Свинска маст - млеко за тело кај бебето

Дискусија во 'Бебе' започната од Nana19, 14 октомври 2015.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    14.251
    Допаѓања:
    225.584
    Смрдеата е мила најмал проблем, ами како знаеш од каква “свиња“ потекнува?
    Може јас сум таква, абе дур не прочитам декларација и што се има внатре, не пипам.
     
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.708
    Допаѓања:
    12.154
    Пол:
    Женски
    Ама тоа е веќе друга дискусија, тука нели секој си има право да одлучува. Ние зборавме колку пати треба да се премие свинската маст за да не мириса, тоа беше моето за бабини деветини или не. А кој ќе го користи, дали помага или не, тоа си е веќе друга дискусија во која не ни сакам да навлезам, поради што секој си одбира што ќе користи на сопствената кожа.
     
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    14.251
    Допаѓања:
    225.584
    Абе Жаки, тоа беше набројување, пример. Се фати за тие водите како слеп за стап, да му се невиди :D
    Се што не е научно поткрепено е бабина деветина, предание, домашен рецепт, како сакаш наречи го.
    Јас не викам вие да не се мачкате, ама за мене ете, додека не се докаже позитивното дејство на таа маст, не би ја употребила за ништо, а посебно не како млеко за тело на бебенце :)
     
    На stefanija70 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.708
    Допаѓања:
    12.154
    Пол:
    Женски
    Па за водите мислев де, за тоа и ти велеше, оти биле 9 не 8 итн... за тоа реплицирав, а не дали ти ќе го користиш или не. Јас сало на себе до сега не сум употребила, ако имам таква крема дома, ама кој сака нека си користи... рецептите не се бабини деветини.... бабина деветина е ако видиш црна мачка, лош ќе ти биде денот, или несреќа 7 години ако се скрши огледало. Ама рецепти си се рецепти. Има многу си прават маски за лице со мед, краставици, јогурт... тоа се рецепти, не се бабини деветини. Некои си прават маски за коса од маслиново масло и други состојки, па пак не е бабина деветина, туку рецепт. Пак ќе речам... кој што сака нека си користи, ама поими да не мешаме. И нели гледаш истото го правиме муабет, да не бидеме удав, нека си пишуваат и другите малку.
     
    На SuperGirl24, oblace1, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    14.251
    Допаѓања:
    225.584
    Океј, не се согласувам (и не практикувам да создавам козметика) ама секој со своето :)
     
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.397
    Пол:
    Женски
    Што ви е бе!?
    Ич да не е измиена лек е. Газот да не го миете секогаш кога се*ете.!
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    7.150
    Допаѓања:
    82.544
    • Sodium Lauroyl Isethionate.
    • Stearic Acid.
    • Sodium Tallowate
    • Sodium Palmitate. ...
    • Lauric Acid. ...
    • Sodium Isethionate. ...
    • Water. ...
    • Sodium Stearate.
    Oва го користиш? Го разбираш? Ова го има во Дове крема за лице.
    IngredientsDove.jpg
     
    На kikkki, ph.orhideja, Lilit и 9 други им се допаѓа ова.
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.325
    Нана можеби нема брчки, ама јас се вмешав со сланина за шминка и озбилно планирам да се клефтам по лице. На темава кога почнав да читам првин се смеев, ама исто скептична бев за кокосовото улје, а сега нон стоп мирисам на :^:, ми се намалија сините ташни под очите.
    За годиниве мои немам кој знае колку свифки, линии, брчки, ама сега им е времето оти имам некои фини линии тук таму а од помадите за анти стареење на кожата ефектот е моментален и психолошки, ради потрошените пари, и пред првата кутија да ја испразнам знаев дека нема фајде баш, ама зор.

    Значи озбилно да си прашам. Како се мие во 9 води? Колку време треба да стои во една вода?

    Гледам има да се купи во супермаркет готова, ама јас сакам јас да си растопам, без стабилизатори или што и да ставаат. Ем џимиринки. Ќе има и заби за пломбирање. И, линкот еве го што ме заинтересира, каде имало ефект демек.




    http://www.dailymail.co.uk/femail/a...olting-devotees-swear-secret-softer-skin.html
     
  9. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    5.071
    Допаѓања:
    25.129
    Пол:
    Женски
    А на декларација на свинска маст што ќе пишува освен маст од свиња? :D Или додаток невен пример..Исто како на кокосовото што пишува масло од кокос.
    Инаку јас не сум користела никогаш и искрено не би користела за бебето, а и не купив некоја прескапа козметика планирам со јекодерм и кокосово да го мачкам значи не држи вода фалењето. Колку помалку толку подобро. А и не гледам причина да се загрева цело тело на бебе без потреба, посебно на почетокот кога колку што знам не ја регулираат телесната температура како нас. Затоа се препорачува ни многу жешко, ни многу ладно да им е.
    А на свекрва ми и прават крем за стапала од свинска маст и прополис мислам, и многу е задоволна. И ја имам мириснато воопшто не мириса лошо.
     
    На stefanija70 и imelda им се допаѓа ова.
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.397
    Пол:
    Женски
    Мачко, маста на пример фатка во рака, ја тркалаш во една вода, и се така до 9 ма дај батали, маста не се измива директ употреба му е мајката.
     
