здраво на сите. Ја отварам темава бидејќи сум голем верник во светците и мислам дека тие се они кои не заштитуваат. Сакам да си размениме некои мислења. Ако мислите дека темата не е соодветно поставена или нешто друго слодобно може канта
Не верувам во светци. Според моето убедување свет може да биде единствено Бог - вечната Светлина. Но верувам дека постоеле искрени боготрагачи, мистичари - просветлени жени и мажи, божји медиуми (пророци) кои го пренесувале Божјиот говор до човештвото, луѓе кои сериозно ги живееле за пример Божјите небесни закони, а по телесната смрт се вратиле повторно во вечната татковина - Небесното царство. Некои од нив биле по нивната телесна смрт прогласувани за светци од страна на црквата или народот. Но црквата прогласувала за светци и луѓе кои не само што не го оделе патот кон Бога туку и ги кршеле Божјите закони - на пр.убивале и повикувале на прогони и убиства, и придонесувале да се намножат страдањата и немаштијата во светот а сето тоа демек во Божје име. Константин и Елена, Сава и тн. се само некои што ми текнуваат од таквите негативни примери. Вистинската заштита доаѓа само од Бога, доколку ние доброволно замолиме и се отвориме за истата преку живот според повисоките идеали кои ги наоѓаме на пр. во Десетте Божји заповеди. Спојлер Во духовната литература може да се прочита дека постојат битија кои ни се доделени за духовна заштита - ангелите чувари - кои се наши небесни браќа и сестри. Но тие само ги канализираат божјите сили и ни испраќаат опомени преку нашата совест доколку сме ние отворени за истите преку правилен начин на мислење и живеење. Ние не би требало ним да им се молиме туку на Бога и Христос, нашиот спасител и избавител.
Верувам во светци заштитници. Мене ми е заштитник Света Петка и носам дарови повремено за неа во црква. Еднаш сонував како Свети Петар и Павле ме бркаат околу црква, едниот со подолга, а другиот со пократка брада како на иконата. Потоа и за нив однесов дар и не ми дојдоа на сон.
Daylight никој не те праша дали веруваш или не веруваш во светци, самата тема не е така поставена, сигурно имаш некоја тема кај што можеш да се изјасниш дали веруваш или не веруваш. Темава ја поставија за да си разменат искуства поврзани со верба во светците и нека остане така. Ако не веруваш не им се мешај, никој не повика да се изјаснуваат дали веруваат или не, убаво почнаа со ставот за оние кои веруваат. Мислењето ти е офтопик и сметам дека е вишок во темава, заедно со мојава реплика.
Моето претходно мислење не е оф топик, твоето е. Јас коментирав на темата и објаснив дали мислам дека тие нè заштитуваат давајќи при тоа поопширен вовед од што произлегува тоа мое мислење (имено дека не верувам во светци). Доколку ти се допаѓа мислењето, можеш да стиснеш „Ми се допаѓа„. Доколку имаш исто или поинакво мислење напиши го, доколку имаш реплика на кажаното цитирај.
Убава тема. Светителите се прекрасни и секогаш живи, наши брзи помошници да ни ја испрати Бог својата благодат. Молитва кон омилениот светител: Угоднику Божји, (името), помјани во твоите благопријатни молитви пред Христа Бога, да не’ сочува од искушенија, болести и скрби, да ни дарува смирение, љубов, расудување и кротост, и да не’ удостои нас, недостојните, на Неговото Царство. Амин. Молитва кон светителот чие име го носиме: „Свети (името) ти си мој закрилник и заштитник пред Бога во сите дни на мојот живот. Го носам твоето име, но животот мој не е сообразен со твојот свет живот зашто многу пати сум ја осквернил мојата душа.Ти се молам, закрилувај ме, помагај ми, води ме со Твојата сила.Секогаш застапувај се за мене пред благиот Бог и моли Го да ми ја даде Својата благодат и да биде милостив кон мене, да ми помага да бидам сочуван од лоши мисли, желби и дела; мојот живот да биде светол и радосен како што прилега на секое Христово чедо.Не дозволувај да се доближи до мене никакво зло; поткрепувај ме кога сум слаб; биди ми покровител кога лоши сили ме напаѓаат, помагај ми во доброто, засилувај ми ја верата и покажувај ми го патот на спасението. Само така срцето ќе биде поткрепувано и достојно ќе го носам Твоето име и името на мојот Сапсител, Господ Исус Христос, а преку тоа ќе го прославувам меѓу моите браќа и Отецот, Кој е на небесата.“ кој сака, овде има уште молитви кон светители, кон Господ Исус Христос и кон Пресвета Богродица. https://pravoslavenmolitvoslov.wordpress.com/page/2/ Пресвета Богородице спаси не'
Jas imam zelba da odam vo Crna Gora kaj Sv.Vasilij Ostroshki.Se veli deka mnogu chuda pravel niz vekovi nanazad.Ama nekako ne mi se pruzi prilika da odam.Inaku tamu duri ozdravuvale i mnogu teshko bolni pa duri i onie koi ne bile hristijani. Pa bi sakal da prasham ako nekoi znae dali i tuka vo MK ima nekoi pravoslavni crkvi kade shto vernicite dobivaat zdravje i se sluchuvaat chuda. Znam deka skoro se imashe slucheno vo Skopje vo edna crkva chudo so ikonite shto pochnale sami da se chistat i svetnuvaat.Ama neznam dali ima primeri za istata crkva od toj moment koga se sluchilo chudoto so ikonite da svetnuvaat dali se ima slucheno i nekoj da ozdravi?
