Свинска маст - млеко за тело кај бебето

Дискусија во 'Бебе' започната од Nana19, 14 октомври 2015.

  1. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.520
    За да не спиеш со повеке пара чорапи, облечи само едни ама памучни и над нив кеса обична врзи. Така и побрзо ке загрее и нема шанси да пропушти. Е сега јас имав една незгода кога станав една нок за во вц и заборавив на кесите, па поради лизгање и трескање на земја, ме болеше задникот 3 дена.
     
    На cresa-jagoda и Ginger^ им се допаѓа ова.
  2. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.974
    Допаѓања:
    102.218
    Пол:
    Женски
    Еве мое искуство. Се изгоре лани син ми со жешка вода која врие директно од тенџерчето на рингла, рачето од зглобот на шаката до лактот му беше опфстен со изгореници 2 степенж кожата инстант му се излупи:tmi: Два месеци одевме на преврски на хирургија и секоја нова преврска раната крвареше, јас влегував да го држам при тоа и секогаш припаѓав од трауматските слики и плачев повеќе од него. Конечно научив за еден човек кој изработува масти на база на свинска маст и невен за вакви случаи и при првата преврска од кого намачка со таа маст немаше крварење, после една недела немаше ни потреба од преврзување. Го мачкав со месеци со таа маст, после продолжив и со купечки против лузни но само на природна база со есенцијални масла, со јекодерм и одвреме навреме со чиста свинска маст. Сум читала дека свинската кожа е најблиска до човечката и дека пресадуваат кожа на човек од свиња, впрочем и документарец сум видела. Свинската маст и месо ги кркаме без проблем, а да брцнеле прст во свинска маст никако. :lol:
    И друг случај, кога имаше пеленски осип син ми, триста купечки чуда пробав, без пелени го оставав, антибиотици и шо не, и на крај со чиста свинска маст од комшиите го мачкав и му помогна. Исто и јас раната од царскиот рез ја третирав со домашни приготвени такви масти на базс невен и свинска маст,
     
    На Lady Phoenix, Abeja, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.397
    Пол:
    Женски
    Да се изјаснам и јас.
    Можеби Нана не се изрази најдобро на почетокот, а и ја сфатив поентата. Како мала почесто кашлав и секогаш мајка ми или баба ми на лист од весник мачкаа свинска маст и ми ја ставаа на градите и грбот. Како со маѓија поминуваше кашлицата. Ден денес кога ќе е болна ќерка ми ја мачкам со свинска маст и сода бикарбона.
    Инаку еднаш годишно правам крема од свинска маст, јагнешка лој, невен, пчелин восок, мед и вазелин, за пети, лакти, изгореници па дури и како ноќна крема ја користам. Супер е.
    Свинската маст при пржење не прави изгорници, додека зејтинот пузер прави.
     
    На ph.orhideja, Abeja, marama и 8 други им се допаѓа ова.
  4. stefanija70

    stefanija70 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    846
    Pred nekoj den edna komsivka me ubwduvase deka deteto non stop od obicno rasteceno nose nareden den bronhit ili pnevmonija, lendacini, cuda se dodeka ne pocnala vednas da go macka so svinska mast stom ke mu potece nosot, e od togas demek bronhit nemale. Jas nikogas ne sum pravela takvo nesto, kerkata ednas napravi bronhit koj so sirup klaritromicin daden predocna (oti neli antibioticite se najgolemo zlo) go saniravme vednas, nikogas posle toa. A kaslala milion pati, osobeno otkako trgna u gradinka, ama glavno poradi sekrecija,od nosot. Antibiotici na prsti se broi kolku ispila fala mu na Boga. I togas da ne cekavme do,posledno ke pominese i so dr antibiotik, ama nasiot bivs pedijatar ne ubedi deka nema pptreba, sreka sto si pobarav vtoro mislenje normalno samoinicijativno vo Kozle. Jas sum vazela za mnogu bolnikavo dete,nikogas nikoj ne me namackal so svinska mast, a i,pokraj se nikogas za moi 30 i,kusur ne sum,imala bronhit ili pnevmonija, isto,i brat mi. Soprugot go mackale so svinska mast na hartija, od nego,imam cueno prv pat za ova i ne znae ni sam,kolku pati imal pnevminija kako dete i,zaglavuval vo bolnici. Mnogu veruvam vo narodnata medicina, ama ova da probam mi e ne znam, von pamet. Aj da ne kazam 2 pati, ama drugo e,mast so kantarion cii svojstva se znaat, a drugo svinska,mast na gradi. I dali nekoj dokazal kako toa ako se zatvorat porite ke se razredi sekretot mi e prvo prasanje. Ne e ironicno, stvarno me interesira. I vtoro, eve ko,komsivka mi sto tvrdi stpm,se rastece nos ili kasla dete da se namackaat gradi. Sega jas so,moevo skromno poznavanje znam deka edno e kaslica od sekret od nos koj,se sleva ili laringijalna, a sosema drugo nronhijalna. I sega ako kaslanjeto e od sekret od nos, ato ima veze ako gradite se namackaat? Izvinete za greskite vo kucanje, mnogu mu e tesko,od telefonov.
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    14.251
    Допаѓања:
    225.584
    Се најдов повикана поради ова, јас не јадам свинско месо :)
     
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.974
    Допаѓања:
    102.218
    Пол:
    Женски
    Па те 'отповикувам' тогаш, се однесува стрикно на тие кои Јадат а се грозат од брцкање прст! :$ Се надевам некој нема да се осети навреден, немав воопшто таква намера, разбирам дека има такви кои не јадат, дали од лична дали од религиска причина.....
     
