Tesko ostvarlivo kaj nas nazalost, a se nadevam deka pokraj fantaziranje i samiot cin e super.. isto se nadevam deka ke ima se poveke i istomislenici
Тешко остварливо за среќа, бидејќи ова е една од најболните и најодвратните работи која доаѓа од Америка.
A ti gledam i ne ja sakas amerika tolku so slikicevo.. site idei ili zelbi sto ne se voobicaeni se od Americi, mhm ..
Па ако сакам и почитувам еден Американец, не значи дека ја сакам и почитувам целата држава. Америка има 325 милиони жители, секако дека таму има добри луѓе и секако дека од таму произлегуваат добри работи, сите знаеме дека Америка е најмоќна економска и воена држава во светот, и во поглед на овие работи треба да учиме од нив, ама најмалку што треба да учиме од нив е за животните вредности, бидејќи од таму произлегуваат најболните и најодвратните работи кои можат да бидат измислени, а свингерајот е една од тие работи.
Само да те поправам дека свингерите потекнуваат од оргиите што се воделе во времето од стара Грчка и Рим.
Па добро, ама јас кога кажав дека оваа работа доаѓа од Америка, мислев на модерниот свингерај, тој започнал да се практикува во Америка, во шеесетите и седумдесетите години од минатиот век, а подоцна со појавата на интернетот се проширил и во некои други држави.
Kako i da e, Baba Rada ubavo kaza , Od zemja so 365 milioni ti go izbra najavtenticniot amerikanec za profil za koj koga sme veke na temava postojat 10000000 somnezi za incest itn.... Da ne navlagame vo toa, svingot moze da se gleda od mnoooogu razlicni aspekti koj ne bi gi nabrojuval, edinstvenoto nesto koe e presudno e dali toa e ubavo samo koga e imaginacija ili e uste poubavo koga ke se ostvari. I sekako deka e daleku od nekoi americki filmovi, trojki, cetvorki, petki , sving itn itn imalo i ke ima vo cel svet. Sepak toa e licen izbor koj iskreno ne veruvam deka ima vrka so nekakvo americko pomodarstvo poso sepak dovolno e tajno i intimno za da se kvalifikua kako takvo,
Си прочитал што напишала @baba Rada, ама не си прочитал или не сакаш да прочиташ што одговорив јас на нејзиниот коментар, јас кажав дека модерниот свингерај започнал да се практикува во Америка, а не оние оргии од пред 2000 години. Инаку од земја со 325 а не 365 милиони жители, го избрав најавтентичниот, потоа човекот кој е прогласен за личност на годината во целиот свет според угледниот магазин TIME, човекот кој моментално е втора најмоќна личност во светот, и човекот за кој на претседателските изборите гласаа 63 милиони Американци. И нема тој никакви сомненија за инцест, туку имаше обвинувања против него за силувања за кои дури и неговите најголеми противници сфатија дека тоа се измислици само за да му се наруши неговиот углед, да му се намали рејтингот и да загуби на претседателските избори. Некои од жените кои го обвинија кажаа дека ги силувал пред 20-30 години, и никогаш досега не го пријавиле, па сега ,,случајно'' им текнало кога тој одлучи да се кандитира за претседател. Исто така една од жените која го обвини е моментална порно актерка, која очигледно сакала да си ја зголеми популарноста, па најверојатно сега нејзините видеа имаат поголема гледаност. Да се вратиме сега на темата, свингерајот не може да се гледа од многу аспекти, туку може да се гледа само од еден аспект, а тоа е дека оваа работа е болна, и единственото нешто кое е пресудно за да се направи оваа работа, е мозокот, значи ако некој маж има болен мозок тогаш тој маж болно размислува, па така за него е нормално неговата жена да се е*е со други мажи, а исто така и жената мисли дека е нормално нејзиниот маж да се е*е со други жени.
Свингерајот не подразбира мажи за кои е нормално жените да им се е*ат со други мажи или жени кои мислат дека е нормално мажите да е*ат други жени, туку договор меѓу две созреани личности кои ги надминале граниниците на “поседување“ на партнерот. Не се тие луѓе болни, напротив, мора да се емоционално созреани и стабилни личности, ослободени од стереотипи и предрасуди, кои за жал, евидентно, ги има во изобилие на Балканот.
opasno navlagas vo nacizam. toj e toj mindset http://content.time.com/time/magazine/article/0,9171,760539,00.html Adolf Hitler: Man of the Year, 1938
Не почитувам луѓе преокупирани со секс, без исклучок се или приглупи, или им фали нешто... друго. А свингерај дефинитивно е преокупираност со секс.
