1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свинска маст - млеко за тело кај бебето

Дискусија во 'Бебе' започната од Nana19, 14 октомври 2015.

  1. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.263
    Допаѓања:
    46.551
    Пол:
    Женски
    Во наше време(колку старо звучи ова)сме биле мачкани со свинска маст,посебно за респираторни заболувања.Мислам дека на издупчен весник се ставало маст,во некои случаи и бибер за да ,,омекне"секретот и се олесни дишењето.
    Или оној лек со ракија,маст и андол,се мачкале децата со температура.Јас еднаш до двапати ако сум го применила ова.
    За ванилици ја користам,не мириса и колачите се меки.

    А кога станува збор за козметика,многу препарати содржат ланолин-овча лој.А ние ги користиме.
     
  2. stefanija70

    stefanija70 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    441
    Допаѓања:
    853
    Da, ama nikoj ne go macka celo bebe so cist lanolin, tuku pr. lanolinot e del od pavloviceva ako ne se lazam i e odlicen za ragadi kaj doilki. A za nego znam deka se dobiva od volnata na ovcite, na kakov nacin tocno ne znam. Vo vrska so lekot so andol, mast i rakija, jas kolku sto znam kozata e odlicna za resorpcija na lekovi, a so ogled na povrsinata verojatno ne e zanemarlivo sto ke se resorbira i vo koja kolicina. Ako ima nekoj poupaten ve molam da napise dali na,vakov nacin se resorbiraat alkoholot i andolot, pogotovo sto andolot,kolku sto znam e zabranet za upotreba kaj deca. Isto i za strii, se e stvar na samata struktura na koza, genetikata, ishranata. Jas se popraviv mnogu so prvata bremenost, so vtorata pomalku. Ne se mavkav apsolutno so nisto na stomakot, i nemam ni edna edinstvena strija. Ama,zatoa kolku i,da oslabam i da vezbam,maka macam so celulitot ;(.
     
  3. Sunshine3

    Sunshine3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    214
    Еве и јас да се пријавам дека мене и брат ми мајка ми не мачкала после секое бањање со маст до 1 година. И јас и брат ми имаме ептен мазна кожа, особено па брат ми како свилена му е, што е многу чудно ко за машко.. Искрено не верувам дека е до маста, туку дека игра улога генетиката.. Јас моиве деца не ги мачкам со ништо по тело, зошто сметам дека нема потреба да нанесувам било што на бебешка кожа.. Свинска маст имам стално во фрижидер, тоа ги мачкам кога се настинати или со кашлица. И сметам дека тука помага, не дека прави чуда ама дека помага, да.. Зимата кога ми настина помалиот син (тогаш бебе) си набавив и гускина маст, па сега и тоа имам. Од гускината маст мачкав и на грб/гради, и му давав на врвот на лажичето и во уста, па само со тоа и инхалации со физиолошки излечивме прилично сериозна кашлица која се имаше спуштено и на градите.. Дали маста вистина помогна нешто или не не сум сигурна, ама секако дека пак ќе ја користам во следната прилика..
     
  4. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    27.080
    Сакам да ги прашам мајките кои се строго против употребата на свинската маст, дали и во случај на јака настинка кај своите деца нема да посегнат по бабиниот лек свинска маст па колку и да се скептични за нејзиното делување. Кога лековите препишани од доктор не делуваат, а детето се измачува дали нема да ви падне на ум дека мора да се проба и бабиниот лек? Јас баш во такава ситуација првпат употребив свинска маст за моето бебе (тогаш беше 11 месеци).
    Искрено, секогаш кога се разболува моето дете правам напори дома да ја надминеме болеста, не брзам веднаш на доктор. Се мачкаме со Мукоплант, па во случај кога гледам дека не се подоборува состојбата употребувам свинска маст (досега 3-4 пати сигурно) Ете не здрави и живи, без осипи и не смрдливи, со мека и бела кожа.
    Бев против и солев памет како ги затнува порите и прави осип, но при една јака настинка кај моето дете видов не видов ги послушав постарите околу мене и употребив свинска маст. Совест ме јадеше, ама другиот ден детето беше друга приказна.
    Свинската маст не би ја користела како млеко за тело секојдневно, но како лек ја имам користено и би ја употребила пак.
     
