1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Св.Петка

Дискусија во 'Религија' започната од ubava01, 21 октомври 2011.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    И јас не сум ги разликувала, но сега ми е појасно:

    Св.Петка Римјанка-8 август
    [​IMG]

    Преподобната маченичка Параскева 08/08/2013
    Родена е во Рим од родители христијани. Од детството научена на верата во Христа. Најусрдно ревнуваше да ги делотвори сите Божји заповеди. Со сведоштвото на нејзиниот вистински благочестив живот и вера упатуваше на патот на спасението и други. Кога ѝ умреа родителите, го раздаде имотот на сиромасите, а самата се замонаши. Како монахиња со уште поголем жар и ревност ја проповедаше верата во Христа не криејќи ја од никого, иако во тоа време римските власти крваво ја гонеа христијанската вера. Први за проповедање на забранетата вера Света Параскева ја обвинија зли Евреи. Ја изведоа на суд пред царот Антонин. Сите ласкања на царот не помогнаа ни најмалку да ја поколебаат Божјата слугинка во вистинитата вера. Тогаш ја подложија на огнени маки и ѝ ставија усвитен шлем на главата. Но Господ чудесно ја спаси и таа се избави и се оддалечи од Рим. Тргна од град во град да го обраќа тогашниот незнабожечки народ кон христијанското благочестие. Уште во два града беше изведувана пред кнезови и судии и истизавана за Господ, но притоа вршеше големи чуда со силата Божја и брзо се опоравуваше од маките. Како и секогаш, незнабожците нејзините чуда ги припишуваа на магии, а нејзиното опоравување на силата и милоста на нивните богови. Еднаш на кнезот мачител Света Параскева му рече: „Не ме исцелија твоите богови кнезу, туку мојот Христос, вистинскиот Бог“. Најпосле некој кнез Тарасиј ја уби со меч. Тоа беше славниот крај на многуплодниот живот на оваа светителка. Нејзините мошти подоцна беа пренесени во Цариград. Чесно пострада за Христа во 2 век.

    Св.Петка Трновска-27 октомври

    [​IMG]

    Преподобна Параскева (Петка) 27/10/2013
    Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите девицата Петка желна за подвижнички живот го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе Света Петка во долгата низа години? На старост еднаш ѝ се јави ангел Божји и ѝ рече: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да ѝ го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господ.“ Света Петка го послуша небесниот глас, ја остави својата омилена пустина и се врати во Епиват. Тука таа поживеа уште две години, пак во непрестајна молитва и пост и потоа го предаде својот дух на Бога. Се упокои во 9 век. Нејзините чудотворни мошти низ вековите беа пренесувани: во Цариград, во Трново, па пак во Цариград, па во Белград. Сега се наоѓаат во Романија, во градот Јаши. Во Белгард постои вода (агијазма) на Света Петка, којашто чудотворно ги лечи сите болни што ѝ притекнуваат со вера во Бога и со љубов кон светителката.

    Св.Петка Икониска-10 ноември

    [​IMG]

    Светата маченичка Параскева (Петка) 10/11/2013
    Родена е во градот Иконија од родители богати и христољубиви. По смртта на своите родители како девојка почна да им го раздава својот имот на бедните и на неволните, во името на Господ Исус Христос. Кога настана гонењето во времето на царот Диоклецијан, Параскева беше изведена на суд пред кнезот на таа земја. Штом кнезот ја праша за името, таа рече дека името ѝ е христијанка. Кнезот ја укори зошто не си го кажува своето обично име. А Параскева му рече: „Требаше прво да ти го кажам името на вечниот живот, а потоа на привремениот“. Откако ја биеја кнезот ја фрли во затвор, каде што ѝ се јави ангел Господов, ја исцели од раните и ја утеши. Со молитва ги урна сите идоли во незнабожечкиот храм. После долги и лути маки ја убија со меч.
     
    На vitamina, kva, vickyy90 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Откај ја најде последната икона? Преубава.
    Мислам каде ја има, во која црква? Ми изгледа доста стара.
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Иконата е во Манастир во Вологда, Русија.
    http://en.wikipedia.org/wiki/Paraskevi_of_Iconium
     
    На kva му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Благодарам. Гледам не ми е позната.
    Не дека сум некој голем познавач на икони, но се гледа дека не од нашите манастири.
     
