Не сум религиозна така што ни едниот ни другиот празник ми немаат такво значење. До Св. Трифун никогаш не ми било, немам обичај да пијам многу или пак да славам ден на вино, алкохол, или како и да е.. А, Св. Валентин за мене е секој ден. Да можеби ќе излеземе со партнерот на дејт, но ништо поразлично од секој друг ден.
Многу јасно дека св Трифун ќе го славам, онака во опуштена домашна атмосфера со другарките со добро црвено винце аха и успат сакав да кажам , немам ништо против тие кои слават Валентин , само не ми се допаѓа целата фама која се крева околу подароците за тој ден , и се прават посебни изненадувања секс сцени и пози и разноразни дешавки , која е логиката тука , кога сето тоа може да се прави не само на Валентин туку и другите 364 дена , секако чест на исклучоците
Јас си ги славам секогаш и двата празника,и Св.Трифун и Св.Валентин,убаво ми се и двата без разлика на тоа дали сум сингл или во врска!Спојот на црното или црвеното вино со љубовта и со црвената боја прави да се чувствувам убаво и прекрасно!И бидејќи потекнувам од мешано семејство бидејќи дедо ми по женска линија е Хрват и католик јас без проблем ги прифаќам и двете култури!
На некој начин и двата со оглед на тоа што тогаш ни е и 3 години од како сме заедно.Па ќе го прославиме тоа со по некоја чаша вино,ем ќе ја славиме љубовта,ем ќе си се напиеме вино,нешто скромно за да се одбележи денот.
Јас би Св Трифун А и да имав дечко би го славеле Св Трифун, Св. Валентин не е наш празники некако ми е глупаво, али би славела секој ден со него, не ми треба посебен ден како Св Валентин.
Кога сме кај овие два празници, ме интересира, од каде сме ги украле? Како што сме го украле Халовин, сигурно и овој сме го украле од некаде.
Помеѓу Св. Трифун и Св. Валентин, ја бирам опцијата „Ми ги отековте јајцата со муабети за Трифун и Валентин“. Помеѓу начукување по кафани и паѓање на колена на српски турбофолк (абе златен празник, традиција, голем светец, шта да ти причам) и лигавење со мечиња и срциња, бирам да си легнам на 13-ти и да се разбудам на 15-ти, за да бидам поштеден од сето ова. Можам само да кажам дека начинот на кој ги прославувате и двата нема благе везе со јадниве светци на чие име се повикувате - ни оќоравувањето од пиење со Трифун, ни плишаните мечиња со Валентин. Ајде, уште малце да издржам, па ваљда ќе бидам раат до догодина.
Јас нит пијам, за да славам Св. Трифун, нит сум нешто посебно романтична за Св. Валентин ама ете, со мал поклон и кино на Deadpool би ги обележала и двата дена, како обичен дејт ахаха
Викенд ли се пaѓa? Акo е викенд и винo и љубoв, се ќе слaвaм. Уште еден aкo имa и негo ќе гo слaвaм, не е прoблем. Вo рaбoтен ден не ми се слушa ни зa прaзници ни зa слaвење, a кoнкретнo oвие двa aкo не читaм вaкa пo нет, ги зaбoрaвaм и декa пoстoјaт.