    На okcenzi и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    16.932
    Допаѓања:
    77.151
    Пол:
    Женски
    И јас разбрав што сакаше да каже Нана потоа, ама првичната дискусија не течеше ни малку во оваа насока (слободно може и да се прочита на почетокот од дискусијата), туку баш беше јасно и прецизно кажано - свинска маст како замена за „скапите“ марки млека за тело наменети за бебешка кожа.

    Да, свинската маст ете спаѓа во оние „лекарства“ од алтернативната медицина, но не, не може да биде замена за млеко за тело зашто нејзината намена не е да го хидрира епидермисот, туку прави нешто сосема спротивно на тоа.

    Мене не ми се допаѓаат јадењата приготвени со свинска маст, масло си е масло.
    Можеби ќе добијам изгореници или што год да е, ама барем ќе ми биде вкусно. Не си зборам на памет, сум пробала јадења пржени во маст, ама ете на пример пржениот компир не ми е толку вкусен кога не е пропржен во масло, тоа е веќе е лична преференција и е доста надвор од темава за лична нега. :lol:

    П.С. Ај сега да пржиш компир, толку и ми требаше за да ме фати лудило.
    Со зејтинче! :P
     
    Последна измена: 15 октомври 2015
    На slobodka, CameliaMiller, Jordanovska-K и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.397
    Пол:
    Женски
    Море чварки како ми се јадат од оние меснатите.:D
    И мене храната не ми е баш убава со свинска маст. Маста и јас не би ја користела како млеко за тело, прво многу е масна, а друго да, ги запушува и порите. За лек секогаш ќе ја користам затоа што навистина помага.
    Онаа кремата што ја правам ја користам само за одредени делови од телото, односно за погруби површини и многу тенко за лице, имам сува кожа. Е сега кремата не е маст само, туку има и други состојки и е потполно природна. Не е исто да купиш во аптека крема од невен и крема направена во домашни услови.
    Домашнава не е парфимирана и смрди по малку во тоа е дражта.:D
     
    На ninja35 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    18.373
    Допаѓања:
    155.995
    Пол:
    Женски
    Во контекст на ова - далеку поздраво е да јадеш готвено со маст отколку со масло. Зборам за домашно одгледана свиња, во природни услови, без товење со концентрати и слично.
    Не знам колку имаш искуство - ама дали полесно ќе измише тава во која си пржела со маст или тава во која си пржела со масло? (остај настрана машините за садови, збориме за миење на рака). Поискусните домаќинки знаат - полесно се измива маста. Па сега ти види што зејтинот им прави на крвните садови....
     
    На Abeja, PUPICA, ninja35 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    16.932
    Допаѓања:
    77.151
    Пол:
    Женски
    Toa во секој случај и во однос на двата примери, не се ни потрудив да го негирам, затоа и не го спомнав.
    Но, еве кога готвам јас, не користам толку многу масло затоа што мразам намирници „нацицани“ целите со масло и мрснотии - дури и по дома ретко конзумираме пржена храна, повеќе сме на оние поздравите варијанти, но навистина од аспект на вкусот не ми е воопшто вкусна храната приготвена со свинска маст и покрај фактот што знам дека е поздрава.
    Кога нешто не оди, не оди, не ми сака душата. :)

    А @Daleron, послушај го подмладоков и капни во кремата неколку капки етерично масло по сопствен избор.
    Се губи тешкиот мирис на маста - мајка ми си применува вакви трикови и можам да потврдам дека камуфлажата е успешна. :)
     
    На Annath и Daleron им се допаѓа ова.
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    11.117
    Допаѓања:
    129.407
    И јас првично ја разбрав Нана за употреба на свинската маст секојдневно, што никако не ми се допадна.
    Па и на мало бебула на кое кожата му е тенка како свила.
    А за употреба во алтернативна медицина сосема се согласувам. При кашлица како мали обавезно приспивавме со газа намачкана со маст и одозгора не мелен црн бибер. За некој ден бевме како нови! :) Ова зборувам за возраст над две години.

    Нормално често се користи и како подлога за изработка на секакви домашни масти, наместо вазелин.
     
