1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Св.Петка

Дискусија во 'Религија' започната од ubava01, 21 октомври 2011.

  1. ubava01

    ubava01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Не знам можеби ја има оваа тема на форумов (ако ја има - се разбира, право во ѓубре) но сакам нешто да ве прашам и се надевам дека ќе ми одговорите. Имено, не ми е јасно која е Св.Петка со крст и Св.Петка со очи или тоа е една Св.Петка. Завчера слушнав нешто за Св.Петка со крст и таа наводно била заштитничка дури на некои семејства и ти помагала. Но, не знам ништо за неа барав на гугл но ништо не најдов, а сепак ми рекоа дека има повеќе Св.Петка. Се надевам дека ќе ми објасните!
     
  2. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    И мене ме интересира кое е значењето нивно, посебно таа со очите.
     
  3. ubava01

    ubava01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Таа со очите, мислам дека им помагала многу на слепите, но не сум сигурна.
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Колку што знам, Св. Петка е една, само може различно да е претставена, иконографски, празнувањето може да е различно.
     
    На Princees му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ubava01

    ubava01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Мислам дека не е една и дека има три или две и затоа едната се слави во јули, а другата сега на 27 октомври, сепак го почитувам и твоето мислење и ти благодарам.
     
  6. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    3.177
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам Св.Петка е една, а за тоа со очите некои велат дека очите и ги извадиле па затоа е претставена така...
    Еве нешто повеќе ако сакаш да знаеш за неа.....

    Житие на Светата Преподобна Маченица Параскева - Петка Римјанка
    Во Рим живееле верните Христијани Агатон и Политија, кои редовно се молеле на Бога да ги благослови со чедо. Севишниот ги услишил нивните молитви. Многу го почитувале Петок, денот на Христовите страдања, така што и на нивната ќерка која се родила на тој ден и го дале името Параскева - грчки за „петок“. Покрај тоа што била добро образована, Св. Параскева била и голем верник. По смртта на нејзините родители, таа целиот свој имот го раздала на сиромашни и следејќи го примерот на Светите Апостоли почнала да ја проповеда верата Христова, предходно замонашувајќи се. Ова било особено храбро, посебно заради фактот што сите Христијани биле прогонувани и од Римјаните и од Евреите.

    Со својата голема вера, Св. Параскева успевала голем број неверници да ги воведе во тајните на Христијанството. Нејзините успеси во мисионерството го привлекле и вниманието на римскиот цар Антонин Пиј, кој царувал од 138 до 161 година. Тој ја повикал во својата палата, и тогаш кога ни различни заплашувања и залажувања не успеале да ја убедат да се откаже од Бога, таа била изложена на многу страшни измачувања. По наредба на царот на главата и ставиле железен вжештен шлем. Но при секое измачување, Бог чудесно ја избавувал. На крај ја фрлиле во голем казан со врело масло и смола. Гледајќи ја како мирно седи во течноста како да е во када со обична вода, царот ја запрашал со каква магија го извела овој трик и го оладила маслото. Тогаш Св. Параскева со раката нацрпила од врелото масло и фрлила накај царот велејќи му да се увери самиот. Дел од врелата течност го погодила царот во очите и тој веднаш ослепел. Викајќи од болки, тој ја замолил слугинката Божја да го излечи. Св. Параскева повикала кон Бога и во истиот момент царот го добил видот назад. Ова чудо го навело Антонин да прекине со прогонот на Христијаните во неговото царство. После неговата смрт, на царскиот престол дошол Марк Аурелиј. Во тоа време во Рим се јавила болеста чума, а тоа било протолкувано како знак од римските богови за нивниот гнев поради благото однесување кон Христијаните, заради што започнува нов бран на насилства према нив.

    Св. Параскева без нималку страв продолжува со својата мисија, насекаде проповедајќи го Божјиот збор. Во еден град каде кнез бил Асклипиј, била фрлена во јама заедно со огромна отровна змија. Сите биле уверени дека тоа е нејзиниот крај, но таа само направила крстен знак према змијата и змијата се преполовила како посечена со меч. Како резултат на тоа, кнезот и сите со него поверувале во Бога.

    Со повторното добивање на нејзината слобода, светицата продолжила со своите проповеди. Во еден друг град, таа била донесена на суд пред кнезот Тарасие. Била многу мачена, а сепак останала верна на Бога. Кога тоа го видел бездушниот кнез наредил на Св. Параскева да и се отсече главата. Тоа се случило во 140 година.

    Света Параскева - Петка била прогласена за светица во 180 година. Нејзините мошти подоцна се пренесени во Цариград, каде што се почитувани од православните верници од целиот свет. Оваа светица е почитувана како исцелителка на слепилото, неподвижноста и неродкињите.

    8-ми Август е денот на кој се празнува Светата Преподобна Маченица Параскева - Петка.


