Јас лушам рок/метал музика, па и стилот си го имам некако приспособено на тоа. Не се облакам нешто многу фенси хах... ама дефинитивно мислам дека не сум дел од стадото, и супер ми е во тоа што го носам, удобно, и уникатно. Иначе, не мислам дека треба да имаш многу пари за да имаш свој стил...
Мооментално работам на својот стил,бидејки ми стана досадно да гледам исти работи и сите девојки еднос исто да носат Мене ми се допаѓа класичниот изглед,со малку ,,edgy" стил.Инаку и по музиката е и модата,како се облекуваш Јас на пр. слушам поп и рок,па и така се облекувам
Гледам пред се да ми е удобно, некогаш се облекувам по опуштено, некогаш кога имам желба ќе се средам поубаво...
Стил... Мојот стил е мешавина од повеќе. Тесни фармерки, широки џемпери и широки тексас јакни, тоа ми е стандардот за оваа есен =) Преовладуваат темните бои, но има и по малку розево и црвено. Верувам дека човек неможе да има само еден стил, се менува според расположение, пригода и друго.
Немам некој свој стил на пр. секогаш ќе сум елегантна или пак секогаш ќе сум во патики и фармерки. Не ја пратам буквално модата, се зависи од моето расположение.
носам нешто во што ми е удобно,фармерки,патики,балетанки, интересни маички со натписи.. ( ова за во школо и некогаш ако излезам негде) иначе се облакам многу спортски, обожавам спортска облека , дури некогаш и во школо така си одам
Јас....Врска немам како се облекувам. Сериозно. Еве, чудно, несфатливо и недефинирано многу пати на пример. Ме нарекоа секташка и ме прашаа дали така сериозно сум шетала меѓу луѓе у јавност. И успат во која секта сум членувала. Црна Ружа, реков. И сега не сум сигурна дали сум уникатна .... или сепак секташка?! Тенка е линијата. А јас па што убаво се шмизлосував низ плоштад со новата сукња, сега ми скршија филм.
Искрено сега почнувам да го градам својот стил на облекување. Воопшто не сакам спортски,тренерки+патики=катастрофа .Можеби затоа што воопшто не го сакам спортот и никогаш како помала не сум се облекувала така,а и не верувам дека ке се облекувам. Премногу сакам кратки фустани,преубаво ми стојат (можеби затоа што сум ниска).Еднобојни,морнарски и цветни.Во план ми е летово да купам морнарски и цветни.Фустан+балетанки=преубава комбинација .А пак кратки здолништа воопшто не сакам,а и не ми ни стојат убаво.Облекувам здолништа што ми се до колиници.Во мојот плакар имам само такви и планирам да си ги изнаносам додека можам. Нешто што најмногу носам се фармерки.Иако немам многу само 2-3 пара но мн ми се убави,тие тесните,цевка,преубаво стојат на повекето,така и на мене. Фармерки+маица+балетанки=преубава комбинација . Фармерки+маица+дуксер+патики=преубава комбинација .Со фармерки можат да се направат мн комбинации. Еден додаток-марамата кои што ги имам мн и најчесто ги носам со фармерки и маица. Значи, кратки фустани,здолништа до коленици,маици и фармерки,марами,блузи,балетанки,патики и џизми,тоа е мојот стил.Ништо посебно но кога убаво ке се инскомбинира прекрасно изгледа.Хеланки,широка облека,кратки здолништа,долги фустани,хеланки,готски стил,кошули тоа никогаш.Не е за мене. И премногу ми е важно тоа што го носам да ми стои и да ми е комотно.Не се сите комбинации за секаде.Се знае:фармерки,маица и балетанки/патики за во училиште и за излеегување,но никогаш фустан и здолниште за во училиште,тоа само за излегување.Мојот стил е едноставен,но од обичен кремаст фустан можам да направам преубава комбинација со балетанки,накит,фризура и шминка.
Мојот стил е мешавина од стиловите casual и edgy, па и хипстерски. Сето тоа беше проследено со хипичко ланче (пис) кое веќе не го носам (бидејќи го изгубив, ама ќе си купам ново). Пoнекогаш знам да облечам и класично нешто, а може (ретко) да се најде и некоја современа хипичка комбинација. Сакам да носам бои, не шаренило на мене, туку да сум „во тон“ со слични нијанси, или коминација од 2 бои, исто сакам и впечатливи бои да носам, додека понекогаш и црно и мистериозно особено зимскиот период со црн капут и црни чизми. Исто имам многу долга коса, на левото уво 3 обетки, и си носам и ланчиња (бижутерија), саат и нараквици на десната рака
Мојот стил на облекување никој неможе да знае каков е секогаш се облекувам едноствано за на училиште вечерно излегување носам хеланки и долга блуска или пак фармерки кои ги имам само 1 пар бидејќи во фармерки се чуствувам не слободно...а некогаш изненадувам ако се облечам се свечено се облекувам овие денови другарките ми се чудат кога ке се облечам таkа ми викаат:изненадуваш со ваков стил
Едноставен стил имам. Носам обични маички или со натписи и фармерки или хеланки од тие како фармерки со џебови. Џемперчиња или некоја убава кошула може. Балетанки ептен ретко и најчесто патики. Кратки панталони и суќни неносам, фустани само на свадби и такви пригоди.
Јас доста го сменив својот стил. Сега претежно се облекувам само во црно, или тексас, евентуално нешто плаво, црвено или бело, ама гледам да бидат темни бои. На левото уво имам 4 обетки, на десното 2, и хипичко ланче секогаш си носам.
Мојот стил е скоро неопислив. Црно, елегантно, но истовремено и бунтовно. Закон имам да сите чевли ми се со црно (евентуално старките се кремаво бели и единственичевли со друга боја). Фармерките во моите комбинации се многу чести. Блузите можат да варираат од најсветли до најтемни нијанси (кои стојат добро со црно или пак имаат црно на нив). Ретко, скоро и никогаш не облекувам фустани или сукњи, едноставно, неудобно се осеќам. Убаво стојат фустаните и сукњите, но и сакам да седам "опуштено".
Не би знаела да го опишам стилот ама ме претставува мене и многу се осеќам удобно и пријатно во сите тие мои црнила и конверс патики.. спијам во фармерки и дишам во графички маички, лудувам во мартинки и се запознавам во дуксеви. Алки не носам, прстени ретко.. едниствено ланчиња едноставни со по еден привезок.. Обожавам хеланки и машки маички, долги џемпери и шорцеви и црни хулахопки..Јас сум ви едноставна и практична личност така и стилот ми е таков.
Секаде па и до продавница мора да сум елегантно облечена за нашколо 1 час се спремам а исто и за на продавница мора да сум секогаш убаво облечена