И јас понекогаш користам јекодерм. Еве опис за неа Јекодерм маста содржи рибино масло, богато со витамин А неопходно за правилно формирање на епидермисот. Јекодерм го олеснува и забрзување на процесот на регенерација на кожата воспалена и оштетена. Јекодерм и ги обезбедува на кожата основните хранливи материи, дава мазност и сјај и ја зголемува еластичноста. Јекодерм маст се применува да се стимулира епитализацијата и негата на кожата. Состав: Рибино масло (Jecoris oleum) 250 mg Дозирање: Јекодерм маст се применува на засегнатата кожа. Во зависност од интензитет и степенот на сувост на кожата, маста Јекодерм се применува 2-4 пати на ден. Ајде сега поставете вака опис за својствата на свинската маст, доколку ги има.
Секој со своите убедувања. Јас лично не користам којзнае каква козметика за малиот - кога беше бебе само Јекодерм, сега само во лето го мачкам после изложеност на сонце. А после бањање некогаш го мачкам со крем на Corinne de Farme, и толку. Што се однесува до свинската маст - сум ја користела, кај малиот, и планирам и понатаму да ја користам, но не дај Боже да има потреба од тоа. Го мачкав на градите и грбот кога имаше почетен бронхит, исто неколку пати кога имаше така повеќе секрет во градите и јака продуктивна кашлица. Свинската маст помогна да се разблажи и исфрли секретот побрзо, а со тоа и се смири кашлицата. Не знам како, ама помогна. А за секојдневно мачкање, тоа не, бидејќи ги затнува порите и може да направи големи проблеми со кожата. А реално, детската козметика е еден голем маркетиншки трик - не се ништо поразлични отколку производите за нас, возрасните, само што на нив пишува дека е за деца. Реално, нема потреба од толку хемија.
Надвор од темата но морам да кажам, се што пишува и не е баш така....посебно од фармација и медицина тотално сум разочарана.Зборот ми беше имам бебче како сите така и моете прима д3 капки кои треба да се користат две недели.....не не можело и еден месец.............а бе какво фрлање тие се користеле додека не се потрошат.....и сето тоа од еден ист педијатар . Сега некој заклучил дека тоа било маркетиншки трик , дај молим те! Да и верувам на медицината,фармацијата козметиката дека тоа што го пишува е баш така ......а, и зошто тогаш се што е на природна база е поскапо,а ако дома го направиш нееее тоа не чини, не сте ми јасни..... Инаку имаме пеленски осип и истиот педијатар ме советува да купам судо крем екстра бил во врска со оспиот...е сега јас користам скоро од самиот почеток судо крем,добар е не дека е лош но за осипот не помага т.е. пак си се исфрлаа брунчиња , е сега си користам домашна маст од кантарионово уље и восок и брунчињата се повлекоа , за мене тоа е подобра опција од колку да давам еден куп пари за нешто на хемиска база. Некои работи се направени за да направат лошо и после уште еден куп пари да фрлиш на тоа фармацијата за да најдеш нешто на "природна" база и да платиш колку што треба и не треба! Малку оф топик ама морав да дадам мое размислување!
Ама својствата на кантарионот се познати, исто и на пчелиниот восок. Никој овде не е против природни работи, еве јас напротив посебно ценам природни работи и за исхрана и за козметика, меѓутоа кога веќе фалиш нешто и советуваш да се примени врз бебе кое е кревко суштество, тогаш кажи зошто е полезно тоа нешто. Наместо тоа, овде веднаш се почна демек се караме, демек снобизам и фалење со цени на креми итн.
Од вакви домашни "проверени" третмани, јас сум слушнала за прегорен зејтин. Значи зејтинот се прегорува, бебето го мачкаш и го повиваш во пелени. Како што кажа Мишелка, типот и квалитетот на кожата зависи исклучиво од генетиката. Да, многу домашни мешавини од тревки и разно разни продукти од природата се покажале како корисни, како кантарионот, невен, мед... Но ајде да не претеруваме и да се враќаме години и години наназад кога жените биле неуки и го правеле она што мислеле дека е најдобро. Денес, при развиенава технологија и медицина, кога учиме за атоми и молекули, нема резон да се убедуваме во научно недокажаните благодети на свинската маст.
Јас убаво кажав дека здравје планирам да земам МУСТЕЛА што воопшто не е ефтина. Реков дека свинската маст се користи покрај препаратите кои ке ги купите. И не на секое бањање не го спомнав тоа никаде туу дека е убаво да се мачкам.