    На makedonkamak, Nausicaa, imelda и 4 други им се допаѓа ова.
  5. stefanija70

    stefanija70 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    441
    Допаѓања:
    853
    Eve jas da kazam, ne sum strogo protiv upotreba na svinska,mast, naprotiv, gi citam site iskustva koi se napisani. Pa trgnavme od mleko za telo, do,sredstvo protiv brcki i strii i stignavme do lek. Postaviv poveke pati prasanja koi me interesiraat okolu toa, ne sobiv odgovor. Pobarav na net, ne najdov nikade nitu edna statija za lekovitosta na svinska mast pri nastinki. Ova so andolot mi e isto diskutabilno. Vo princip, mrazam lekovi i gi izbegnuvam, osven ako ne mora. Koristam mnogu caevi, veruvam deka zdravata ishrana e mnogu vazna na dolgi stazi, koristam med, madzun, kantarion, kokos i sl, se za sto znam i sum procitala,zosto e dobro. Ama i ne veruvam slepo vo se sto ke cujam. Taka uporno se obiduvam da svatam zosto e dobra svinskata mast. Diskusijata fati raulicni pravci, sekoj so svoite iskustva. Ja napravivme svinskata mast lek br.1, navodno porano site ja koristele, leci nastinki, kaslica i sl. I 101 pat da prasam pak znam deka nema nikoj da,mi,odgovori sto toa mu pravi na sekretot pri mastinka i kako dopira do sekretot od gornite disni patista ako se macka na gradi. A tek pa na hartija. Licno na mene i ova so mackanjeto na bebinja mi e van pamet pogotovo ako navistina zatopluva. Zosto mu e potrebno zatopluvanje na bebe koe doprva treba da ja razvie termoregulacijata? Koe normalno ima ladni race i noze vo prvite denovi od zivotot,a ne mu e ladno. Me potseka ova na prikaskata od babite, ako vo zima,me e 30 stepeni sobna temp i deteto pri toa nema osven bodi, 2 bluzi i volneno elece odizgora garant se razboluva. I velite kako ste rastele, pa kako sme,rastele nie bez svinska mast. I da vidam nekoj mackan ko bebe so svinska mast sto pusi 1 kutija dnevno cigari ili jade junk food sekoj den deka ke ima svilena koza. Kako demek sostojbata na kozata vo zreli godini,ni,zavisi samo,od toa sto ne mackale vo prvite meseci od zivotot. Bas poradi toa sto nema argument mi e nekako seto ova veter i magla. Ama i ne vikam ne 2 pati, sto znam,moze na kraj i ke se ubedam vo lekovitosta na masta. So ovie argumenti sigurno ne. Ako andolot,se resorbira preku koza od masta i ni stane podobro, neli e poednostavno da go ispieme, lek e lek. Jas sum slusala i,dwka,porano na mali decinja pred spienje im,drobele leb vo vino, em,vinoto zdravo neli, em si spijat ko jagnenca cela,nok. I za ova ostanav zabezeknata koga slusnav, ama,i,toa,se pravelo. Aj da ve vidam dajte im na decata, zasto neli i tie sto gi ranele vaka eve gi nisto ne im fali.
     
    На Sky-butterfly, IveBrajan, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    17.418
    Допаѓања:
    271.964
    Пол:
    Женски
    дете или бебе кое има покачена Т не смее додатно да се затоплува на телото.А свинската маст токму тоа го прави нели?
    Мене ми е интересно како тоа користите нешто а незнаете како и зошто така делува.Него ете порано било ок па и денес ваљда е.
     
    На H.VAGA, Waka-waka и stefanija70 им се допаѓа ова.
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.327
    @stefanija70 јас ќе пробам да одговорам зошто не можеш да најдеш статии за лековитоста.

    Секој лек од фармациолошка страна, синтетички произведен во лабораторија, мора да помине научните степени на докажување како точно хемиски функционира врз организмот, па тестирање на животни, на луѓе, со собирање клинички податоци од нивните сведоштва со тоа мерење ефикасност, несаканите дејства, долг процес пред да се одобри и пушти во генерална употреба. Незнајна пара се потроши во тој процес, и време, додека некој кој стои зад него почне да жнее од маката на болниот и да си го покрие тој почетен трошок па да почне да полни џепче и тоа саглам.
    Маста, веќе слободно достапна во секоја кујна, во цели лонци, ефтина, никој нема ќар да се замара да докажува за што е добра како лек, дали навистина помага при настинка кај деца и кој е тој физички/хемискиот процес со кој тоа се постигне. Да се најде некој да сака да ја претстави како лек и да ја патентира сама по себе не може, освен со дотури му ова и дотури му она па да го направи посебен продукт за да ја продава во тегла во продавници за природни лекови, кој ќе му ја купи е друг муабет, ама и да се продава, единствено исплатива работа е да си направи една студија, поточно ќе го тестира на сто/двеста души, од нивно сведоштво ќе си наштампа бројки на задоволни и со тоа веќе има грб да му залепи на продуктот лепенка - клинички потврдено. Како превртувам очи на реклами со тоа клинички потврдено.