Брат @Bulgarian , Ако е силна желбата за поклонение пред моштите на Св. Василиј, сигурно Бог и ќе ти ја услиши истата. Важно е само да ја засилуваш верата и молитвата, преостанатото Бог ќе стори и ќе ти ги отвори патеките. А што се однесува до другиот дел од постот... Секој храм, секоја икона е света доколку се пристапи со почит и искрена молитва. И кај нас овде низ целата земја има безброј такви примери за исцелување и услишување на молитвите на поклониците. А и овде, во оваа кахтегорија има и една тема во која би можел да пронајјдеш многу одговори на твоите прашања.
Да кажам и јас за местата и за иконите ,значи луѓе нема место или човек или икона која е посвета ,сите сме еднакво свети и луѓе и се ,можи само да се дели на поверни и помалку верни
Za koja tema mislish? Inaku za Sv.Vasilij Ostroshki imam i chitano od pravoslavna kniga za negovite chuda,a i primeri od moja podalechna prijatelka koja i se ispolnila zelbata otkako otishla.
--- Наместо да веруваш во светци, верувај во Господ и барај го Исус и читај Библија. Никој не е поголем од Господ и никој не може да те спаси освен Исус а целата вистина ти е запишана во Библијата. Ако веќе веруваш во светци сигурно треба да ги имаш прочитано барем 10-те Божји заповеди од кои втората гласи вака: (Deut 5:9 [Библија (Константинов ‘99)]) 8 Не прави си резан лик ни некаква слика на што и да е горе во небото или долу на земјата, или во водите под земјата. 9 Не клањај им се ниту им служи. Зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ги казнувам гревовите на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата, на внучињата и на правнучињата, 10 а им искажувам милост на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди. Тоа како што пишува го кажува самиот Бог на Мојсеј и на сите нас, па ти одлучи се дали ќе веруваш во светци и понатаму. И јас верував, среќа што сега ја знам вистината. Светците точно е дека правеле добри дела и чуда и служеле во Божја чест тоа е се во ред, и ти би можел/ла да бидеш светец еден ден, но луѓето да ти оддаваат почит и да се клањат на тебе и да се крстат а да го игнорираат Господ, Исус и Светито Дух.
Господине, 1. За иконите Ви поставив прашање на конкретната тема. 2. Ако некогаш сте барале молитвена помош од светците, според молитвеници одобрени од Православната Црква, а не според бајачки совети, ќе знаевте дека секоја молитва кон светец содржи прозба/барање светците да го молат Христа Бога да ја услиши нашата молба. Исто така во себе овие молитви содржат мали славословија кон Бога - Пресвета Троица. Светецот без Христа е како месечина или планета без Сонцето, не зрачи своја светлина, но ја пренесува светлината од најблиската ѕвезда(сонце). Па така и светецот без Христа е немоќен, но самиот наш Троедин Бог му дава на светецот и сила и моќ, како што ѕвездата и` дава светлина на месечината. Ние не знаејќи ја тајната за пренесувањето и зрачењето на светлината си мислиме дека свети месечината, но месечината без сонцето е темна и ладна. 3. Немојте само да почнете да не` убедувате дека и светците не им се молеле на други светци. Тоа чувајте си го за домашна употреба. 4. Најљубезно Ве молам пред да почнете да пишувате и да критикувате нешто, проучете ја добро материјата што ја критикувате. Немојте да си дозволите текстовите да Ви бидат на нивото на г-динот Никола Тасевски од Јегуновце, кој во својата книга „Времето и знаците“ меша баби и жаби, кралици и калуѓерки... Па правејќи историски фалсификат, на читателот самиот му го воочува и теолошкиот фалсификат.
Da ti kazam najiskreno vo moeto detstvo ne se koristeshe takov zbor,trola.Ova garant e nov zbor.Kako samo brzo se navea vo makedonskiot jazik i kako taka lesno go primivme vo sekojdnevniot govor,ne zachuvuvajki si ja chistotata na nashiot makedonski jazik.Si velam ova mora da e poteklo od angliskot ,troll.
Да, јас верувам. Сум читала за неколку случаи каде светците им го спасиле животот на некои луѓе но сега не можам да ги најдам тие текстови. Знам и од мојата околина, од искуствата на луѓето. Светците постојат и не чуваат, тоа е мое мислење. Само не мислам дека секој има еден светец кој му е заштитник. Сметам дека повеќе од нив во различни наврати се погрижиле за нас, но секако, постои еден кој не избавил од најтешкото и невозможното и на тој еден светец би требало најмногу да му се молиме и да го славиме. Светците често се јавуваат и во сон и на тој начин не предупредуваат за некои нешта.