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Св.Петка помага да се оставарат вашите искрени и добронамерни желби, исклучиво со позитивна намера. Посебно ја споменуваат неа немање деца, болести, проблеми во брак, итн.
     
    На mal.ecka и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.041
    Пол:
    Женски
    Точно така, има три светици кои го носат тоа име и ова би требало секој христијански верник да го знае. :) Сакав да објаснам но веќе гледам убаво е објаснето погоре. :)
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Света Петка Римјанка е моја заштитничка. Оставам дарови често во црква пред нејзината икона.
     
    На vitamina, Orthophill и Rama им се допаѓа ова.
  8. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    многу верувам во св. петка но и во сите светци верувам дека таа е онаа која ме штити
     
    На zekzeki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Сум слушал сведоштва од многу луѓе од Македонија (не само по селата и не само припрости луѓе) дека имале непријатни средби со „Света Петка“, на сон или на јаве. Ја опишуваат како жена облечена во црно, некои ја доживеале како грда, или без очи, некои како многу убава жена во црно, сепак, најчесто како сениште кое ги напаѓа, ги гуши и бара нешто од нив за возврат, да ѝ изградат, да ја прослават, да ѝ подарат зејтин, чорапи, колач, да стават нејзина икона во својот дом, со цел да го смират нејзиниот гнев, или да ѝ бидат вечно благодарни за некоја нејзина услуга кон нив. Некои луѓе секој ден имаат атак од „Света Петка“, некои само во петок, некои заради „Света Петка“ навлегле во окулт, во гатање, гледање на кафе, на карти, биоенергијски активности и сл., а знам и луѓе кои се сериозно душевно оболени, па подвоеноста и шизофрените напади од „другата личност“ ги доживуваат честопати олицетворени во ликот на ткн. „Света Петка“.

    • Прво, Библијата не одобрува култ кон светците, туку повикува единствено да му се поклонуваме на Бог во дух и вистина и дека единствен посредник помеѓу Бог и човекот е Исус Христос.
    • Второ, логиката вели дека ако некој навистина е светец, тој би требало да биде добар човек, а не некое зло сениште кое те напаѓа, гуши или уценува.
    • Така, според Библијата и според логиката, ваквите појави не се автентично искуство со Бога, туку најчесто потекнуваат од злите сили, кои само го користат култот кон одредени светци за да си ја спроведат својата намера на заблудување на луѓето. Вистинските светци или светии се дел од Царството Божјо и тие немаат ништо заедничко со ваквите култови кај народот.
    Доколку некој доживува напади или тортура од „Света Петка“, побарајте помош од Исус со својата светлина да ве ослободи од темнината на тоа сениште кое ве напаѓа, кое во суштина и нема никаква врска со историската личност Параскева.
     
    На Херкул му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos Да не беше смешно,ќе беше трагично,а е!
    Изгледа одкако го нема Ханк досадно ти е,немаш никој за дебати,па одкако киснеше по цели денови на темата религија т.е плукање по Православието и негово оспорување,се префрли во СДК од чиста досада и ок е;)
    Ама да се дрзнеш да пишуваш дека светците од православието ги мачеле луѓето,им се појавувале ко зомби,без очи и незнам ти што,ги давеле,е немаш баш никакво право! Не знам од кај ја црпиш силата и правото за ова слободно да го напишеш и притоа да не превземи никој ништо против тоа!!
    И како викаш ти,се треба да е поткрепено со цврсти факти и аргументи а не од рекла казала народски кажано.
    Дај ми докази,ама и да најдеш нема да им верувам;) јас добро знам која е моќта и добрината не само на св Петка туку и на сите светци!
    Немој да ми вадиш глупости од ракав,пффф демони измачувале луѓе како олицетворение на св Петка,абе ни сам незнаеш што кажуваш веќе,од една страна упорно го негираш световното во нашите светци,а потоа кажуваш демониве не залажувале нас луѓето и немале врска со св Петка,( точно е дека немаат и нема ни да имаат)и велиш немаат врска со историската Параскева,е тука те чекав,си стави сам авто-гол :)

