^^^Не знам, ама јас кога не сум добро, голема настинка, омалаксаност, температура, наместо да се оладам, уште толку се затоплувам (не сум "прегорела" досега). Пијам аналгетици и се мотам во ќебиња и доволно е да се испотам два-три пати и да се пресоблечам во текот на ноќта и наредниот ден сум како нова. На мое дете ова го немам испробано, за него се водам по книга па страв ми е кога има температура да го затоплувам, ама за друго да. Гледам да се испоти неколку пати, да го пресоблечам и подобро е. Да имам свинска маст би ја користела повремено, може за бебе не, ама за дете да. Ако може да се јаде, сигурно и на кожа може да се стави.
Јас имам домашно произведени масти, комбинација свинска маст и невен, свинска маст и кантарион и свинска маст и ајдучка трева. Немам проблем при нивна примена, иако масти, креми не користам често поради тоа што сите ги затвораат порите. Особено не верувам во 100% ефикасност на кремите од брендовите кои ги фалите а и од други. Повеќе верувам во природата како лек. Вештачкиве креми понекогаш ги користам, но највеќе поради тоа што се парфимирани а не дека се корисни за кожата. Свинската маст можеби не мириса пријатно како бекутан на пример, но е покорисна. Ептен утре сум на работа, инаку би си го намачкала грлото сега како што ме боли.
Breee ama ste zabegale jas ne ni imam od kogo da zemam svinska mast, a i ne bi ni zemala zasto od sam pocetok pocnav so Jekoderm, a letovo so mleko za telo na Hipp i kakov e bebus mazen, bel, mekicok.. zdravo bebe, zdrava koza... Ne tuku se treskajte od zemja ne zavisi kozata samo od kremata Sigurno site tuka so razlicni kremi gi mackame, a site se so ubava mekicka koza..
jas nisto ne mackam i epten mi e ubava kozata... bas naprotiv ako se namackam, se nafrluvam ili posle nekoj period cela koza mi e suva i mi se peruti... samo kje si se izbanjam so mleko za telo i nisto ne slapam
I mene majkami me mackala so svinska mast i dodeka site moi drugarki kupuvaat mat pudri i davaat nevideni pari za prekrivni pudri jas koristam pudra samo za regulacija na tenot.Niti imam brucki niti mozolkui nitu nisto. zboram za cela koza ne samo licencento isto i maz mi i zolvami nemaat brucka ni traga po telo
Да се вклучам во жустрава дискусија од искуство свинскаѕа маст сс користи со усул. Не по цело тело туку на регии. На бебе му се појави липајче на веѓата го намачкав и му помина. На друго место немам ставено зашто немало потреба. Зс кашлица или затнат нос ја користам и секоја зима - или чиста или со невен. Да, маста е измиена и направена како шне а невенот е природен исто како и маста која ми ја даваат пријатели од нивното екс бише имаку нема подобар крем за целулит од маст со невен. За 2 недели топ си. Секој си има свој стаб за користење на бабини лекови, мојот е пробај со малку, ако нема реакција користи.
Знам дека темава е за бебе, ама сите сакаме бебешко мека кожа, јас сериозно почнав да гуглам Гледам крај на 17 век и таму 18, жениве што ги цртале и сликале по портрети, нели манекенките во тоа време користеле свинска маст како помада за лице. Па на некоја во модерново време некј скан за лице и направиле пред, и четири недели потоа. Резултат, нежна кожа а брчките и се намалиле за 10% Како точно се мие маста со вода? Јас отидов кај месарот по сланина.
Многу ми е интересна Нана, во зависност од насоката што ја добива темата, така го менува својот став- еднаш маста служи за лек и се мачка само на одредени места, друг пат е наменета за мачкање по цело тело и на лице, еднаш пишува дека штити од болести, друг пат дека е за убава кожа и против брчки. А не ми е јасно какви брчки очекува да има кога има само 22 години, но нејсе. Имелда, без линк пред и потоа од женичката, не се важи постот.
Mislam deka ne misli na brcki, tuku brUcki, verojatno misli na mozolcinja, osipi ili sl. Kako i da e, mene diskusijava mi e mnogu interesna. Sekogas moze da se nauci nedto novo, a moze i ke dobijam argument da probam da ja koristam. Ama ova sto go kazuva Nana ne drzi voda. Nikogas nikoj ne me namackal so svinska mast, a pudra voopsto ne koristam i nemam potreba. Plus sum,i dosta postara od Nana. I aj sega, toa li e argument za ili protiv.
Исто и јас, немам никакви неправилности или лоша кожа, напротив А не сум пипнала свинска маст никад За мене непроверена народна медицина, не е ни алтернативна медицина, искрено, знаеме за својствата на кантарионот, мајчината душичка, камилицата, алое вера итн. затоа што нивните својства се научно докажани. За свинска (или друга маст), не сум видела нешто да е објавено. Ако е, се надевам некој ќе сподели. Од рекла казала, 8 или 9 води, бабини деветини, не гледам аир. На себе не би пробала, не па на бебенце.
9 води не се бабини деветини, туку искуството покажало дека 9 премивања се доволни за да се изгуби миризбата. Јас сум најголем противник на бабини деветини, ама не спаѓа се во тоа
Тие што користеле свинска маст и што ја премивале избројале, не мора во се контра да одиме. И да, најверојатно на осмото мириса. Не сум миела свинска маст, свекрва ми миела, и ваљда знае... јас не се мешам онаму каде што некој искусил нешто и знае, и да се правам попаметна. И на мајка ми и дадоа свинка маст за мачкање, и рекоа дека е премивана во 9 води, не мирисаше, ваљда и тие знаеле. Мене глупо ми е и да одам и да им се инатам и да ги прашувам дали во 8 мириса или не. И тоа е некаква хемија, ако не е во лабораторија не значи дека не е хемија, и дека водата не реагира на некој начин со маста... се е хемија и си има свој процес... не мора да се исмеваме на се и сешто. Јас правам сапуни домашни, не со свинска маст, ама со масло, па нека дојде некој нека ми каже дека правам бабини деветини, а не хемиски процес. Не мора да е на час по хемија за да биде нештото ХЕМИЈА!!!
Па ако свекрва ти знае, и комшиката, а не е тоа научно проверено, ондак каде не сум во право? Значи, тоа може да се провери во лабораторија, и ако некој провери, реков - би било фино да сподели. Јас не и верувам на свекрва ти - на пример, ама ако прочитам во некоја студија за испитување, што докажало дека со толку (пример) миења, топлења итн. маста станува корисна за тоа и тоа, тоа е веќе нешто друго. Мене да ти кажам, за мое тело, ич глупо не ми е. Се ќе си прашам за да си знам