@lans and that's the point! Туку, да те прашам @Sashko1992 , која е разликата меѓу модерен, според тебе Американски свингерај и оној кој античките Грци и Римјани го практикувале?
Абе @lans, зошто споредуваш неспоредливи работи?, Трамп го прогласија за личност на годината во 2016, а не во 1938 година, оттогаш времињата се сменија, луѓето се променија, тогаш биле достапни многу помалку информации за политичарите, па затоа и новинарите од Time донеле таква одлука, денеска е сосема поинаку, новинарството е многу понапредно, се знае се за Трамп, сите знаат кои се неговите ставови во врска со најразлични работи, и јас во најголем дел се согласувам со тие ставови, се согласуваат и 63 милиони Американци кои гласаа за него, а исто така се согласуваат и милиони останати луѓе во светот. @Rebecca_R, како прво да разјасниме дека Оргии и Свингерај не е исто, во оргии може да учествуваат луѓе кои не се мажени/женети или пак не се во врска, значи во превод, луѓе кои се сингл, додека свингерајот претставува размена на партнери, а тоа значи дека тие луѓе мора да се во врска или брак, инаку тоа не е свингерај. https://en.wikipedia.org/wiki/Orgy https://en.wikipedia.org/wiki/Swinging_(sexual_practice) Оргиите во античко грчката религија претставувале еден вид на култ, а незнам дали во тие оргии мажите си ги ебе*ле жените меѓусебе, ти ако имаш таква информација, соопшти ја. Али еве да речеме дека и тогаш имало свингерај, факт е дека тој свингерај се практикувал од сосема различни причини за разлика од свингерајот кој се практикува во денешно време. https://en.wikipedia.org/wiki/Orgia Модерниот свингерај, како што реков претходно, најчесто го практикуваат луѓе кои имаат болен мозок, потоа луѓе кои се во брак од интерес и немаат никакви чувства кон својот партнер, луѓе кои склучиле брак од љубов, ама љубовта исчезнала, па така и бракот веќе не им значи ништо, али од некои причини не сакаат да се разведат, и тн. Инаку свингерајот за мене секогаш ќе биде болна и одвратна работа, и тој претставува класично изневерување, само што и двајцата сопружници се согласуваат на тоа, ама тоа не е битно, изневерување си е изневерување, без разлика дали едниот или двајцата партнери го одобриле тоа или не. Прочитав еден коментар во оваа тема, кој многу кажува, а тој гласи: Свингерај лумперај пред очи взаемен швалерај. И за крај, јас колку што знам кога се склопува брак, сопружниците не се заколнуваат дека ќе си бидат неверни цел живот, туку се заколнуваат дека ќе си бидат верни.
Јас не би да се мешам по туѓа интимност, ама ова ми е тотална глупост Никогаш не вели никогаш, ама за ова со сигурност викам дека НИКОГАШ ни би пробала, ни би поддржала. На сосема поинаков начин го доживувам сексот, интимноста, водење љубов, споделување нежности и ова ми е баш ту мач... Ова ми изгледа ко да е за некои луѓе што се по природа авантуристи и сакаат да експериментираат во сексот, ретко кој нормален би се согласил на ова.
Аа не никако тоа Да гледам дечко ми со друга или јас со друг тоа не доаѓа во обзир не, не Треба човек да нема грам мозок за да го направи тоа. Луда работа.
@Sashko1992 како прво да се разбереме, не сум јас од П'клиште па ти мене да ме просветлуваш што е оргија а што свингерај. Ти мене не ми одговори директно на прашањето, па еве јас пак ќе прашам, која е разликата меѓу тогашниот свингерај меѓу античките луѓе и сегашниот свингерај од Америка? Од каде знаеш дека тогашниот свингерај е поразличен од оној денес и од кои причини се практикувал?
Па гледам дека и не си баш информирана... Јас кажав дека во античко време тоа биле оргии, а за свингерај, не знам, бидејќи не сум некој експерт за антички оргии, и напишав претходно ти да соопштиш ако имаш некакви информации, али очигледно немаш. Реков дека дури и да имало свингерај тој се практикувал од различни причини за разлика од денеска, а тоа го знам бидејќи тој свингерај во тоа време бил составен дел од оргиите, значи луѓето не се собирале посебно за оргии а посебно за свингерај, туку тоа биле едни исти средби, пак ќе повторам, ако воопшто имало свингерај. За оргиите се знае дека во античко грчката религија претставувале еден вид на култна церемонија на богот Дионис, додека во денешно време ниту оргиите претставуваат некаква култна церемонија, ниту пак свингерајот.