Не ми е јасно од каде искочи Валентај во православниот свет. А уште понејасно и посмешно ми е кога ќе видам дека и муслиманиве почнале да слават. Православниот свет си има свој празник на љубовта, 30 Септември - Вера, Надеж, Љубов. Лесно прифаќаме туѓа кампања.
Со оглед на тоа дека сум сингл,винцето не ми бега А и Валентајн не е наш празник (си се тешам) хахаха
Овие што тераат бизнис ги разбирам профитираат, но многу ме интересира дома како ги учат своите деца да го слават или не? И дали на истите би им текнало да прават реклама за 30ти Септември?
Виното си потсеќа на љубов. Нашиот празник си е св.Трифун но не ми е воопшто страшно ако некој сака да го прослави св.Валентин како ден на љубов. Секогаш треба да се слави љубовта но ако самиот американски маркетинг и актуелноста на св.Валентин поттикнуваат многумина тој ден да го споделат со саканите притоа подарувајќи си нешто,не гледам лошо во тоа.И така имаме наш убав празник на тој ден,па нека биде збогатен со повеќе љубов.
Ниту едниот ниту другиот, и двата се темелат врз заблуда. Воедно во анкетата треба да се додаде опција: Ниту еден.
Јас сум RedWine, па никот и фотографијата кажуваат доволно,нели? Да наздравуваме во име на љубовта секој ден!
Оваа година ни двете. Св. Валентин нема да го славам оваа година бидејки не сум во Мк. Живи и здрави наредната година
Не го славам Валентајн, не сум католик. За Св. Трифун би се напила една чашка вино, но оваа година сепак ќе го прескокнам тоа.
Кога не го славите Валентин, како би реагирале ако ви прати дечкото 101 ружа и некоја честитка со розите се црвени а темјанушки сини?
Имам католици во семејство па ај го славевме, ама не разбирам како православни христијани Св. Валентајн слават а не си го знаат сопствениот празник а слават туѓ.. Немам ништо против но барем декларирајтесе како католици а не како православни. Добро е ова барем за љубов се работи Кога ќе дојдат оние сатанскине празници халоуин и незнам кои ми се повраќа..
Момакот ич не го сака Валентин. Што мене многу ми одговара зашто сум шворц. Ако се договориме да се видиме, мислам дека шише вино и црвена танга ќе завршат работа Шала на страна. Наш празник си е Св.Трифун. А денот на вљубените го превземаа како мода. Има 365 дена во годината да се слави љубовта. А не само на еден ден лигавење по фб )))))
Свети Трифун затоа што тој е православен празник, религијата на која јас припагам. Да се прославува одреден ден кој ќе биде ден на вљубените, ден на љубовта е ок, ама да се слави католички празник а да себе се сметаш за православен христијанин воопшто не ми е ок. Како што не дал господ да туѓото секогаш повеќе го цениме од своето, така и со овој празник му закачивме епитет празник на пијаниците и лугево почнаа да го слават католичкиот Валентин наместо нашиот Трифун Воопшто нема врска дека Трифун е празник на пијаниците ама ај оди разубеди ги младите. Се плашам дека еден ден ќе нема кој да ја прдолжи традицијата и да ги празнува нашите празници, затоа што под влијание на интернетов се повеќе почнавме да ги напуштаме нашите традиции и традиционални вредности и така лесно да прифаќаме нешто што е туѓо.