Може да се каже дека имам некој допир од уникатен стил на облекување. Самоуверена сум и тоа ми помага да се носам со мојот стил. Сепак сеуште сум мала за да имам точно определен стил, но пробувам да бидам поразлична од другите. На пример обожувам да облекувам некои уникатни парчиња, но сето тоа да е со граница. Носам ленти за коса кои не се баш чести кај малдината. Или пак некои искинати хеланки како што можевте да приметите во модни критики итн. Да не издвојувам одделни парчиња облека.
Дефинитивно се носам на мој начин. Следам трендови,но не е задолжително да се носи тоа што е тренд. Секогаш гледам да се чувствувам комотно,но добро да изгледам. Голем фан сум на сласичниот изглед,тесна сукна,кошула,сако,но сеуште сум малечка за таква облека. Но,имам по нешто..кошули,тесна сукна...Најубаво се чуствувам во таква тесна облека. И кога комбинирам облека обавезно има некое такво парче..Ги обожавам и ташните,ама онакви големи. Штиклите не ги ни спомнувам..
немам некој уникатен стил на облекување си се облекувам баш кежуал ама имам некогаш периоди на цветни дезени,на венчиња,на шарени фустанчиња..највеќе си експериментирам со акцесоарите ама до границите на нормалата не како да одам во рио на карневал
Немам уникатен стил на облекување, ама имам свој . Со оглед на годините, колку-толку се пронајдов себеси на тој план. Инаку, облеката никогаш не ми била приоритет (на пр. во средно, кога имав пари во мене одев и купував книги, не облека ). А стилот на облекување ми доживеа и преживеа многу трансформации, а веројатно и натаму ќе ги има. Во годините на бунт, средно, носев црно и само црно. Имав 5-6 црни ролки, 2-3 црни кошули, исто толку црни долги сукњи, еден-два црни фустани, црни цокули, црни мартинки... Мајка ми викаше дека изгледам како се во исто да сум облечена. Имав едно чудо обетки на ушите, сакав синџирчиња, големи прстени. Од шминка- светла пудра и темен кармин... Штикли првпат ставив на матура и толку. На факултет баталив црното... т.е. не ми беше примарно. Имав баш casual стил, фармерки, старки, маички... И се уште најдобро се чувствувам во фармерки . Ако за нешто не жалам пари, тоа се добри фармерки, добри чевли и ташни . Најчесто сум во фармерки (секаков тип, но избегнувам во боја), штикли, горе зависи од сезоната, сако со кошулка, штосна маичка, блуза... Не следам модни трендови, барем не намерно, иако кај нас кога ќе излезе човек да си купи нешто, помалку или повеќе секаде е униформирано. Имам среќа и што од време на време добивам гардероба од странство. Ако нешто не ми се допаѓа, не го купувам, па стопати нека е must have за таа сезона. Накит... одамна го имам надрасното она што најчесто го чистам на форумов „ваков ѓердан со таа алка и со тој прстен и тој часовник...“ за мене тоа е too much too many . Едно парче впечатлив накит секогаш е многу подобро од таква „гужва на теренот“. Никогаш не мешам дезени, шари, или принтови или сл. нападни работи. И не го сметам тоа за недостаток на храброст, туку за добар вкус. Е сега, се зависи од тоа каков впечаток сакате да постигнете. Less is more, мојата омилена девиза во облекувањето. Минимализмот е моја омилена модна дисциплина . Имате стил кога знаете да постигнете голем ефект со малку парчиња на себе.
Јас сум машко - ќе речете што знам за облекување. Епа грешите. Убаво се облекувам, купувам убави ствари и стил уникатен ми е обавезно бела мајца .
Ништо од погоре што прочитав така на минување не е уникатно. Кога веќе спомнавте модни критики, ете Лакримоса има уникатен стил на облакање, готик, црнила и да ја пофалам, убаво и стои. Не ласкам, само кажувам. Понастрана од тоа, за себе зборам, се облекувам “нормално“ иако незнам што се подразбира под тој термин али ајде... Сакам обични фармерки, сакам мартинки иако сега не ги носам, старки, значи што и да е удобно да е. Имам голем мерак за цвикери ленонки и масивни џипси прстени во триста бои. За палта и такви работи, си поштуем класичен крој и кожна јакна, поточно скај. Сакам карирани кошули и долги ланчиња. А да, и обавезно на мене мора да има ташна преку рамо, црна онаква со глупости на неа и една кремаста, во поштарски стил На кратко тоа.
Ух јас колку стилови имам сменето ни Ријана не ми е рамна. Обожавам да експериментирам. Ама секогаш ќе ми биде омилена кежуал комбинацијата со скај палто,карирана кошула или некоја друга интересна блуза. Засега имам само црно и бордо скај палто, па планирам ова есен уште едно да си купам. Во последно време се облекувам многу женствено. Комбинирам бои и стилови, ама ретро стилот секогаш ми останува.