    Тропар

    Подготвена за Божествен живот, о, ти, која носиш име подобно на совршената подготвеност, во животот си наследила вера со која се поистоветува името твое - Параскево, страдалнице; оттука на сите ни излеваш исцеленија и се молиш за нашите души.

    Кондак

    Дојдете, верни, сите сложно да и запееме химна на страдалницата Параскева. Триумфална во нејзината битка, таа како светла ѕвезда блеска над целиот свет, гонејќи го мракот на гревот, и излива благодат врз верните. Затоа кон неа повикуваме: Радувај се, маченице многустрадална!


    [​IMG]
     
    На pandelka и Serafima им се допаѓа ова.
  7. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    Св.Петка е една и Богородица, празнуваме повеќе пати во годината, а само една е Богородица нели..на иконите може да е преставена различно,сите икони не се нацртани од ист човек нели,секој иконограф вметнува некоја своја интерпертација..на некои слики е преставена Света Петка како држи чинија во која има очи,тоа ја симболизира жртвата на Света Петка, како што се сеќавам шо има читано таа самата си ги извадила очите во своето мачеништво за верата..ако сум грешка нека ме исправи некој..
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Ние празнуваме три светителки кои го носат името Св. Параскева.
    Едната се празнува на 8 август, едната на 27 октомври и едната на 10 ноември. Значи не е само една светителка со исто име. Овие светителки се сите три различни, со различен живот и на различни места што живееле, а покрај нив постојат уште неколку кои не се познати за нас (од Русија, Србија, Грција...). Зашто живееле во други простори и затоа ние и не сме слушнале за нив.

    Конкретно за иконата каде е насликана Св. Параскева со очи во рацете, тоа е дел од нејзиното житие. Зашто секој кој ја претставува и ја насликува светителката на иконата, насликува и дел од нејзиното житие.

    Таа Св. Параскева била млада девојка која била многу убава. Некој човек кој бил со висок чин (цар, кнез, не се сеќавам многу добро) од што била толку убава ја посакал да му биде жена. Таа пак не сакала да биде невеста на човек туку Христова невеста (монахиња) и затоа си ја сакала телесната чистота (девственост).
    Се налутил и и рекол дека е жалосно за нејзината младост, за млада да умре. Постојано и ги фалел нејзините очи колку се убави и дека треба да биде покрај него за да ги гледа земните богатства. Св. Параскева само му одговорила:- Ако ги сакаш моиве очи, еве ти ги.
    Пред целиот народ самата, свесно, си ги извадила очите и му ги подала него. Толку била силна нејзината вера кон Господ.


    Се надевам дека помогнав малку во недоразбирањата ;)
     
    На Arianna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ubava01

    ubava01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    ти благодарам многу ми помогна и јас знаев дека имна три а за онаа на 10 ноември не ја знаев
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  10. natasanina

    natasanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    9
    многу поучни работи дознав за св.петка :)
     
    На pandelka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    144
    Православната црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што кај народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Најчесто трите се идентификуваат со св. Петка Епиватска, позната и како Трновска, чиј спомен се одбележува на 27 октомври. Името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот како ден пред сабота, бил ден за подготовки за празникот.
    Првата света Петка е преподобната маченица Параскева Римјанка. Се празнува на 26 јули (по ново 8ми август) и меѓу народот е позната како летна Света Петка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани и дека и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви кон Бога. Рано се замонашила, а подоцна како и многумина други настрадала за верата Христова за време на царувањето на Антонин.
    На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, но кога била фрлена во котел со врело масло и катран таа останала неповредена, а од течноста му прснало во очите на императорот по што ослепел. Параскева се помолила на Бога и тој оздравел. Откако гледајќи ги нејзините страдања но и чудата што се случувале со нејзино посредство многумина ја примиле христијанската вера. Поради тоа била исечена со меч, а подоцна моштите и биле пренесени во Цариград.

    Втората е светата маченица Параскева од Иконија, Мала Азија, која се слави на 10 Ноември. Таа била единствено дете на своите родители. Кога починале нејзините родители таа нивниот имот го искористила за помагање на сиромашните, болните, странците и сл.
    Таа загинала за време на Диоклецијан, при големите прогони на христијаните била фатена во 303 година, и била предадена на суд. Судијата изненаден од нејзината убавина и понудил да стане негова невеста, таа го одбила тоа сакајќи да остане верна на Бога. Поради тоа била мачена, била ставена во оган но останала неповредена
    Гледајќи го тоа судијата наредил да и ја пресечат главата. Нејзините останки христијаните ги погребале во нејзиниот дом, а над гробот подоцна се случувале разни чуда пред се оздравување на болни од секакви болести.
    Најпозната е Параскева-Петка позната како св. Петка Епиватска или Трновска. Нејзиното житие вели дека е родена во Епиват во Тракија меѓу Силиврија и Цариград, на брегот на Средоземното Море, кон крајот на Х век. Родителите и биле побожни, а имала и брат по име Ефтимие кој подоцна станал епископ Мадитски. И Параскева уште од млади години покажувала интерес за монаштвото.