    И не грижи се,св Петка е толку милостива што ни таа ни никој друг не казнува во нејзино име.
    Плус инфо,јас постам во среда и петок со години на назад,и ми се случило од икс причини да прекинам пост и еве ме здрава права,не ме казнил никој.Ни на сон а ниту пак на јаве,како така велиш ги мачела луѓето на јаве,смешно е многу,верувај ми.
    Не ги лажи веќе луѓето,немаат основа твоите тврдења :)
     
    Последна измена: 28 октомври 2016
    На realGirl, душленце, V.odolija и 4 други им се допаѓа ова.
  11. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Пред некој ден се поклонив на моштите на света Петка во Јаши. Слава на Бога. За да ја споделам мојата радост, ќе се послужам со зборовите што ги прочитав на нет, искажани од Неговото Високопреподобие отец Партениј, игуменот на Бигорската обител:
    „Таа потполно Му се предала себеси на Бога, и поради тоа нејзиното тело до ден денес останало нераспадливо. Бидејќи стана храм на Светиот Дух, се стекнала со слобода пред Бога да биде моќна посредница за сите Христијани. Нека се застапува и за нас, за нашиот род христијански, и нека ни испраќа сили за сите ние поединечно така да постапуваме, та и покрај сите наши земни грижи, да се трудиме во духовна смисла да го напуштаме овој свет и неговата трулежност и распадливост, и да се оддадеме целосно на Бога, да го гледаме во срцето невидливото, кое е вечно, бидејќи видливото е минливо и трулежно. А невидлив е Бог, но можеме, доколку се разбира сакаме, во нашите срца да Го примиме и во нив да Го гледаме. Св. Преп. Параскева нека ни го испрати својот благослов за да бидеме поусрдни во нашите молитви и во нашата љубов кон Бога. Амин“.
     
    На V.odolija, душленце, Bulgarian и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Утре 10.11. е света Параскева - Петка Икониска. Нека ни е на помош и за многу години.
    Нејзин храм-параклис има во општина Аеродром.
     
    На Petra777, Bulgarian, korisnichka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. HOPE1

    HOPE1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2016
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво.Барајки по нет што би можело да значе мојот сон дојдов до темата. Денес во петок сабајле на сон ми се појави Св.петка . Некој не се секавам кој , ми даде во раце 4 икони на св петка сите икони во различна боја. Имаше и мн повеке во сонот ама на др дел не се секавам. И порано ја имам сонувано како жена во црно која бараше од мене на сон да аправам работи за некои луге за нивно добро. Ако некој знае нека ми пише. . Благодарам
     
  14. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    @HOPE1 од каде знаеш дека е Св.Петка,како ја препозна,а и која Св.Петка по што има три?
     
  15. HOPE1

    HOPE1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2016
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Pa iskreno i ne sum bas sigurna, vo sonot mislev deka e Bogorodica. ama neli taa ne e sama na ikonite. Ili i greska sum ? Ja sonuvav istata ikona pretstavena vo 3 ili 4 sliki so ista pozadina no vo razlicni nijansi. Nekoj mi gi dade kako poklon ikonite, gi zemav vo race. I porano gi imam sonuvano i dvete samo po 1, sonovi koi ne se zaboravaat. A ova go sonuvav sega petok .
     
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Драга Норче,
    твојот сон значи дека света Параскева - Петка е твоја заштитничка и постојана молитвеничка пред Богочовекот Господ Иисус Христос, нашиот Спасител. Исто така значи дека треба да внимаваш и секогаш да го пазиш постот во петок и среда.
    Ако немаш дома икона од света Петка, да си набавиш. Но, во секој дом покрај иконата од нашиот светец заштитник задолжително е потребно да има и икони од Господ и Спасител на Иисус Христос и од Пресвета Богородица. Пред тие икони, треба кога ќе се разбудиме или ќе си легнуваме да ја кажеме барем еднаш „Оче наш“ и „Богородице Дево“ (ги има и во календарчето) или ако воопшто немаме време, барем да се прекрстиме.
     
    На HOPE1, Bulgarian и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  17. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Навистина престани да плукаш по Православието. Не пишувај вакви гнасни дезинформации. Срамота и греота...
    Просветли се прво, а потоа ако и само ако имаш да пишеш нешто паметно пиши ако не да те нема од темите за христијанството. Не знам по која вера си меѓутоа има и луѓе атеисти кои не веруваат во ништо ама сепак почитуваат.
    Темите нормално се за мислења и ставови меѓутоа ти не даваш мислење туку као набројуваш факти(дезинформации во случајов).