    На Askopje и imelda им се допаѓа ова.
  11. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.973
    Eve sega ja prasav majka mi za svinskata mast, pisav i na prerhodnata strana deka jas kako bebe sum mackana i toa sekoj den posle banjanje, eve sega povtorno majka mi ja prasuvam i mi potvrduva deka me mackala so mast sekoj den po celo telo :wasntme: da, da i jas ne veruvav ama ete taka sum porasnala i sto mi fali? I vikam na majka mi zosto me mackala sekoj den neli se zatvaraat porite od masta i mi vika pa pred 30 godini site taka pravele i fala mu na Boga jas nastinka ne sum imala od kako sum se rodila pa se do 3,4 godini. Sto da kazam i jas ne znam. Ako me prasuvate mene i jas prvoto nesto sto go pomisliv koga ja procitav temata e :puke: no od iskustvo i testirano na mene eve si kazuvam deka nema nisto loso vo toa pa sega sekoj si go znae.
    Inace masta se premiva vo 9 vodi, se srava voda se brka so lazica kako puter koga urabotuvate i se frla taa voda pa pak se stava i se taka do 9 pati do koga i kje iscezne mirisot i taa stanuva kako sneg bela na krajot i toalku, mackaj ^_^
     
    На imelda, jacqueline.s, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    14.251
    Допаѓања:
    225.584
    @Cka да, го разбирам. Ако е тоа тоа што те интересира.
     
  13. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    525
    Темава е опасна :)
     
  14. stefanija70

    stefanija70 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    846
    Pak ni otide diskusijata vo dr pravec. Prvo, ne e tocno deka site ne mackale so svinska maat pred 30 godini. Eve, majka mi se cudi isto kolku i jas, nit me mackala, nit nekoj vo nejzino opkruzuvanje go pravel toa. Svekrva mi gi mackala kako pogolemi,decata samo ako kaslale mnogu, i pokraj toa pisav i porano pak zavrsuvale so pnevmonii, ne sekogas normalno. Za nega na bebe ne go koristela nitu ona. Vtoro, celo vreme isto prasanje postavuvam, ima li nekade objaveno ili dokazano kako sprecuva nastinki i komplikacii pri istite, ako veke eve tvrdite deka e mnogu efikasna vo tie slucai. Isto prasav, koe fajde od zatopluvanje na bebe so svinska mast i dali istoto se praktikuva ako bebeto e rodeno vo leto. Smrdeata i brojot na vodi ua premivanje e najmal problem. Jas prva ke ja koristam ako nekoj mi go objasni gorenavedenoto. Kako sto se navlekov i na kokos ua koj sto procitav eden kup statii.
     
    На makedonkamak, Sky-butterfly, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    7.150
    Допаѓања:
    82.544
    А ова?

    Lard is mainly fats, which, in the language of chemistry are known as triglycerides. These triglycerides are composed of three fatty acids and the distribution of fatty acids varies from oil to oil. In general, lard is similar to tallow in its composition.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    14.251
    Допаѓања:
    225.584
    Да. Како знаеш колку од конкретните киселини се потребни за твојата, а колку за бебешка кожа?
    Имаш начин да измериш?
     
  17. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.939
    Допаѓања:
    23.599
    Пол:
    Женски
    Теоријата дека некој немал мозолки затоа што бил мачкан со свинска маст како бебе стварно мислите дека држи вода?
    А гените тука немаат улога нели? И еден куп други фактори, како на пример исхраната, колку кожата лачи маснотии и сл.
    Едно е како лек да се користи, ама јас да ја шлапам на лице...Замислете на мрсна кожа...:emo:
    За бебе не би ни помислила. Колку и да ми кажува некој дека е добра, едноставно за мене е незамисливо.
     
    На awl, Salome, stefanija70 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.075
    Допаѓања:
    61.311
    Пол:
    Женски
    Не ги исчитав сите страни ме мрзеше:wasntme:јас знам дека порано ги мачкале со маст бебињата кои биле мали или предвреме родени, секој ден ниту ги бањале како сега уште помалку ги мачкале со маст.

    Секој ден бебе не би мачкала, односно не сум ги мачкала со ништо не па со свинска маст на толку осетлива кожа ама кога потпораснаа кога и да осетам дека ќе настинуваат тогаш мешам малку свинска маст со ракија и ги мачкам на грбче и до сабајле се кукурек, нема ни трага ни глас од настинка.

    Инаку за домашни козметики на @Lilit пилингот е најдоброто нешто кое сум го употребила на телото, веќе пилинг не сум купила скоро 4 години, не знам дали е до пилингот или генетика ама ни стрии не добив во ниедна бременост, така да јас не сум скептична во односот на домашна козметика и лекови.
     
    На Annath, oblace1, stefanija70 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.110
    Допаѓања:
    2.687
    Пол:
    Женски
    Е кажи ни го де !!!!
     
    На CameliaMiller и Eli23 им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    9.398
    Допаѓања:
    121.727
    Како се штрекнав, викам кога сум пишувала на темава?!
    Може да пишувам за спремање на свинско, ама свинска маст и козметика, е бога ми сигурно не.:D
     
    На bittersweet и Eli23 им се допаѓа ова.