За неколку пригоди сум шиела фустани, на пример, за матурска, апсолвентска и за свадба на блиска личност. Сите ми ги погодија одлично иако се шиени на различни места. Баш како на сликата испаднаа. Меѓутоа, претпочитам да си купам фустан, затоа што не ми се чека и обично ме мрзи да одам на проби. Сакам да го имам фустанот веднаш
Zdr predlog strani so sveceni fustani na fb, ili insta? Pretezhno sakam da bide svetkavv nekojj ♡♡♡ falaaaa
Здраво, каде можам да најдам едноставен свечен фустан за свадба. Бисер, Драчево, Лептокарија? Знаете како се цените на сатенските?
Во Лептокарија имаш во Фејритејл, се наоѓа одма до Зегин. Во Бисер, Ла Бутик Скопје на приземје. Имаш и во Центар, Инфинити. Се наоѓа кај фризерскиот салон Диор. За цени не знам, зависи од моделот.
Предложете добри кројачи/шивачи во Скопје од кај што сте биле баш баш задоволни и од модел и од испорака на целосна услуга, почитување на термини за проби и временски рок за изработка. Кума сум на свадба, не успевам да го најдам тоа што го сакам, ниту материјал ниту модел.