Свечени фустани-шиење или купување?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Angel-Adriana, 13 октомври 2012.

  1. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    551
    Колку што видов нема ваква тема, ама баш за ПОМОШ!
    АКО ИМА КЛУЧ :)

    Во декември сум на свадба кај најдобрата другарка и сум кума!
    ПОМОГНЕТЕ МИ дали да шијам фустан и каков, дали да купа или да порачам? Вие што ми препорачувате, ако има некој убави линкови пратете ми ве молам. БЛАГОДАРАМ ОДНАПРЕД! :)
     
  2. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Свечени фустани-шиење, купуване или слично?

    http://www.newyorkdress.com/
    Тука имаш огромен избор,ако ништо друго,за инспирација.
    Иначе јас ти препорачувам да си шиеш.Овие купениве,ај што се скапи туку ако шиев ќе си го напраиш баш по свој вкус.Мое мислење :)
     
  3. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.002
    Допаѓања:
    5.841
    Свечени фустани-шиење, купуване или слично?

    Јас мислам да си сошиеш некој убав екстравагантен по твој вкус,кој ќе биде оригинален.

    Поздрав,
     
  4. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    551
    Свечени фустани-шиење, купуване или слично?

    Фала многу што ми помогнавте!
    МЕ РАЗУБЕДИВТЕ ДА ШИЈАМ :)
     
  5. WeHeartIt

    WeHeartIt Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    130
    Свечени фустани-шиење, купуване или слично?

    Незнам каков стил имаш и овде ќе ти наведам повеќе фотографии ти избери си:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG] на последната слика се малку по кежуал. :|
     
  6. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    551
    Свечени фустани-шиење, купуване или слично?

    Фала ти многуу! Првиот ќе го шијам! :D
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.954
    Пол:
    Женски
    Кумови сме со дечко ми во Мај. Но бидејќи официјално што и како ќе биде и колкава свадбата ќе знаеме во недела. Од тоа и ќе зависи моделот на фустанот.
    Единствено што се имам решено е за ова смарагдна зелена боја што мислите вие?

    Па од недела натаму ќе ви пишам што како да ми помогнете за идеа за фустанот, зошто воопшто немам претстава.
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
  8. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    551
    ^Па според мене бојата е многу убава, а и убаво би ти стоела. :)
     
  9. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    8.323
    Допаѓања:
    38.561
    Пол:
    Женски
    Сноу, преубава е бојата но земи во предвид дека свадбата е во Мај, ќе биде топло, а бојава е малку зимска.
     
  10. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.890
    Пол:
    Женски
    Сноу бојата е убава ама ко што кажа Китен ова е зимска боја...

    Баш ѕирнав и кои се пролетни бои за 2013, еве можеби ова ќе ти помогне да избереш боја
    [​IMG]
     
  11. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    Јас досега сите мој свечени фустани сум си ги шиела бидечќи на само два чекори имам работилница за шиење. Не преферирам да купувам готови зошто незнам каков е материјалот ,дали ќе избеде бојата дали после 3 - пати облакање ќе попушти готово купен само доколку е евтино и за една употреба инаку си ги шиам.
     
  12. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    226
    Купување !!!!
    Неможе една обична шивачка да сошие поубав фустан од оној професионалниот, фабрички. Неможе, се познава едноставно...
     
  13. temjanuskaaa

    temjanuskaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    774
    Јас сум за купување на свечен фустан и тоа си го кажувам од искуство...за една пригода бев одела на шивачка за 2 фустани да ми сошие и не само што ме викна 100 пати на проба туку таму едно конче штрчи ваму штрчи и згора на се излезе дека материјалот не бил нешто како што треба и буквално 2та фустани ги облеков само по еднаш бидејќи се расипаа.....е затоа од тоа искуство па натаму штом ми затреба свечен фустан убаво ќе си прошетам низ бутиците ќе си видам ќе си пробам на лице место и ќе си купам и после мака немам си ги носам фустаните уште долго долго и делуваат како да се штотуку купени.
     
  14. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    Јас до сега имам шиено 2 пати. Првиот пат за матура и за една свадба шивачката добро си работи ама веќе ја затвори работилницата и повеќе не работи. Сега сакам да шијам фустан за апсолвентска ама незнам каде,а и незнам баш каков фустан. Некоја идеја да ми дадете за фустан и предлог шивачка што добро работи?
     
  15. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.281
    Допаѓања:
    8.636
    Пол:
    Женски
    Како што добра шивачка може да сошие, ниедна фабрика не може на малиот прст да и се фати :)
    Каква градба и да има девојката, кога нешто е точно за нејзе правено секогаш ќе и стои подобро. Ама ќе потенцирам, ДОБРА шивачка. До сега имам 3 фустана шиено, за матура и за 2 свадби. Тој за матура ми го шиеше шнајдерка која после тоа се прослави на велико (сега работи во некое ателје, не ми текнува како се вика). Го платив малку пари, а фустанот едно конче нема изгубено иако го имам носено повеќе пати. Другите 2 ги правев кај друга шнајдерка (зошто првата почна да се занесува и ми бараше ненормални суми) и иако излегоа точно како што ги замислував, квалитетот не може да спореди. Не се распарталиле, ама имаат попуштено на неколку места, и бидејќи се работи за свечени фустани, планирам да ги дадам на корекција пред да ги носам пак.
    Значи најбитно е да се информира каде може да се добие квалитетна изработка, и кога е по мерка правено секогаш ќе биде поубаво. :)
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  16. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    Во право си Spidy мојата тетка е шивачка и покрај тоа што шие класична женска облека за во бутици шие и свечени фустани јас и дадов слика за матура и за само една недела фустанот беше готов дури и поубав од сликата. Материјалот прекрасен се што сум купила од таму до сега ниту бојата избледела нити пукнали , ниту пак на некој друг начин се оштетил на некој друг начин.
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.954
    Пол:
    Женски
    :D колку бев решена толку сега ќе ме предомислите :D
     
  18. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    226
    Па реков обична :D Па никогаш неможеш да бидеш сигурна дали ке го погоди или не, бидејки незнае баш се да шие, мислам знае но не е во сите полиња исто добра... Ке видиш на некоја и сошила многу убаво фустанче, но твој модел може да опљаска... Мене не ми се ризикува, што гледам како шијат, рабови рабови конци копчиња, па како што и камењата ги избираат понекогаш без никаков стил.. :puke: Браво за тие што ги бива, но мнооогу се ретки... Версаче си е Версаче :inlove:
     
  19. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.744
    Немам многу пати шиено, три четири пати само. Почесто купувам, но кога сакам некој модел што тука го нема, може да го сошијам, зошто да не, познавам неколку добри шивачки кои кога ќе го сошијат фустанот изгледа супер. :)
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.954
    Пол:
    Женски
    Дечко ми 500 пати ми промрче за бојата, и на крај се решив да ја сменам. Ќе одам нешто на шеќер боја.
    Ама уште да имав модел не ќе беше лошо. Секоја идеа е добродојдена, еве одприлка што се ми се допаѓа.Зборам за модели
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     

    Прикачени фајлови: