Тука нема ниту љубов, ниту почит, ниту разбирање ниту ништо! Факт е дека само е ,, интересно" во цел склоп на околности. Како што гледам и сваќам тука никој никого не сака, туку се заедно колку да не се сами, и имаат можност да си исполнат банални фантазии. Ми делува по лошо и по гадно и од изневерување! (Само мое кратко мислење)
Ми се допаѓа кога некој вака размислува и коментира без осуди. Реалноста е таа, се како што напиша. Знаеш како кога за давање совети за брак и деца најгласни се и највеќе знаат луѓе што не се во брак и немаат деца? Така е и со оваa тема, другите мислат дека не познаваат нас повеќе од тоа што ние се познаваме самите себе, па ќе прочиташ се и сешто
Мене ме нервира што и во оваа тема и во темата за отворен брак, се сфаќаат ваквите бракови како изопачени. Мене ми е најнормално секој пар да си има различен сексуален живот, сите си имаме различни turn ons и е многу убаво ако си во брак со некој со кој си компатибилен на тоа поле. Исто, крајно некултурно што испишавте глупости за мажот на членката кога во ниедно мислење таа не звучеше дека прави работи само нему да му удоволи.
Како што реков, не би можел секој да го разбере и сфати ова. Некои попрво би ја изневерувале сопругата со секретарката, комшиката или рандом жена на форумов (како што ми пишуваат лични пораки тука еден куп мажи), ама заедно со партнерот би им било банално и гадно и во тој случај не би имало љубов ниту почит. Љубов и почит според нив е кога имаш секс со друг(а) без знаење на партнерот, а на Фејсбук ставаш слика како сте хепи фемили. Се додека не бидат фатени и не се разведат. Само мое кратко размислување
Како да не можете да прифатите дека жена може да биде толку слободна, отворена, да размислува со своја глава и јасно да каже што сака. Мора мажот да ја манипулира, мажот на нешто да ја натерал, или не е ни жена, лаже... Зарем толку ниско мислење имате за жените? Ако сакаат така да си живеат нека си живеат и тераат, зошто е толку тешко да се прифати? Ако не познавате некој таков, не значи дека не постојат такви.
@Hotwife да не не сме се разбрале? Ајде од почеток. Јас те прашав дали си имала секс со девојка пред да си во врска со маж ти, ти викаш дека не и НИКОГАШ НЕ БИ НИ ИМАЛА, да не бил маж ти така? Како тогаш си би? Ако ти треба поттурнување од маж ти дека си би, веројатно не си.
Јас сѐ прифаќам, само има некои работи во приказнава кои се индикативни. А инаку, секој може да си прави како сака, но форумов е за дискусија, нели, не само за прифаќање и толку?
Oва прави смисла. Логика малку не е на одмет. @Hotwife Јас само би додала дека менување многу партнери во пар не упатува на емоционална исполнетост, бидејќи овде не зборуваме за емоции, туку за чист хедонизам. Многу повеќе ќе беше прифатливо да пишеше ,,имавме секс со неколку девојки, но со една многу ни се допадна и сме во полиаморна врска" отколку да одиш со оваа така наречена слободоумност која е базирана на елементарни физиолошки потреби, не на нешто исконско, трајно и битно, како љубов на пример. Освен тоа, во некои постови зборуваш за скапи парфеми, облеки, ситуираност... Колку тоа само си нема врска со љубов, почит, добрина и хуманост туку баш со статус, моќ, пари. Колку само сте оддалечени од себе сѝ кога вака пишувате. Ама добро, не сум на психо сеанса, така што нема да дробам што вели психијатријата за ваквите парови и кои дијагнози ги дели, и тоа без предрасуди, туку чисто медицински. За вас не чини сериозно, се цепите од себе, од својата природа, човечност, али у реду, let it be. Парата некад стварно квари душа. Тука е најдобро да прекинам, и ако цитирам да ме банирате од темава.
Леле ме фати, ти се потврди теоријата дека не сум била би бидејќи не сум пробала пред бракот, туку само сум фантазирала. Тоа сигурно значи дека маж ми ме манипулира. Океј Шерлок Па уште со големи букви пишувала Добар детектив би помислил дека можеби јас го манипулирам него, никогаш не се знае. За сите прашања поврзани со бисексуалност, би ти одговорила на соодветната тема, темава е за свингери.
А како треба да се однесувам на темава? Темата е за дискутирање, или она кажува, а ние сите треба “добро, тоа си е твоја работа, не е наше”. Па не е наше де, си правиме муабет.
Девојката ептен е едноставна. Возбудлив и е секс со жена, ама емоционално може да сака само мажи. Не си изопачена @Hotwife ако сте сложни и го правите тоа што ве возбудува, супер. И тука пола и повеќе имаат фантазии секакви ама некако тешко е да се признае сам на себе не па на други. Не значи дека маж и помалку ја сака ако и двајцата се палат на тројки и тоа го остваруваат. Аманте, не е само секс маж и жена во брак. 2022ра година и уште не разбирате.
Поприфатливо за тебе лично не значи поприфатливо. Поприфатливо за кого? Ако ти фали љубов и емоции, си бараш тоа што ти фали. Ако ти фали партнер за емотивна врска, си бараш партнер за емотивна врска. Ние трагаме по уживање. Љубов и емоции имаме дома. Оф леле, тоа ли била болката, што во некоја тема сум напишала дека сакам квалитетни парфеми и кондури. Стрелајте ме, одма. Како смее да сакам квалитетни парфеми и кондури, па тоа е смртен грев. Уозбилете се. Љубомората е болест. Ако сакам нешто квалитетно и можам да си го дозволам тоа, тоа нема врска со статус, моќ и пари. Ама гледаш, тебе толку ти брцнало во очи тоа што ми го пишуваш на сосема друга тема која не е за парфеми и кондури, туку за свингери Tука веќе кулминација на фрустрации и лични навреди. Не само психологија туку и мои лични искуства се, дека највознемирени се чувствуваат жени кои го посакуваат тоа, но не можат да го реализираат, па се истураат на жени кои се реализирале. Исто така, највеќе лични пораки тука ми праќаат мажи во брак кои дома не го добиваат тоа што им треба, бидејќи мамичка е зафатена со живеење на туѓи животи наместо сопствениот. Најдобро е стварно, ако ја исфрли негативната енергија, сега можеме да продолжиме со нормална дискусија на тема свингери. Читајте внимателно, имам што да кажам Oдговорено е од претходно, сосема нормални луѓе сме, со семејство и дете. Македонците од секогаш знаеле повеќе за другите отколку што другите знаат сами за себе. Знаат подобро и ракометна и фудбалска стратегија од тренерите на големите клубови, знаат повеќе медицина од докторите и наука од докторите на науки. Така, знаат повеќе и за бисексуалност и свингери од самите нив, иако не се.
За кратко ќе се појави и некој верник и ќе те претвори во домаќинка стрејт жена, моногамна со некое свето житие.
Мене ми е јасно дека луѓе на кои цело нивно опкружување им е тетки со кои разговарат само малограѓански трачеви за комшики, колешки, пријателки, живеат во бабл и ова е за нив друг универзум. Но, тие луѓе мора да бидат свесни дека нивниот бабл што го живеат не е реалноста. Опкружени сме со тетки кои на Фејсбук шеруваат Амин и Хепи фемили, а зад грб на партнерот изневеруваат во прва прилика, ама истите тие тетки и стринки на форум би те расчеречиле затоа што едноставно ти си се што е спротивно од нивниот живот и секојдневие. И кои не се баш интересни, со оглед на вложената енергија, труд и време да те прогонуваат на секој твој пост на форум