    Самава тема може да се земе како таков клинички тест. Од бројот по сведоштвата на мајките кои ги мачкале и мачкаат децата при настинка и кажуваат дека има фајде, од жените кои биле мачкани како деца и мајките им кажале дека имало фајде, на спроти колку ќе речат сум мачкала ама нема фајде, па и несакани дејства во обзир ако има осип, чешење и печење на кожа и сл.
    Хемиски никој нема да земе да го разглаба. Како и секој природен лек кој е готов на рака и тоа на големо од кој никој нема да се опари, оти така функционира светот, а од нас самите зависи дали ќе мачкаме Викс лута маст или свинска маст во зависност од тоа како самите мислиме од што има повеќе фајде.

    За како абсорбира кожата, во случајот на мешање маст со алкохол и анелгетик, повеќето од алкохолот нанесен на кожа испарува при контакт заради температурата и со тоа ја лади кожата, но точно е дека дел од него се впива преку кожата, или и вдишува при испарувањето. Кремови против мускуларна болка се фактички лосион за тело и течна капсула од антивоспалителни лекарства, како нурофен, значи го впива кожата и лекот, а не знам како би било од помош топично нанесување на лек против болка при настинки и температура. Спомнувањето на затворање на порите, ме тера да мислам маста веројатно и служи како бариера, да алкохолот помешан со неа само испарува и ја лади кожата а не се впива. Забегав...сепак друг е муабетот за мешање ствари со маст, ама маста како главна, или најчесто само по себе, веќе кажаа мајки дека помогнала кај нивните деца да запре настинка во почеток или подоцна за искашлување. Јас би порадо да слушнам од жени и нивното искуство, од пракса, посебно ако се повеќе кои го кажуваат истото, отколку од теорија на лекар, кој исто така како нас неучените во таа област, ги нема тие научни докази црно на бело за конкретна работа.
     
    На Annath, tessie, Dreams11 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    13.497
    Допаѓања:
    301.618
    Не читав горе кој што напишал , незнам што мислите Вие но..
    За свинската маст читав на нет (од доктор напишано) дека ги затвара порите и дека е во ред да го измачкаш детето ако има бронхит за да се затворат порите и цела топлота да остане во организмот (ова беше напишано на висок стил и со медицински изрази, јас само просто го пишав за да сфатиме сите за што се работи)
    Јас лично децата ги имам измачкано со свинска маст, бидејќи си барав чаре, беа многу болни, па покрај антибиотици кои ги примаа, решив и да ги измачкам.
    Мачкањето ми помогна, но морам да напоменам дека немаа температура, беа само со бронхит и кашлаа.
    За два-три дена се опоравија како ништо да не било

    Маста како козметика не би ја употребила, но од време на време како лек ДА.
     
    На thelittle17, Annath, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    27.080
    Јас лично досега немам мачкано дете додека е со висока тт, баш од истите причини што ги наведе ти, дека маста дополнително затоплува. И се сложувам со твоето мислење дека не е правилна опција доплнително да го затоплуваме детето со свинска маст. Знаеме дека за висока тт се препорачува млак туш и полесна облека, но за кашлица и отежнато дишење, односно проблеми со респираторниот систем (бронхит и сл) зошто да не се искористи лек кој ни е полесно достапен, поефтин, поприроден?
    Во право си дека не знам точно да објаснам како делува и нема безпотребно да везам кога не знам како да објаснам дека цела недела се мачевме со настинка, затнат нос, кашлица и после двапати пачкање со маст едноставно состојбата на детето се подобри. Ни сируп, ни Мукоплант маст го немаа тој брз ефект на подобрување на состојбата... или случајност беше наеднаш на детето да му е подобро?
    Од друга страна пак си велам, можеби не лекува но барем знам и дека не штети свинската маст.
     
    На joy1 и imelda им се допаѓа ова.
  10. pilenka

    pilenka Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    3.456
    Мајки, темата е свинска маст како млеко за тело кај бебето, а не за лек:)
     
    На makedonkamak и Mishela им се допаѓа ова.
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.327
    Јас ни бебе немам, нека ме банира Реин. |(
     
    На tessie, joy1, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.399
    Пол:
    Женски
    Ти толкава да не се роди? :D
     
  13. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    7.068
    Сакам да направам домашна маст од невен и каков вазелин треба?
    Го има по аптеки?