1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Светско првенство 2010

Дискусија во 'Спорт' започната од viki44e, 21 мај 2010.

?

Кој е вашиот фаворит за освојување на Светското првенство во фудбал?

  1. Шпанија

    43 глас(а)
    29,3%
  2. Бразил

    16 глас(а)
    10,9%
  3. Аргентина

    13 глас(а)
    8,8%
  4. Англија

    7 глас(а)
    4,8%
  5. Холандија

    14 глас(а)
    9,5%
  6. Германија

    25 глас(а)
    17,0%
  7. Италија

    20 глас(а)
    13,6%
  8. Франција

    3 глас(а)
    2,0%
  9. Португалија

    4 глас(а)
    2,7%
  10. Друга земја

    2 глас(а)
    1,4%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    :clap: Кате, така е! Нема никаква игра, нема вистински борбен фудбал. Сите утакмици ги пратев, единствено што ми беше така поинтересна за гледање Германија-Австралија и вчера Бразил-Сев.Кореја. Ајде може денес Шпанците ќе покажат добар фудбал 8)
     
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Annath не знам во кој дел од мојот пост си забележала викање? Никаде немам ни извичник ставено, а тоа е знак за извик :lol: Не сум ни имала намера да изгледа како викање. Само го постирав извадокот за да прочиташ дека Германија има секогаш играно во четвртфинале,значи не е точно тоа што викаш дека не минувале ни осминафинале. Можеби големите букви те асоцирале на викање, ама не ми беше тоа намерата, туку сакав да го потенцирам баш тој дел на кој се однесува мојот коментар. Се надевам дека сега ме сфати :) Абе кога се збори за спорт, поготово па за фудбал секогаш мора да има помалку закачки :) Инаку јас од секогаш ги сакам Германците ама реална сум, не летам во облаци и знам дека оваа год. ќе им биде тешко затоа што не се во својот најдобар состав, Балак е повреден а се знае дека секогаш е тешко без капитенот, Курањи исто така не е во репрезентацијата, потоа имаат проблем со голман затоа што Леман не игра ( а беше еден од најдобрите голмани во светот) а Адлер се повреди пред Светското, така да сите познати фудбалери им се повредени и на ова СП играат со многу млади фудбалери од кои повеќето за прв пат учествуваат на вакво важно првенство. Затоа ќе им биде голем успех ако влезат во четврт финале, како што тоа го прават на сите светски до сега. Рано е уште сега да се каже како ќе се одвиваат работите. На пример јас иако сум за Германија, сепак ја сакам играта и на Италија и Бразил, а мило ќе ми биде и ако Брегот на Слоновата Коска успее да ја помине првата рунда, затоа што многу го сакам Дрогба :)
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.298
    Пол:
    Женски
    Па обично големите букви значат викање кога се пишува. Ај нема врска, јас не се лутам ;)
    Како и да е, ќе видиме како ќе биде... се знае дека секогаш фаворитите се лизнуваат на вакви големи натпреварувања, прават киксови затоа што ги потценуваат послабите репрезентации. Јас не мислам дека тука има слаби репрезентации, веројатно се силни кога веќе успеале да се квалификуваат на Мундијал.
    А за Германија, никогаш не сум ги сакала, може сум и малку субјективна, ама искрено, не верувам дека ќе направат нешто. Не затоа што им се повредени играчите, туку затоа што кога е најважниот момент - тогаш потфрлаат, психички попуштаат. Веројатно Бекенбауер или кој и да беше, со тоа што кажа дека Германија после спојувањето ќе има непобедлива репрезентација - ги урочи :lol:
    Јас навивам за Италија, отсекогаш сум за нив, иако помалку ме нервира тоа што знаат да се затворат во играта секогаш кога ќе дадат гол. Ама со помладите играчи, мислам дека тоа се менува. Немам други фаворити, важно ми е натпреварите да бидат интересни, возбудливи, да има што повеќе голови. И мислев дека ќе биде интересно, затоа што во повеќето репрезентации има смена на генерации, и има повеќе помлади играчи кои се желни да се докажат, па ќе трчаат повеќе и ќе има поотворена игра. Ама ништо :shake: :yawn:
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Јас само ќе додадам колку што слушнав во сегашниот состав на Италија за светсково првенство повеќето играчи во просек се 31-32 години а тие нели се сметаат за повозрасни а не помлади играчи.
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.298
    Пол:
    Женски
    Да, се сметаат за повозрасни ако судиме според годините, ама јас не се изразив добро - смена на генерации не значи секогаш да се земаат ептен млади играчи од по 20 години - тогаш шанса добиваат оние кои не играле претходно во репрезентација, без разлика колку години имаат. А сега во повеќето репрезентации гледам останале по еден двајца од претходната генерација, а се друго се некои нови лица. На тоа мислев. Не дека нема репрезентации со многу млади играчи, има. И секогаш ќе ги има.
     
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    леле баш ме разочараа шпанциве па ги мислам некој фаворити. ај нема везе може крајот го краси делото. мои фаворити се
    1. бразил
    2. германија
    3. шпанија
    што не значи дека годинава ко што играат ко деца дека нема да победи некој анонимен некој аудсајдер ;)
     
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Шпанија :o :@ Е аман веќе, најсериозно мислам да ги oставам да не ги гледам следниве утакмици. Ова мизерија од игра не била до сега. И да, што е финтата со Касиљас,Кристијано Роналдо и ред други што се жалат на топката? До сега имаше барем пет поплаки од „врвните играчи“ за неа. Е нешто изгледа не е во ред :?: |(
     
  8. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Швајцарија беше интересна за гледање денес.
     
  9. lokum4e

    lokum4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    1
    Аргентинаа... :clap: :clap: :clap: :P
     
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Не чинеле топките. И голманите се жалеле на нив. А пак оние трубине...лелееее како пчели како ме нервираат
     
  11. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Италијааааааа :l:
     
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Аргентина VS Јужна Кореја 4 : 1 да ве известам, знам дека сега гледате :D
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.298
    Пол:
    Женски
    Гледаме, гледаме... станува интересно... можеби Аргентина е идниот шампион?! Ај ќе видимееее 8)
     
  14. lokum4e

    lokum4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    1
    лајк лајк... :clap: :clap: :*
     
  15. Schmetterling

    Schmetterling Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    14
    почнаа утакмициве да стануваат интересни конечно :)
     
  16. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Фала богу ме послушаа :D Конечно убава утакмица, бравоооо за Аргенитина. Бреееј... :rofl:
    Изгледа ќе има заострување, а? :rofl:
     
  17. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Не се знае, ќе видиме до крај како ќе биде, пресврт може да се деси и на 5 минути пред завршување на натпревар, во секој случај интересно ќе биде,само овие африканциве со трубиве како муви досадни ми станаа :D
     
  18. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Лукс, ќе мора да се силат сега наваму повеќе инаку скрос пропаднато светско ќе биде. ХАха, во Гинис ќе биде-во 2010 годна во Ј.А се одржа досега најглупавотот и најдосадното Сп каде немаше ама баш никаква игра. Досега рекордот не е надминат :rofl: :rofl:
    Шала на страна, сега веќе има дискфалификација на репрезентации, мора да бидата повеќе насочени кон игра. Ќе ги биде бе :D
     
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Мора да ги биде :D
     
  20. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    аман французиве нека земат и нека се обесат :lol:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.