    Кога и умреле родителите Параскева заминала во Јорданската пустина каде што долго живеела во молитви, пост и плач.Кога остарела ангелот божји и соопштил дека треба да се врати во родното место зашто е дојден часот кога треба душата да му ја предаде на Бога. Параскева набргу се вратила во родното место и никому не кажувала која е. Набргу умрела, а жителите на нејзиното родно место ја погребале, не на селските гробишта туку одделно како странец.
    Била погребана близу до морскиот брег, а подоцна телото на преподобна Параскева било повеќепати пренесувано од едно место на друго, најпрво во Трново поради што таа се вика Трновска, потоа биле пренесени во Влашко, па во Србија во Белград. Но кога Белград го освоиле Турците во 1521 година светите мошти биле однесени во Цариград каде што се прославиле не само меѓу христијаните туку и меѓу муслиманите. И тука во патријаршиската црква каде што биле погребани не останале за секогаш. Во 1641 година молдавскиот војвода Василија Лупул го измолил цариградскиот патријарх Партениј да му ги даде моштите на света Петка и ги пренесол во црквата „Три светци” во светиот град Јаш каде што и денес почиваат.
    Во спомен на маченицата и чудотворка Преподобната Параскева Петка Трновска, светата православна црква го востановила празникот што се празнува секоја година на 27 октомври и што во народот е познат како Петковден и се смета за почеток на зимските празници како што се Митровден, св. Ѓорѓија, Аранѓел, св. Никола и др.
     
    На shushu, INSIDIOUS и Serafima им се допаѓа ова.
  12. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Сега првпат прочитав дека има три Св.Петка
    Моја заштитничка е св.Петка,ама како да знам која од овие е?
     
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    А како дозна дека св. Петка е твоја заштитничка? Ќе може да ми објасниш, те молам.
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Па сите што се родени во петок заштитничка им била св.Петка,така сум слушнала.
    А не сум знаела дека се три св.Петка,па затоа прашав која од нив е.
     
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    1. Според искуството и учењето на Православната Црква, секој Христијанин на крштевањето си добива по еден ангел пазител (хранител). Тој ангел секојдневно не` пази, чува и ни дава добри совети. Исто така тој ни е и сведок за секое добро дело кое ќе го направиме. Постојат голем број на ќелијни (приватни) молитви кои му се упатуваат нему во знак на благодарност и молба за целосна заштита.
    2. Според богослужбениот кргуг на Црквата:
    а) Понеделникот е посветен на светите ангели.
    б) Вторникот е посветен на светите пророци на чело со св. пророк и претеча Јован.
    в) Во среда се сеќаваме на предавството Јудино и поради тоа постиме.
    г) Четвртокот е посветен на светите апостоли и на сите рамноапостолни светители на чело со св. Николај.
    д) Во петок се сеќаваме на светите страданија Христови. Сеќавајќи се на Крстот и на се` она што Го стори Христос за нас постиме и во петок.
    ѓ) Во сабота се сеќаваме на сите светители (меѓу кои и трите свети Петки) и на сите покојни Христијани. Затоа во сабота е најдобро да се вршат помените на покојните.
    е) Секоја недела се сеќаваме на најрадосниот ден во историјата на човештвото - Воскресението Христово.
    3. Секој може да му /и` се моли на секој/а светец/ица, кога сака и колку сака и на тој начин да ја стекнува милоста Божја и топлите молитви на светителите.
     
    На friendy, Petra777, korisnichka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Фала на одговорот :)
    Бидејќи имаш доста познавање од религијата ке можеш ли да ми кажеш сега на 27 октомври која св.Петка се слави поточно ме интересира која икона?
    Исто и за таа на 08.август и таа на 10 ноември значи која е иконата за секој празник?
     
  17. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Имаш објаснување во првиот пост од оваа тема од Папилона.
     
  18. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Не не,моето прашање е вака

    На 08 август се слави св.Параскева Римјанка- незнам која икона е нејзина(ако може слика)
    На 27 октомври св.Петка Трновска-слика
    На 10 ноември св.Параскева од Иконија-слика
     
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Света Петка Римјанка ќе ја познаеш по тоа што в раце држи сад со очи или својата отсечена глава.
    Света Петка Трновска главно држи крст и/или растение и/или бројаница.
    Света Петка Икониска држи сад во форма на шише. Оваа реално тешко ќе ја сретнеш во Македонија и на Балканов. Во Русија е повеќе почитувана.
     
    На Bitter-Sweet, kva и vickyy90 им се допаѓа ова.
  20. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Не сум те разбрала, како и да е доби одговор.
    Еве ја иконата на денешната Св.Петка, меѓу народот познат празник како Петковден.
     

    Прикачени фајлови:

    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.