преку нет проверена шнајдерка па ич не барај, се тоа шијат од ликра за да одговара на секоја градба, т.е да се прилагодува на обликот на телото, со патенти не работи ни една, некој поубав материјал ич не барај оти за него умешност треба а не некоја што знае прав раб да сошие само... поарно еден ден изгуби за низ скопје да шеташ него со некоја да се објаснуваш каков модел сакаш и на крај да ти прати таков ко шо она знае да шие и да т е убедува дека тој е тој ко на сликата уште ланче да си стаиш и се ќе биде океј
Девојки, дали има некој искуство со Ателје Коцарева? Прекрасни креации гледам, но не знам детали. Дали шие по нарачки воопшто? Со цени како е?
Дефинитивно купување. Сите сакаме повеќе да имаме уникатно на нас ама од досегашното искуство никогаш повеќе нема да шијам.
Немам искуство, но од тоа што знам е дека прекинала да шие по нарачки (ако не е предомислена). Цените се во зависност од самиот фустан, долгите околу 9000-11000, може и поевтино и поскапо, кратките фустани се случува да и' се поскапи од долгите и на некои знае да има повисоки цени.
Купување дефинитивно. Шиено имам два пати и зажалив. Ај на мерки па вака па така па мислење па пари повеќе.
Купување и јас мислам. А многу женски мислат дека шиењето ќе им го погоди вкусот и изгледот и бојата. Ама се лажат според мене . Ќе го пробаат и ќе го преправаат по неколку пати и пак може да не им бите точен и не само то туку може и да не им се допадне или пак да не го носат понатака освен за еднаш. И така повеќе пари ќе се потрошат. А јас повеќе сакам да го имам поедноставен и да го носам и кога излегувам. Дека и онака не сум по свечената облека.
Имам шиено за матура и уште еднаш за свадба. Фустаните излегоа убави и се, ама ни малку како сликата што ја покажав или тоа што го замислувам. Не дека не се договаравме, што како може, но јас додека не видам и пробам неможам да го замислам. Мислам дека зависи од секој, и да е за тебе правен, не мора да значи дека ќе си среќен. Секако може и да купиш готов и на шивачка малку да го поправиш, и тоа искрено повеќе ми се допаѓа.
Здравo женски... Предлoг за бутици низ Скoпjе каде штo мoжам да наjдам убав свечен фустан се рабoти за ептен блиска свадба.
Дали некоја била во скоро време во Ателје Коцарева? Како и се движат сега цените? И исто за Atelier by Sonja ако има некоја искуство да каже макар што по слики ми изгледаат креациите неспоредливи во однос на Коцарева.
И ја се покајав што шиев. Два пати шиев и ниту еднаш не беше ко на сликата. Дури еднаш кога се пожалив дека не е ко шо треба, да ми го поправат пред настанот, ми кажа дека проблемот бил во мене што сум имала широки колкови Така да, од сега само купување зашто ем ретко кога искача ко што сакам, ем може да ме зафркнат у 5 до 12, ем нема да го коментираат мојот изглед...
Во чаршија има голем избор на свечени евтини фустани. Јас мојот за свадбата го купив 3 000. Во бутикот кај што го купив имаше опција да ти го скратат фустанот.
Дада, дефинитивно можеш да најдеш преубави фустани. Ама најголемата мамка ни е тоа што ќе се ,,заљубиме" во некој фустан на слика па мислиме дека истиот ќе го имаме и на нас
Дада, тоа ми беше поентата. Ниту еднаш фустанот не ми беше ко на слика. Во голем број на случаи тоа е така, ама скоро сите се залетуваме без да размислиме.