1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Светско првенство 2010

Дискусија во 'Спорт' започната од viki44e, 21 мај 2010.

?

Кој е вашиот фаворит за освојување на Светското првенство во фудбал?

  1. Шпанија

    43 глас(а)
    29,3%
  2. Бразил

    16 глас(а)
    10,9%
  3. Аргентина

    13 глас(а)
    8,8%
  4. Англија

    7 глас(а)
    4,8%
  5. Холандија

    14 глас(а)
    9,5%
  6. Германија

    25 глас(а)
    17,0%
  7. Италија

    20 глас(а)
    13,6%
  8. Франција

    3 глас(а)
    2,0%
  9. Португалија

    4 глас(а)
    2,7%
  10. Друга земја

    2 глас(а)
    1,4%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    http://www.youtube.com/watch?v=PhkOeCw8kVI
    Нека им е честито на Гана :)
    Ајде вечер моите фаворите Германија ( само без Балак ќе им биде многу тешко ) ;(
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.800
    Пол:
    Женски
    Нема да биде интерено без Балак...
     
  3. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Така е, Балак е срцето на тимот :) Многу ми е криво за него ;(
     
  4. LaRuz

    LaRuz Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    eee konecno asalen futbal gleavme vecerva :D ovie germancive izgledaat dosta seriozno i bez balak i jaki se pa moze go gleavme noviot sampion ama kako i da e ima uste dosta za igranje pa ke vidime :)
     
  5. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.298
    Пол:
    Женски
    Вечер стартува и Италија... ехххх... ќе биде интересно! :clap: :clap: :clap: :clap:
    А што се однесува до досегашните натпревари, па можам да кажам дека е просечно... камо ги мечевите кога се даваат по три-четири гола минимум на меч?! Добро, Германија синоќа беше исклучок, и Англија - САД беа така поинтересни - другите за никаде. Инаку, Германците пак со старата песна... ќе се испукаат на почеток и после ко балонче ќе издишат... а бе умот не им иде :wasntme: :P :D
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    хехе..Аннатх..Германците играат тактички...многу не се брзаат и на почеток не даваат 100% од себе ама затоа во второто полувреме знаат дури и во последните минути да напикаат по 5 гола па другите да се чудат што ги снашло. 8)
     
  8. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Германија на сите светски и европски првенства е секогаш меѓу првите три репрезентации, што значи дека не држи место тоа што викаш дека на почеток биле јаки а после ги снемува :^) Секогаш ја поминуваат првата група и играат во четвртфинале, а речиси секогаш стигнуваат и до финале. И баш Германија важи за репрезентација што игра најдисциплинирано и никогаш не им паѓа концентрацијата на сред натпревар, туку секогаш играат добро до последната минута без разлика дали победуваат.

    П.С. Ајде сега за 10-тина мин. едвај чекам Италијанците да почнат :) И за нив навивам ( освен за Германија ) ;)
     
  9. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Сакам да победи Германија,мислам дека време му е да освојат првенство,отсекогаш сум навивала за нив и имам добиено на облог,и плус Подолски ова она... ;) Од другите репрезентации можеби и Англија имаат шанси,али антифаворит ми се Шпанците,сакам да отпаднат заради Гана или некои уште поотепани,иако сум свесна дека ќе биде тешко поради нивната моментална форма.
    Но,топката е тркалезна и секогаш се` е можно во фудбалот. :D
     
  10. Melanie

    Melanie Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    89
    Moi favoriti se Portugalija i Brazil a isto i Srbija po komsiska baza :) Ehh kolku bi bilo ubavo i nie da ucestvuvavme ali nisto toa tesko nekogas da se sluci
     
  11. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    http://www.youtube.com/watch?v=lMUTa_4jmvA

    Како изненадија Парагвајците :o Сите беа сигурни дека Италија ќе победи вечерва. Ама мило ми беше за голот што го дадоа затоа што нели кажаа дека е посветен на тој играчот што се повредил на квалификации и не може повеќе да игра фудбал :( Многу ми стана жал затоа ми беше мило кога ги гледав како се радуваат на голот.
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.298
    Пол:
    Женски
    Вери, синоќа воопшто не изненадија Парагвајците, резултатот беше сосема очекуван според прикажаната игра, ама и според традицијата. Италија никогаш не блескала во првите мечеви, секогаш одвај ја поминуваат првата фаза, ама затоа после даваат се од себе...
    За Германците пак е обратно... во првите мечеви даваат се од себе, ама после готово... одвај минуваат осминафинале... некако многу очекувани резултати имаше деновиве, така што очекувам да биде како што беше и минатите светски првенства... традицијата продолжува!

    А богами и возбудата... само би сакала мечевите да се навистина возбудливи, со многу повеќе голови, и шанси... ама тоа е...
     
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Италија потфрли синоќа. |( Додуша и малку очекував како за прва игра, ама ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ не смеат да продолжат вака |( Има да се кавгаме со нив :lol:
    Какви утакмици има денес :o :D Португалија гледам сите ги плаши во групава :o Едвај чекам да почнат :)
     
  14. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Смешно е ова што го кажа :^) Германија секогаш игра во четвртфинале, не знам кога се случило тоа што викаш дека одвај поминувале осминафинале? :^)

    Читај го овој извадок

    Иако има една титула помалку од Италија и две од Бразил, во историјата на Светските првенства не постои поуспешна репрезентација од германската. Во Јужна Африка, "Елф" ќе го одбележи својот 17. настап на Мундијалите обидувајќи се да стигне до осмото финале и четвртата титула.
    Германија на секое Светско првенство учествувала барем во четврт-финалето. Тоа зборува дека се работи за селекција специјално мотивирана за големите натпреварувања без оглед на тоа каде се одржуваат шампионатите и со кој состав настапува. Освен трите титули, Германија досега има уште четири второ и три трети места на првенствата, а бронзата од последниот Мундијал на домашен терен беше окарактеризирана како неуспех.
    На Мундијалот на домашен терен Германците беа трети, на Европското првенство во Австрија и Швајцарија втори, па златото сега би бил логичен след на настаните.
     
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    A бе ајде :@ досадно предосадни натпревари, никаква игра, ко првачиња на трева да се трчкаат! Очекувам малку повеќе ангажираност од сите, ама баш од сите репрезентации! Стварно не знам што му е. Освен куп корнери ништо нема за возбуда |(
     
  16. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    и јас се согласувам за Германија секогаш играла во четврт-финале
     
  17. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    http://www.youtube.com/watch?v=4OE9CUq_opU

    Колку ми беше мило што го пуштија Дрогба да игра. Не се знаеше дали ќе може да игра толку скоро по повредата. :)
     
  18. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Корејците само што дадоа гол.. Бразил - Северна Кореја 2 : 1
     
  19. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    сите утакмици ги пратам абе ни една немам пропуштено, добро некој и ги слушам али се на се некако од некој многу сум разочарана. а и судииве абе толку грешки да се правеле цццц иако не ми е фаворит би рекла браво за германците баш дисциплинирана и тактичка игра покажаа ;)
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.298
    Пол:
    Женски


    Толку ли те изнервирав, па мораше со викање? Е па нека, викај... Германците имаат трауми од повеќето светски и европски првенства, барем откако се споија - нели прво беа Источна и Западна Германија, а после една Германија. И да, играле и во финале наколку пати, ама џабе... никако не успеваат да стигнат до титула, па исто ти се фаќа дали стигнале до финале, или застанале во четвртфинале. Ајде, ќе видиме како ќе биде. Најуспешна репрезентација? Тешко, според мене... успехот се брои многу повеќе според титулите, никој не памети дали некој стигнал или не стигнал до финале, сите го паметат победникот. Ќе видиме како ќе биде ова првенство. Искрено, јас не верувам дека ќе бидат светски прваци. Мислам дека годинава првак ќе биде земја што досега не освоила титула.
    Ама како сакаш, слободно навивај за нив, што е до мене, немам проблем со тоа ;)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.