Јас се придржувам кон мојот стил кој не ништо посебно а и не се држам слепо кон модните трендови сакам да се чувствувам убаво во она што го носам а сепак да не изгледам како рапер туку на средена девојка... пресечив една слика од мене од оваа недела за тоа колку е лежерен мојот стил,не велам за себе дека сум модерна девојка зошто не се чувствувам како таква едноставно носам тоа што мислам дека за мене е модерно,и често се задржувам за тој мој стил не сакам премногу да експериментирам со својот изглед.
Не робувам на модни трендови, а ги пратам онака ако случајно начекам некоја статија на нетов или видам по продавници па аутоматски знам шо е тренд таа сезона Тоа чисто онака да бидам информирана. Мојот стил е класичен и кежуал. Сакам земјени тонови, ја сакам црвената боја. Парчиња со јаки бои неможе да се сретнат во мојот плакар, ги мразам светлите и дречливи бои. Сите парчиња облека ми се во нуд тонови, кафеави, тегет, црно, сиво, темно лилјаково и црвено. Несакам карирано, освен некоја интересна кошула. Капути, сакоа, палта, јакни се тоа со класичен крој. Во патики може да ме види човек само ако сум некаде на излет, планина, прошетка во парк... Тренерки носам само по дома. Секојдневно сум во фармерки или хеланки со тукника, џемперче, кошула... зависи од годишното време. Во лето воопшто не носам фармерки. Од обувките секојденвно носам чизми или сандали со полна пета, неможам со нешто ниско да се движам, не носам балетанки, не ми се удобни. За вечерни излегувања носам секогаш фустан или сукња со високи потпетици, никогаш не излегувам во фармерки или панталони, затоа што ги носам преку цела недела, па за излегувања сакам нешто различно. Сепак немам некој си многу уникатни парчиња облека, освен неколку фустани. Не ми е целта да отскокнувам од сите и да се разликувам, сакам да се облакам онака како што се чувствувам топло (во зима) и удобно, несакам нешто да ме стега или да ми биде широко. Сите работи што ги купувам гледам да ми одговараат на линијата и да изгледам убаво во нив, затоа што се друго е залудно, па колку сака нека кошта или колку сака нека е униактно. Не сум зависна да купувам марки и немам продавници од кои стриктно купувам. Купувам секаде каде што ќе ми се допадне нешто. Секако неможам да си дозволам да џитнам 10000 за фармерки од Шевињон или Мис Сиксти. Многу пари давам единствено за патики, и сакам да ми се марка, пред се заради квалитетот. А за останата облека не се замарам да ми е марка, добро ако под марка семисли на Бершка, Страдивариус, Зара.... тогаш да, маички од по 5 евра МАРКА. Купувам секаде од Солун до Шутка, само да е со прифатлива цена Она што на некој начин ме прави уникатна е накитот. Сакам интересни апрчиња накит, претежно го нарачувам од интернет за смешни цени. Сакам накитот да има чудни форми и бои. Сакам обетки во форми на животни. Сакам кристали. Несакам пластичен накит. Ако се ова може да се нарече стил, тогаш ова е мојот стил.
Имам изградено свој стил и за ништо не би го менувала,бидејќи токму така се осеќам најубаво Низ текот на годинити не сум имала некои големи промени зошто од мали нозе сум го бирала она што ми се допаѓало и не сум подпаѓала под влијание дека одредено парче е модерно па мора да го носам по секоја цена.Најмалку од се сакам да имам нешто што го носат уште други 100 девојки.За преку ден се облакам наједноставно,фармерки,маички,кошулки,џемперчиња,чизмички,патики...Кога станува збор за вечерните излегувања најчесто сакам да носам фустанчиња,но во вакви денови проаѓаат и фармерки во комбинација со добар корсет,кошула,сако,некоја штосна маичка..И штиклите се нешто задолжително Нив ги обожавам
Вашиот стил на облекување мојот стил на облекување е раперски ги сакам патиките што ги носам и го сакам мојот начин на облекување
Сметам за да имаш оргинален уникатен стил на облекување, треба да имаш и длабоко џепче. Конкретно немам завземен став само кон еден стил, значи си носам тоа што го предлага модата, и тоа што ми се допаѓа од таа мода.
Носам тоа што имам но сепак внимавам и тоа да е добро направано. Не можам да кажам дека имам некој стил бидејќи скоро секој ден го менам својот стил на облекување.
