ли мислеше?

    Јас во претходните постови убаво објаснив што сакав да кажам со тоа " лојални навивачи ''. Не викам дека ако на некој му испадне фаворитот, дека не треба да продолжи да гледа. И мене ми испадна фаворитот, па пак ќе продолжам да гледам до крај. Она што јас го кажав е дека ме нервираат такви изјави од типот " било кој да победи само не Германија ", или како што некој имаше пишано '' бев за италија, вечерва за шпанија, во финале за холандија"
    :^) Па ако си бил за Шпанија, навивај до крај за неа, еве Шпанија не испадна, оди понатаму, тогаш до крај си биди за неа. Нели е така? Тоа сакав да кажам јас, дека ги почитувам сите навивачи без разлика дали се согласуваме или не,а не некои што гледаат само од забава и што секој ден за различен навиваат.

    Ова ли беше второто прашање?

    Точно е дека клубскиот фудбал е поквалитетен од репрезентативниот. Јас ги следам и шпанската лига, италијанската, германската и англиската. Најинтересна ми е премиер лигата и навивам за Челзи. Од Бундес лигата сум за Баерн Минхен, најнормално, ама и Баерн Леверкузен и Шалке се добри екипи.
    И третото прашање

    Не даде ниеден гол затоа што и беше тежок натпревар, плус играше без најдобриот напаѓач, значи имаше проблеми со составот, и затоа што беше исцрпена од сите претходни тешки натпревари што и се паднаа и успеа да ги совлада. Додека Шпанија беше физички и психички поподготвена, затоа што немаше такви исцрпни натпревари, како што беше случај со Германија. А ако Германија, беше толку слаба, тогаш Шпанија можеше да ја победи со поголема разлика, а не еден единствен гол. Затоа што, кога Германија победува, победува со големи разлики.
     
  20. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Тоа го ценам и се обидував цело време да го објаснам. Секој си има своја омилена репрезентација и најнормално дека ќе навива за неа, ама треба да се признае кога некој е добар. Без разлика што некој ги мрази Германците, треба реално да признае дека покажаа одлична игра. Не можеш да ги сакаш, ама ги почитуваш затоа што знаеш каде е нивното место во фудбалот. Секогаш се меѓу првите три репрезентации и самото тоа говори дека се едни од водечките сили во светот на фудбалот.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.