Немаш потреба од такво затоплување на бебето. Во русија за јакнење на имунитет голи ги вадат на снег. За здраво бебе доволно е здраво семејство,доење,и свеж воздух.Се останато е од Господ.
nie koristevme svinska mast za brat mi koga bese mal,go mackavme po grbot bidejki imase bronhit, i stvarno bese efikasno .. a za drugo ne bi koristele..
Јас не планирам на сопствен прст да ставам или пипнам било каква свиња, а не па свинска маст, а не па бебе да мачкам со тие мрснотии. Еве мене не ме мачкале со маст, па да се пофалам, добро стојам и со кожа, и со плуќа. И да, за загревање се користат грејни тела, по избор: радијатор, печка, ќумбе, камин...
Како млада мајка и јас го сакав најдоброто за моето бебе. Значи свинска маст ,несолена,ја премив во 9 води.Така ми кажаа. Е сега го мачкам детево ден,два и на третиот ден си реков чекај да си ги намачкам петиве. Леле,мислев дека ми се запалија нозете и одма престанав да ја користам.А онака сум ставала на гради ,ама мачкање по тело од тогаш никако.
Јас од свинскава маст памтам коа бев мала мајка ми ме мачкаше на градите коа бев болна нешто као помагало за искашлување. А да ме мачкле цела или дали има некој ефект за тоа помазна или поубава да биде кожата стварно не знам. Али за кашлањето помагаше.
Па за некое чудо јас, брат ми и уште 7 братучеди ( од страна на татко ми) сме изразнати со таа свинска маст. Точно дека спречува бронхитис. Помага за испукани пети, за загревање итн. Јас и ден денес зошто имам премногу сува кожа знам да се намачкам, да облечам нешто памучно и после 1-2 часа да се избањам и кожата да ми биде супер. Паметам како деца кога одевме кај баба ми во село, по цел ден ке игравме во снег и нормално некое од нас со носе растечено, некое со температура, па баба ми ке не избањаше во корито до шпорет, па ке не премачкаше со свинска маст, ке не завиткаше во волнени партали, ке се напиевме овчо млеко и на спиење. Сабајлето ко нови - здрави деца, спремни за одново да го поминат денот во снег и вода. Не паметам да ие некогаш сме имале грип или некој вирус, освен обична настинка. Внук ми има 5 години, а снаа ми до 2 год ко премачкуваше со свинска маст секогаш кога ке почнеше да кашла или да крева температура и детето си е супер.
Абе едно е да користиш свинска маст за загревање во вакви случаи или како бабински лек против бронхитис, а друго е да ја користиш како замена за лосион за тело, да речеме преку ден, или секој ден по туширање, ама ајде како сакате.
Не знам кој би поднесил секојдневно да се мачка со него, па и кај бебе Јас го ставам на нозе, за омекнување и истата ноќ спијам со неколку чорапи да не пропушти на чаршавот затоа што ужасно мириса и остава масни траги . А за да биде во замена на млеко\лосион, зависи како го замислувате тоа. Ја би нешто со блага,нежна нота,а не ова.
Сега ме потсетивте дека и јас имам дома една крема од невен и свинска маст ( ја добив на подарок ) не мириса, а била добра за лекување црвенило на кожа. Не сум ја користела никогаш, но другаркава што ми ја даде, имаше проблеми со лицето и кремава и помогна многу. Лицето навистина и се исчисти. Јас сум обично скептик на нешто што е од муабети пренесено и верувам само на тоа што ќе го видам. Е сега, сигурно некому му помага, а некому не, како и за било што друго. А со оглед дека е со свинска маст, јас на бебе не би ја ставила никогаш, па што сака нека помага.
Значи свинската маст дејствува на многу едноставен начин. Ги затвара порите, со тоа нормално се загрева местото каде е нанесена. Ако се работи за нанесување на гради, поради загревањето се разредува секретот и полесно се искашлува. Но, нанесување на цело тело во замена на лосион? Не знам што мака ке види тоа бебче, кожата воопшто нема да може да дише. Внимавајте мајки, особено ако има и покачена температура, ќе направите поголема беља. Абе и свинската маст и свињите не се тоа што биле. Порано била и лек и основна храна за нашите баби, дедовци. Мене до сега не ми паднало на памет да ја користам за кожа, а со детето не сум видела некоја мака, па да пробам. Само на сарма од кисела зелка знам да фрлам некоја лажица.
Кога се мачка на гради важно е само да е несолена.А ако се мачка по тело мора да биде премиена со студена вода.