Сеуште немам некој стил,носам се што ми е убаво и во што се чувствувам комотно. Ми се допаѓа стилот на рокерите, а сакам да си најдам некој стил т.е по мое морам затоа што несакам да бидам како другите сакам да сум различна (посебна)
Што знам дали имам. Веројатно имам,зошто се однесувам малку ригидно на трендови и мода. Еве како што се актуелни модели со цвеќиња,не можам да го носам тоа и не го носам,или тој винтиџ изглед. А и воопшто... Не е изразено уникатен,но е едноставен. Ако сакам да го дефинирам по изглед,би сакала да биде по моделите на Ралф Лорен. Од подостапните брендови Зара и Манго. Да се разбереме, не дека претпочитам во овие брендови да се облакам (особено Ралф,сум прошла покрај тој бренд де ),но инсистирањето на боите,моделите,се такви кои не пратат ревоносно некои трендови,туку претежно држат до себе,од кроеви,до бои,се разбира со прилагодувања. И така,мојот стил е анти-мода. Едноставен,со едноставни бои,често со впечатлив накит,но некогаш и дискретен,некогаш и без него.
Немам некој уникатен стил.Се што ми се допаѓа носам Сакам кошули Исто така обожавам фустанчина,во последно време во главата ми влегуваат некои ’’љубовни„ фустанчина со срциња..Пред некој ден си купив едно такво фустанче.Во пределот кај градите и прерамките има малечки срца (црвени и црни),надолу е црно.И е со црвен колан. Спојлер Ќе има комбинација во Модни критики секако
Прашање е, што е тоа личен стил? Вашиот личен стил треба да соопштува нешто за вас, треба да ја манифестира вашата уникатност и да ве одразува. Кога некој пријател ќе ви каже: „Вчера бев во трговскиот и видов нешто како за тебе“, значи дека веќе сте развиле свој сопствен стил. Многу луѓе веруваат дека за да се биде модерен, треба само да се следат модните трендови. Тоа е мислење својствено за тинејџерите, кои потешко прифаќаат дека модерното не значи секогаш убаво и соодветно. Да се има сопствен стил, наспрема тенденциите, знае да биде смело. Понекогаш треба да излезете од зоната на удобното и да пробате нови бои, нови стилови, нови материјали, но никогаш не треба да носите нешто што не ви се допаѓа само затоа што е модерно. Како да развиете свој личен стил? Според модните специјалисти, најдобар начин да го откриете својот стил е да си поставите неколку прашања. Дали сте по природа традиционален тип? Или, можеби, претпочитате модерно, со извесна доза на „не ми е гајле што мислат другите“? Размислувајте за боите, шарите, кроевите, ткаенините што ви се допаѓаат. Важно е да си одговорите на што е можно повеќе прашања во врска со вашите лични афинитети, затоа што овие прашања ќе ве насочат во правец на вашиот индивидуален стил. Модните додатоци се, исто така, важни за одредување на сопствениот стил. На пример: „Сакам големи чанти или мали, темни или светли, кожни или друго? Сакам мали или големи обетки, од злато, сребро или интересни, креативни форми рачно изработени? Вообичаена форма на очила или големи, црни, кафени или забележливо колоритни? Сакам спортски часовник или повеќе класичен? Спортска капа, качкет или шешир...?“ Не пропуштајте да одговорите на што е можно повеќе прашања и за вашата коса, нокти и шминка. Личниот стил се должи повеќе на детали и најмногу на самодовербата и задоволството со кое го носите тоа што сте го избрале. Клучот е во тоа да се сфатат личните афинитети и тие да се демонстрираат на најдобар начин. стил е одреден начин на облекување но и знаење како да се носи.
Уникатен стил? Искрено не знам. Постојат разни моменти. Некогаш ќе се облечам шаблонски во тренд со модата, но некогаш некои бои и комбинации кои очигледно само мене ми се чинат убави. На пример не разбирам зашто црна хулахопка не може да оди со бели чевли? Никогаш не сум облекла, ама сакам и ќе прекршам превило. Конкретно мислам на бела балетанка со убава црна хулахопка и некое едноставно фустанче или туника. Па зашто не оди бре? Или на пример моето што сите го негираат и ме караат кога ќе облечам патики и шалвари. Долги, па уште и цветни! Ама мене ми е убаво, максимално удобно и ми одговара, ама на сите-буквално сите околу мене не. Кога еднаш една ми кажа дека убаво ми стои комбинацијата и дека таа ќе си ја испроба, бев нешто вака . Оваа ми праи лице или сварно најдов некој со вкус и мислење како моето?! Како и да е, сега испаднав дека сум тотален моден фрик, ама не сум. Ма да морам да признаам дека немам многу едноставни парчиња. Најчесто многу риги, точки, шари, принтови и сл. што не одговаат со тоа. Затоа сега сум насочена кон подновување со класично модели што не излегуваат од мода и практично се користат цел живот. Добро...мислев на долго време. Да оправдам дека сум по уникатност, ама не по сметка на кичерај и шари,бои,циркузи, ќе кажам не оди девојко маичка по куси ракави со паднато рамо и шарени линии со двобојна марама СО ТОЧКИ! не-о-д-и!