    На Mama25 и joy1 им се допаѓа ова.
  12. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    416
    За ќерка ми уште пред да се породам купив шампон и млеко за тело, но кога отидов на прв преглед на педијатар ми кажа дека нема потреба од млеко за тело, само јекодерм на местата каде има фалти, на вратчето, препоните и слично и на газето павловичева маст тенко намачкана, дури ми кажа дека првиот месец - два нема потреба ниту од шампон туку само со вода да ја бањам, можеби само газенцето после какање со некој благ шампон или сапунче бидејќи на почетокот бебето преку кожата се чисти од дејството на хормоните на мајката и слично и подобро да не се шљака со се и сешто.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.267
    Насловот на темата доволно зборува на што мислеше Нана, плус првично мислам дека беше напишан свинска маст- нешто најубаво за кожата на бебето. Сега парафразирам, ама во тој контекст беше напишано.

    Јас понекогаш користам свинска маст за готвење, дури имам правено и благи работи со неа, подобро го прави тестото од путер, ама да се мачкам по тело со неа нема шанси, исто како што не би се мачкала со ракија.
    Колку сака нека има ефект, си има во денешно време многу подобри супститути, па си ги бирам нив.
     
    На Sky-butterfly, joy1, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    54.984
    Пол:
    Женски
    Највкусните ванилици се прават со свинска маст :) Проверено :!:
    Некогаш ја користиме при готвење, татко ми знае да направи многу убав чипс кој не испаѓа толку добро со обично сончогледово масло.

    Во поглед на темава, свинска маст како лек - да. За кожни болести, настинки, особено висока температура, може да биде подобра од било каков лек купен од аптека. Ама свинска маст како замена за млеко за тело, крема за раце, лице или што и да е - тоа не. Премногу е тешка за секојдневна употреба и ги затвара порите. Дури и кога се користи како лек, се мачка само на одредено место. На пример, за бронхитис се мачка на градите, при кожни болесни се мачка само на раната. За висока температура знам дека може и да се измеша со други состојки, на пример алкохол. Значи сепак се употребува инцидентно, а не секојдневно.
    А чиста свинска маст да користам како крема за лице, или како лосион за тело - јас не би :shake:
     
    На ph.orhideja, Annath, darcy и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.745
    Lugje ne se zbori za golema kolicina....
    Dovolno e majkata mala kolicina da gi izmacka nejzinite race i potoa so ostatokot od razcete samo da go izmasira nezno bepceto.
    Masta voopsto ne mirisa loso koga se premie vo 9 vodi nema apsultno nikakov miris.
    Ne rekov za sekojdnevno macka tuku od vreme na vreme.
    Mnogu e zdravo za bebeto i prasajte i doktori ke vi go potvrdat toa.
    Eve na primer snaami se so 1300 e mesecno primanja. Za deteto koristi mustela kolekcija no i pokraj toa si ja macka so svinska mast.Znaci ne e poradi finansii tuku poradi dobroto na deteto.
    Stiti od nastinki, go utopluva teloto i poubavo zaspiva, ja omeknuva kozickata i mnogu drugi raboti sto se samo od korist.
    nemora da me napagjate ne vi naloziv da korisitite i nemozam..
    Samo spomnav za nesto so misla deka mnogu ne go slusnale a moze nekoj ke saka da primeni
     
    На ♡BuBaLe♡, okcenzi и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.325
    Не сум растена покрај баби а мајка ми веројатно не знаела, прв пат слушам свинска маст вака да се користи.
    Јас се заразив со користење на кокосово масло, онакво за готвење, исто како свинската маст се стврднува во бела густа маса на собна и подолу температура а се растопува на рака. Се што е лосион не користам веќе, и омекнувач на коса баталив, креми и гелови за бричење, се, канта.

    Ако имав свинска маст, кога размислам, би пробала. Ама за бебе не би.
     
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    17.216
    Допаѓања:
    266.594
    Пол:
    Женски
    Значи кога спомнуваш колку примања има снаати и дека користи мустела тоа не е фалење м?
    Ама кога ние пишуваме дека користиме мустела тоа е бидејки се такмичиме мегу себе која користи поскапа крема?
    Тоа се твои зборови прочитај се на првата страна..
     
    На Bozica1980, Mishela, Waka-waka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. stefanija70

    stefanija70 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    846
    Pak ne mi e jasno, velite stiti od nastinki i go,zatopluva teloto. Prvoto prasanje mi e sto so toa, koja e prednosta ako e zatopleno bebeto i dali istoto go praktikuvate samo koga e ladno ili celo vreme. Vtoro, bidejki se macka pri nastinki, a go,zatopluva teloto, sto vo slucaj na visoka temp, nema li da bide uste beter so dopolnitelno zagrevanje. I treto, za upotreba pri nastinka, rastecen nos radi koj posledovatelno deteto kasla kakov efekt ima mackanjeto na gradi.
     
    На Waka-waka и joy1 им се допаѓа ова.
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.708
    Допаѓања:
    12.154
    Пол:
    Женски
    Исто.... преубаво е :D
     
    На stefanija70 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    2.706
    Допаѓања:
    90.446
    Пол:
    Женски
    Lele zabegavte,daj olabavete (facepalm)