1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Св.Петка

Дискусија во 'Религија' започната од ubava01, 21 октомври 2011.

  1. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    Св. Петка секогаш асоцирала на скромност, понизност, настроеност кон заштита, токму како што и таа живеела и токму како што нејзините храмови се. Но и покрај таквата скромност на житието и на неа посветените храмови има нешто што одзема здив, изнудува воздишка и го покренува погонот за размислување околу религијата и религиското самосознавање.

    Ме импресионира црквичето посветено на Св. Петка сместено длабоко во кањонот Темпе во Грција. Со карпи високи од неколку стотици метри над неа и обвиена од река со неверојатно бистра вода, до неа се стига преку метален пешачки мост. До црквата има пештера во која извира вода, за која се смета дека е лековита. Пештерата е длабока неколку десетици метри, а во добар дел кон крајот се стеснува до можеби еден метар широчина, па верниците кои влегуваат со намера да стигнат до изворот мора дел од патот да поминат клечејќи, а при враќање да одат назадечки. Изворот е со чиста и студена вода, како што се изворите низ карпите по целата карпеста клисура. Порано меѓу Грците се верувало дека можеби некој од изворите во Темпе кањонот било местото каде Нарцис го погледнал својот одраз во чистата и бистра вода и неможејќи да го тргне погледот од себе, самозаљубен останал така додека не умрел. За црквата на Св. Петка има и една случка од поново време. Кога Грците пробивале пат за железничка пруга низ карпите на кањонот, на чуварот кој заспал, а требало да ги чува машините, на сон му се појавила Св. Петка која го предупредила дека работниците се во опасност и никако да не работат наредниот ден. Чуварот утрото им пренел на вработените и на одговорните луѓе кои решиле да не работат тој ден. Дента се случил голем одрон на карпи, а жртви немало, благодарение на религиозноста на главните луѓе. Чуварот по пензионирањето голем дел од времето посветил во служење на црквата.

    Исто и малото црквиче под Св. Наум, посветено на Св. Петка. Мало и скромно, но со моќна енергија, се додека не му го дадоа новиот вештачки изглед и ја затруја водата.
     
    На st-el, Rama, korisnichka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. mece23

    mece23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Здраво. Кога мојата братучедка била во некој манастир во Грција иконата на св. Петка поцрнела кога влегла таа во манастирот. Никој не и објаснал какво значење има тоа. Ве молам ако знаете нешто кажете ми.