    Еве читај кој уствари гуши, уценува и напаѓа.

    Еден млад човек се заплеткал со некој бајач и се занимавал со магија. Потоа претрпел штета, се разболел и стигнал до болница. Неколку месеци потроши татко му, бидејќи тогаш немаа здравствено осигурување, за да видат што му е. Лекарите не можеа да му најдат нешто. Настана хаос. Што направи тогаш ѓаволот! Му се појави како Чесниот Претеча Јован, кого што го имаа како семеен закрилник, и му вели: ,Ќе те оздравам, ако изгради татко ти црква‘. Детето му го кажа тоа на татка си и тој кутриот рече: ,Дете ми е, колку имам ќе дадам, само да оздрави и вети дека ќе му изгради црква на Чесниот Претеча.

    Ѓаволот си замина и детето оздраве. Направи… чудо! Еден ден таткото рече: Ветив дека ќе изградам црква. Треба да го исполнам таксаното. Не беа моќни финансиски, и, за да го изгради храмот, ги продаде сите ниви што ги имаше. Го даде сиот свој имот. Неговите деца останаа на улица. Се разгневија, пусто да остане Православието рекоа, и станаа Јеховини секташи. Гледаш што прави ѓаволот? Се чини, таму немаше Јеховини, па ѓаволот најде начин и таму да се појават!

    Некогаш ѓаволот може да земе облик на некој човек или некој светител и да се појави во нечиј сон. Еднаш му се јави на еден човек во ликот на свети Арсениј и му рече: Јас сум свети Арсениј. Дојдов да ти кажам дека ќе умреш. Ме слушаш? Ќе умреш. Човекот се потресе. Никогаш еден светител не зборува на тој начин со болен човек. И ако случајно умира еден човек и му се јавува еден светител да го извести за неговата смрт, ќе му го каже тоа на добар начин: Бидејќи виде Бог како се мачиш, затоа ќе те земе од овој свет. Гледај да се подготвиш. Никогаш нема да ти рече: Ме слушаш? Ќе умреш!

    Не им давајте значење на соништата. Било да се пријатни или непријатни, не треба никој да им верува, зашто постои голема опасност од опрелестување (духовна себеизмама). Затоа светите отци велат да не им даваме никакво значење. Мал број на соништа се од Бога, но и таквите, за да ги протолкува некој, треба да има чистота и други предиспозиции.
    Ако во душата постои макар сенка на помисла дека вашите сонови биле нешто посебно, тогаш ќе има неволји.
    За соновите немам што да ви кажам. Историски е потврдено дека постојат сонови од Бога, потоа сопствени сонови, како и сонови од ѓаволот. Како да се распознаваат – просто не знам што да кажам, дури ни отприлика. Одлучно може да се каже само тоа, дека соновите спротивни на православното христијанство треба да се отфрлаат. И уште: не е никаков грев да не се поверува на соновите кога недостасува увереност. Соновите од Бога, кои треба да се исполнуваат, биле испраќани повторно...
    Совладувањето на сонот е дар Божји. Кога за вас би било неопходно да бидете избавени од оваа слабост, Господ одамна би ви го одзел сонот. Но сепак не го одзема? Сигурно тоа не би било корисно за вас. Но, тоа во секој случај не е затоа да би спиеле, туку за да имате со што би сте се бореле. Тоа ви е вежба за духовна сила.“

    Св.Теофан Затворник.
     
    Последна измена: 28 февруари 2017
    На Orthophill и macush1 им се допаѓа ова.
  18. Nut

    Nut Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2016
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    749
    Пол:
    Женски
    Нека ни е на помош и за многу години Света Петка Римјанка.
    fem-img.herokuapp.com.gif Paraskeva-Petka-595x630.jpg
     
    На душленце, Orthophill, LegallyBlonde13 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Нека ни е напомош на сите. Јас лично си ја сметам за своја заштитничка, убави работи ми се имаат случувано токму во петок.
     
    На korisnichka и Rama им се допаѓа ова.
  20. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Голема помошничка е света Петка <3
     
    На Nut, Orthophill и Rama им се допаѓа ова.